Anywhere компании
Cybersecurity Solutions

Anywhere организација

Прв од серијалот од пет дела како да им се овозможи на луѓето да работат безбедно од секоја локација, на секој уред, со обезбеден пристап до сите компаниски ресурси.

Кризата со глобалното здравје го смени полето на безбедноста. Одеднаш, во речиси исто време, вработените од огромен број организации почнаа да работат од дома. А истото се случи и со ИТ тимовите кои обезбедуваат поддршка за нив. Јасно е дека повеќето од организациите нема да се вратат на истиот начин на работа од канцеларија како претходно. И додека корисниците се повеќе дисперзирани од порано, истото важи и за ресурсите кои ги користат: на серверите во канцеларија, во апликации во облак како што е Office 365 или Salesforce; и во приватни или јавни средини во облак како што е Amazon Web Services (AWS) или Microsoft Azure.

ИТ тимовите добиваат задачи да го заштитат она што го нарекуваме Anywhere организација, каде што луѓето работат безбедно од секоја локација, користејќи го секој уред и пристапуваат до ресурсите без разлика каде се наоѓаат.

Три чекори за заштита на организацијата Anywhere

Не би ја заклучиле предната врата од домот со шест брави, а задната да ја оставите отклучена и да сметате дека сте безбедни. Истото важи за сајбер безбедноста. Мора да ги заштитите сите локации, уреди и ресурси.

Anywhere компании -kabtel-sophos

Безбедно конектирање

Било да се конектираат вработените од канцеларија, од дома, од кај некој клиент или да користат безжичен интернет во хотел кој се наоѓа на другата страна од светот, таа конекција треба да е безбедна. VPN е потврден и безбеден пристап кој на корисниците со години наназад им овозможува да се повржуваат безжично. Тој беше спасител на почетокот на пандемијата и на организациите им овозможи, за само неколку дена, да се прилагодат на работењето од дома.

Меѓутоа, многу организации сега забележуваат дека имаат потреба од многу повеќе од тоа што го нуди VPN. Zero Trust Network Access (ZTNA) е одлична алтернатива за безжичниот пристап до VPN. Тој им овозможува на корисниците полесно да пристапат до корпоративните ресурси од која било локација, додека истовремено ја зголемуваат безбедноста со постојана проверка на идентитетот на  корисникот и на здравјето и компатибилноста на уредите.

Заштитете ги сите уреди

За денешната Anywhere организација, заштитата мора да функционира на секој уред или платформа која имаат потреба да ја користат вработените на декстоп компјутер, лаптоп, мобилни уреди, Windows, macOS, Linux, Android, Chrome booк и iOS.

Најопасните сајбер закани вклучуваат напади од луѓе, честопати злоупотребувајќи ги законски алатки и процеси како што е PowerShell. Хакирањето во реално време им овозможува на напаѓачите да ги заобиколат производите и протоколите за безбедност со модифицирање на нивните тактики, техники и процедури.

За стопирање на тие напади кои ги вршат луѓе, потребни се луѓе кои ќе ги ловат. Треба да се имплементира EDR (Endpoint Detection and Response) решение кое ги содржи потребните алатки за ловење на заканите, преку истата конзола која се користи за менаџирање на крајното решение за заштита или да се доведат експерти преку сервис за менаџирана детекција и одговор.

Обезбедете ги сите ресурси

Кога станува збор за озбезбедување на организацијата Anywhere, од суштинско значење е да се заштитат податоците и работните задачи кои мора да ги користат луѓето, додека симултано ги обазбедуваат мрежите кои ги користат.

Можеби имате сервери на работа, користите апликации во облак или хостирате ресурси во приватни или јавни средини во облак како што се AWS, Azure или GCP. Најверојатно го правите сето наведено. Каква и да е вашата ситуација, ви треба:

Next-gen заштита за серверите во облак, во работната средина или за  хибридна работна средина

моќна влезна заштита со Firewall кој ги обезбедува и облак базираните (cloud) и физичките работните средини (on premises).

Време е да правиме лимонада

Една стара поговорка вели: „Кога животот ќе ти даде лимони, направете лимонада“. Тоа е отприлика она што го прават корпорациите кога го прифаќаат трендот на организацијата Anywhere. Тоа е доказ дека работењето на далечина е ситуација во која имаат корист и компаниите и вработените во однос на поголема продуктивност и намалени оперативни трошоци.

Sophos може да ви помогне со сите три столбови на безбедната работа на далечина: безбедна конекција, заштитени уреди и безбедни ресурси.

Освен тоа, можеме да го олесниме и животот за ИТ тимовите. Целосната заштита на Sophos може да се менаџира преку платформата Sophos Central. Всушност, корисниците кои користат безбедносен систем на Sophos забележуваат 50% помалку работа за ИТ тимовите.

Решенијата на Sophos се достапни во КАБТЕЛ, Gold Partner на Sophos.