kabtel-engenius-multigig-switch
Cyber security news&blog Solutions WiFi ИТ Решенија Кибер безбедност

Мулти гига свичеви за мрежите на иднината

Се повеќе консументи избираат побрз интернет за домашните мрежи со мулти гига свичеви за мрежите на иднината

Дел од растечкиот тренд во домашните мрежи, мулти гига свичевите се подготвени да ја надополнат домашната мрежа за во иднината.

Растечки тренд кај домашните мрежи се приклучоци со брзина поголема од 1 Gbps, кои ќе имаат доволна брзина за мрежите од иднината. Таквите приклучоци повеќе не се само за малите и средните бизниси или големите претпријатија. Се повеќе приватни корисници уживаат во поголема брзина, поширок опсег на широкопојасниот интернет и поголемата стабилност на приклучоците за целиот дом. Многу провајдери на интернет услуги (ISP) сега нудат над 1Gbps брзина (дури и брзина од 2Gbps како Google Fiber) со цел да имаат поефикасна домашна мрежа. Паралелно со надградбата на рутерите и модемите за ISP за да бидат компатибилни со оваа брзина, консументите купуваат сопствени приклучоци со поголема брзина за да ја надградат нивната мрежна инфраструктура и хардверот за повеќе уреди во домашната мрежа.

Многу нови домови имаат Ethernet приклучоци во речиси секоја соба, додека сопствениците на постари домови ги опремуваат своите домови за постабилна конекција. Тие сопственици сe уште користат безжичен интернет, но нивните мрежи ќе имаат подобри перформанси со мрежни жичени приклучоци.

Освен тоа, напредоците во мрежната технологија, кои малку заостануваа последните две децении, доживеаја поттик како последица на пандемијата и прилагодувањето на луѓето на новата ситуација. Се повеќе луѓе работат од дома и повеќе ученици учат онлајн. Системите за забава и медиумските системи растат и имаат потреба од поголема брзина и простор за генерирање на сè повеќе кориснички податоци.

Паметниот дом од иднината ќе има мноштво конектирани уреди и IoT гаџети, што значи дека ќе биде потребна мрежа која ќе нуди доволна брзина и стабилнбост за сè. Приклучоците со брзина над 1 Gbps се клучна компонента за брза и стабилна паметна домашна мрежа.

Паметните домови може да бидат уште попаметни

Домашните мрежи, како што се зголемува квалитетот и квантитетот на уредите, ќе продолжат да растат и да стануваат посложени. Паметниот дом ја претвори секоја соба во еден вид на екстензија на мрежата опремена со стабилна конекција за разни операции. Домот ќе биде опремен со кабли CAT5e или CAT6, но нема да има потреба од засилување на каблите за поголема брзина.

Домашна канцеларија

Додека 30% од вработените и пред пандемијата работеа од дома, речиси половина (48%) од вработените сега работат од дома и ќе продолжат да работат така и во иднина. Бизнисите сфаќаат дека така имаат помали трошоци, а вработените се помалку под стрес и не губат време на патување. Некои експерти предвидуваат дека 73% од сите бизниси до 2028 година ќе имаат вработени кои работат од дома. Тоа значи дека домашната канцеларија ќе мора да функционира исто толку ефикасно како стандардната канцеларија. Компјутерите, печатачите и останатата канцелариска опрема ќе имаат потреба од брз и стабилен интернет, особено за да одржуваат телеконференции и да симнуваат големи количини податоци.

Домашна училница

Иако ученците на возраст од 6 до 12 години беа принудени да учат онлајн, во поголем дел можеби повторно се вратија во училница. Сепак, се случува голема промена на начинот на кој се добива диплома од факултет. Платформите како Coursera и Future Learn нудат мноштво онлајн курсеви, па дури и целосни додипломски и дипломски студии за многу институции како Универзитетот Принстон, Универзитетот Илиноис и Технолошкиот универзитет на Џорџија. Тој тренд ќе продолжи да расте додека се повеќе институции за високо образование ќе го прифаќаат овој нов извор на приходи. Стабилниот интернет е најбитен и за учењето онлајн.

Домашно кино

Wall Street Journal на почетокот на 2020 година напиша дека бројот на претплати за онлајн стриминг сервиси достигнал 1,1 милијарди на глобално ниво, што е раст од 26% во споредба со 2019 година, додека приходите на киносалите паднаа за 30 милијарди долари. Пандемијата одигра голема улога во тоа, но иновациите во поглед на домашното кино во иднина ќе ги заменат киносалите, особено со појавата на микро ЛЕД и 8K технологија, кои стануваат сè поевтини со тек на времето. Ентузијастите сакаат да го репродуцираат искуството од големите киносали во сопствените домови на големи телевизори, гејминг конзоли (PS5, Xbox, онлајн игри), сараунд звуци, AV ресивери и мрежно поврзано уреди (NAS) за складирање и пристап до податоци. Со такви уреди домашното кино може да предизвика кочење на интернетот. За гејминг и стриминг пак, најдобар е жичениот интернет.

Системи за обезбедување на домот

Една од најбитните компоненти на домашната мрежа која има потреба од жичен интернет се системите за безбедност на домовите. За безбедносните камери и мрежните видео рекордери да работат со 4K видео потребна е голема брзина на интернет, а снимањето 24/7 уште повеќе го забавува интернетот. Ethernet е подобар од безжичниот интернет за ваквиот тип на операции, поради поголемата брзина и помалата латенција.

Паметен дом

Достапноста на материјали од продавници како Home Depot, Lowes и Best Buy го олеснува поставувањето на паметни елементи во домот. Конектираните брави, паметното осветлување и мониторингот на далечина се реалност денес. Пристапните точки или mesh dots можат порамномерно да го дистрибуираат безжичниот интернет низ една повеќекатница. Еднакво битна е технологијата за телемедицина за постарите или болните лица. Таквата технологија овозможува податоците од разните сензори и видеопреносот да стигне до медицинските лица. Брзиот и стабилен интернет е особено битен кога има потреба за брза реакција.

Мулти гига свичеви за мрежите на иднината
Мулти гига свичеви за мрежите на иднината
Приклучоците за повеќе гигабитен и брз интернет се суштински за домашната мрежа

Најбитната цел за да се постават повеќе гигабитни приклучоци е опремување на домашните мрежи за иднината. Секоја година се зголемува количината податоци кои се пренесуваат преку интернет, а тоа е голем товар за мрежната инфраструктура. Домот во кој има инсталирано Ethernet не само го олеснува животот. Тој и  ја зголемува вредноста на домот и може да привлече купувачи.

Жичениот LAN дава поголема брзина. Брзината на интернетот зависи од квалитетот на ISP. Симнувањето онлајн содржини, трансферот и пристапот до податоци преку домашната мрежа која има приклучок над 2,5G е многу побрзо отколку со бежичен интернет или 1G. Приклучокот од 2,5G може да ја дуплира брзината на симнување податоци. Освен тоа, генерацијата Wi-Fi 6E и ќе обезбеди безжични брзини од над 1G, па мултигигабитните приклучоци ќе станат стандард.

Со жичената конеција нема да има прекини, затоа што мрежата нема да биде закочена од неочекуван и непотребен сообраќај. За пречките во Wi-Fi причина се ѕидовите, предметите и другите електрични уреди, па дури и безжичната мрежа на соседите. Освен тоа, рутерите и модемите на ISР може да имаат ограничен број на порти, па додавањето на приклучок со 8 порти дава повеќе опции при поголема брзина.

Понатаму, потешко се хакира жичената отколку безжичната конекција. Бидејќи се повеќе консументи купуваат NAS уреди наместо да зависат од опции за складирање во облак, кои чинат многу, дополнителната безбедност е особено привлечна за нив. Без разлика како ќе ги набават консументите, мултигигабитните приклучоци се иднината, бидејќи се покажаа многу поспособни за справување со потребите за брзина и стабилност на најновата мрежна технологија.

Решенијата на EnGenius, се достапни во КАБТЕЛ.