ROBOTINA

Robotina

Robotina е словенечка компанија, која од 1990 година е фокусиранa на иновации во автоматиката и управувањето. Хардверот на компанијата, облак-софтверот и други решенија базирани на IoT овозможуваат извонредност на компанијата во:

  • контрола во индустријата, станбените објекти, енергетиката и инфраструктурата;
  • софтвер базиран на облак и SaaS платформата (Software as Service) за IoT уреди поврзани во реално време / реалниот свет;
  • когнитивни технологии, машинско учење и вештачка интелигенција.
Сите производи вклучуваат сопствена технологија. Во комбинација со експертизата и способноста брзо и економично да се воведат нови решенија, претставува солидна база за секое решение за контрола и поставува нови стандарди за денешнината и иднината.

Роботина има сопствен R&Dпроизводствен погон за сите свои производи, кој овозможува испорака на решенија со врвен квалитет по многу конкурентни цени.

“Визијата на Роботина е да биде водечки провајдер на паметно поврзани решенија, компоненти и платформи, кои ќе придонесат во креирање на новиот модел на поврзано општество преку технологија и експертиза.”

Продукти и решенија:

  • HIQ smart home

    HiQ дом е паметен систем за домашна автоматизација. Главните предности на домашната автоматизација се управувањето на домот, безбедноста, удобноста и можноста за пристап до новите услуги кои ги овозможува најновата технологија. Со HiQ домот, уредите на системот се контролираат и управуваат. Со користење на машинско учење и вештачка интелигенција, најчесто се управуваат осветлувањето, греењето или ладењето, ролетните, пристапот до домот, алармите. HiQ системот управува и со електричните апарати во домот, со што обезбедува комплетна енергетска ефикасност. Кабтел овозможува целосна имплементација на HIQ домот според Вашите желби и замисли за вашиот паметен дом, на принципот клуч на рака, долгорочни решенија со гаранција и можност за дополнителни надградувања и одржување.

  • Parking guidance и People counting за трговски центри,
  • Building mаnagеment system за деловни објекти и трговски центри,
  • Индустриска автоматика
  • Автоматика за фотоволтаични централи
За повеќе информации контактирајте нѐ на: bms@kabtel.com.mk
ПОЧЕТНА | ПАРТНЕРИ | WE MAKE IT WORK | KASPERSKY МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | ЕДУКАЦИЈА | КОНТАКТ
Copyright © KABTEL Co., Ltd. 2001-2018. Сите права се задржани.