KASPERSKY ПРОДАЖНА МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | КАРИЕРА  
 

X

Kaspersky Internet Security го освои првото место во независниот 6-месечен тест

Kaspersky Internet Security беше оценет како најдобро безбедносно решение по извршениот тест за издржливост од септември 2013 до февруари 2015 година, од страна на експерти на независната лабораторија AV-Test.

Производите на Kaspersky Lab постигнаа врвни резултати за откривање на малициозен софтвер, а во исто време одржува ниско ниво на оптоварување на системот од било кој друг тестиран производ.

Тестот на издржливост на AV-TEST е продолжена студија во која различни интернет безбедносни комплети се тестирани во текот на три дво-месечни периоди на три различни оперативни системи- Windows XP, Windows 7 и Windows 8.1. Овој метод на тестирање помага да се најде најдобро решение со анализирање на неговата ефективност на долгорочна основа, за разлика од традиционалните тестови кои само можат да ги демонстрираат способностите на заштитата дадена во еден момент од времето.

Експертите оценуваат 24 безбедносни комплети од различни набавувачи во три категории. Првата категорија, Заштита, ја тестира комбинираната способност да детектира сет на референци од малициозен софтвер и да идентификува нови парчиња од претходно непознат малициозен софтвер. Втората категорија, Системско оптоварување, го демонстрира влијанието на безбедносниот комплет на системските перформанси и ги мери одложувањата во инсталацијата или во извршувањето на програмите, реагирањето на веб-сајтовите и превземањата на податоци. Последната категорија, Употребливост, ја оценува правилната идентификација на легитимните програми и веб-сајтови.

Kaspersky Internet Security компетот ги имаше најдобрите резултати во текот на 6-месечниот период од тестирање и постигна 17.8 од максималните можни 18 поени. Тој доби 6.0 од 6.0 поени за категориите Употребливост и Заштита, детектирајќи 100% од 60,000 познати малициозни софтвери и идентификувајќи ги сите од околу 400 примероци од нула-ден малициозен софтвер, тестирано во реалниот свет спроведено од посети на неодамна заразени веб-сајтови и отварање на сомнителни додатоци во имејлови. Покрај тоа, Kaspersky Internet Security исто така доби 5.8 од можни 6 поени во Системското оптоварување, победувајќи го неговиот најблизок ривал за 0.3 поени.

„Корисниците на современите безбедносни решенија не сакаат да бидат вознемирувани ниту од вируси, ниту од антивирусите. Способност на решението да избегне прекумерна потрошувачка на системските ресурси и да избегне лажни позитиви, е исто толку важно колку и примарната функција на детектирање и неутрализирање на малициозен софтвер. Импресивните резултати на Kaspersky Internet Security во овие тестирања го одразуваат оптималното ниво на удобност во кое нашите клиенти уживаат во прилог на несомнена сигурност за нивните системи“, коментира Олег Ишанов, директор на истражувањето на Анти-малициозните системи, Kaspersky Lab.

X

Информации за производот со еден допир на вашите прсти

Nexans ја пушти новата апликација за своите производи

Оваа апликацијави овозможува данајдетеинформации за производотшто го сакате додека сте во движење.

Како да го најдете бараниот производ на вашиот паметен телефон?

Разгледајте го каталогот и кликнете на производот.
- Ако имате баркод, можете да го скениратесо вашиот мобилен и да ги добиете податоците за производот веднаш.
- Или користетепребарувач да пребарувате по име на производ, референтен бројили кој било другтекст.

Информации за производот со еден допир на вашите прсти

Кликнете до информацијата за производот што го барате.
Деталите кои се на располагање вклучуваат:

- Спецификација на производот со сите карактеристики,
- Табеларни податоци кои можат да се симнат на вашиот паметен телефон
- Референтен број (код)
- Сертификати или други дополнителни информации (ако е применливо)
Новите производи се додаваат во апликацијата постојано – проверете за нови ажурирања.

Апликацијата бесплатно може да се симне овде:

X

Nexans втора година по ред ја доби наградата „Structured Cabling Vendor Of The Year“

Nexans e препознатлив по неговато иновативно портфолио решенија за кабли, клучните регионални распоредувања, стручност и одлични услуги на клиентите и поддршка.

Nexans со задоволство објавува дека е добитник на наградата „Structured Cabling Vendor of the Year“, награда на годишнешното доделување на Network World Middle East Awards 2015 одржано во Дубаи. Nexans е избран по втор пат по ред од страна на комисија од судии за најново иновативно LAN решение за кабли и посветеноста на неговиот тим во обезбедувањето на највисоко ниво на експертиза, совршеност, услуги на клиентите и поддршка.

Nexans ја победи силната конкуренција со добивање на оваа награда. На The 2015 Network World ME наградите, одржани во хотелот Jumeirah Emirates Towers, присуствувале повеќе од 350 гости, познати иновативни мрежни проекти и признати корисници за нивниот придонес во бизнисот, и продавачи за нивниот лидер производ.

X

Nexans воведува издржлив, флексбилен CAT 6A Ethernet кабел за апликации за индустриска автоматизација.

Новиот кабел на Nexans комбинира 10GB/s капацитет со флексибилност и издржливост за верига од апликации. Во Париз на 25-ти ноември, Nexans го претстави новиот кабел во 6А категоријата, дизајниран за апликации за авмонатизација. Новиот кабел е способен да издржи 10 GB/s, и нуди исклучителна издржливост и флексибилност која е од суштинско значење за поддршка на верига од апликации.

Nexans воведува издржлив, флексибилен CAT 6A Ethernet кабел за апликации за индустриска автоматизација. Кабелот, дел од Motionline® range, ќе ја исполни потребата за зголемување на обемот во индустриските инсталации. Кабелот CAT 6A може да се извитка до радиус 10 пати од неговиот дијаметар додека издржува најмалку три милиони циклуси и е нов репер за CAT 6A Industrial Ethernet.

Овој кабел носи сигнали со фрекфенции до 500 MHz додека го намалува преслушувањето и шумот на системите. Надворешната PUR обвивка е без халоген, заштитувајќи ги луѓето и опремата во случај на пожар. Исто така, отпорна е на триење и масло.

Кабелот Industrial Ethernet може да се користи за Industry 4.0, машина-до-машина меѓусебна комуникација и интернет за Things апликации. Способен е да издржи спонтани повторувачки движења и мали превиткувања на радиусот можат да го направат кабелот погоден за апликации кои бараат голем обем на пренос на податоци во синџир на апликации.

Кабелот е тестиран во специјализираниот центар на „Nexans Motion Application Centre“ во Нирнберг, Германија. Тој ги исполнува сите релевантни меѓународни стандарди.

X

Kaspersky Internet Security е најдобриот антивирус за Windows!

Кога станува збор за заштитата на компјутерите, онлајн и офлајн приватноста и нашите податоци не треба да има дилема – ќе го избереме најдобриот производ кој може да нè заштити!

Сепак, доколку тој производ треба да го платиме, главно се потпираме на бесплатните алтернативи, кои многу често се далеку полоши. Се чини дека луѓето немаат навика да плаќаат за антивирусни програми.

Компанијата Kaspersky Lab ја освои првата награда на тестот за ефикасност на софтверот за антивирус во конкуренција на 21 софтвер и потврди дека Kaspersky Internet Security е еден од најдобрите производи кои може да ве заштитат онлајн и офлајн додека сте дома, но и на работа.

Ве штити и офлајн затоа што вирусите се шират и без користење на Интернетот, на пример, со пренесување на USB стикови, цедеа, телефони или мобилни уреди со вградена меморија.

Во серијата тестови на организацијата AV-Comparatives за 2015 година учествувале 21 производ од областа заштита дизајнирани за оперативниот систем Windows, кои истовремено биле поединечно проценувани и тестирани за ефикасноста. Била тестирана нивната способност да штитат од заканите на Интернет во реалниот свет, требало да откријат илјадници штетни програми и да обезбедат заштита без да ја загрозат функцијата на компјутерите.

Дополнителните тестови провериле колку добро производите ги отстрануваат штетните програми oд заразените компјутери и на кој начин ги блокираат новите и непознати закани.

Во изборот учествуваа следниве антивирусни програми:

Годишниот извештај на организацијата AV-Comparatives ги истакнува производите кои на тестовите од претходната година имале висок резултат и се избира вкупен победник врз основа на севкупниот резултат. Одреден број дополнителни награди се доделуваат на основа на резултатите на поединечните тестови. Бидејќи учествувал и постигнал резултати на осум главни Advanced+ тестови, Kaspersky Internet Security е прогласен за производ на годината и примил пофалби за дизајнот и пристапноста на интерфејсот, како и одличната обемна документација и придружните карактеристики.

Покрај наградата за производ на годината, Kaspersky Internet Security, исто така, доби и златен медал во категориите Заштита во реалниот свет (Real-World Protection) и Тест за отстранување штетни програми (Malware Removal tests), како и прва награда во категоријата Откривање документи (File Detection test). Производот освои и сребрен медал на тестот Проактивна заштита и ја дели бронзата во категоријата Перформанси (Performance).

avc_sum_201512_en.pdf