Cybersecurity News & Events Recommendations Success Stories

Kaspersky – повторно на прво место според Canalys

Kaspersky втора година по ред е на прво место на Canalys на листата за задоволство од каналот

Втора година по ред Kaspersky е на прво место во партнерската програма Canalys Worldwide Vendor Benchmark по квалитетот. Компанијата доби највисока оценка од 87,8%. Според оценките, Kaspersky уште еднаш ги надмина останатите производители на опрема за сајбер безбедност и повторно е на број еден по задоволството на канал парнерите.

Canalys – глобална реномирана независна аналитичка компанија

Сanalys Worldwide Vendor Benchmark гарантира доверба во каналот при избирање на производители од повеќе сектори, меѓу кои и сајбер безбедноста. Рангирањето е објективна компарација на партнерски програми, мерење на перформансите на производители во повеќе клучни категории. Kaspersky доби над 679 оценки за својата програма, што пораст од 588% во изминатите 12 месеци.

Canalys откри дека Kaspersky ги подобрил вкупните перформанси во изминатите 12 месеци и достигнал раст од 12% на годишната оценка. Во 2020 Canalys Worldwide Vendor Benchmark рангирањето Kaspersky има најдобра оценка за достапноста на производите и снабдувањето (91.9%). Способноста на компанијата да ја задржи својата понуда и во време на карантин и на ограничувањата поради КОВИД-19 стана многу битна годинава. Kaspersky, исто така, има висока оценка за ефективното менаџирање на сметките (90,1%) и леснотијата за водење бизнис (89,4%).

Најголемото подобрување е забележано кај способноста на Kaspersky да менаџира со конфликтите во каналот  (+15,1%). Во текот на изминатата година доби повисоки оценки и за маркетинг активности и генерирањето на leadѕ (+14,5%), како и за ефективноста на пристапот до менаџирање со партнерски сметки (+13.8%).

„Признанието за број еден канал според задоволството од каналот втора година по ред е одраз на инвестицијата која ја правиме во Kaspersky United партнерската програма во изминатите две години. Ние знаеме дека нашите партнери имаат потреба од поддршка за да имаат профитабилни и нови извори на приходи. Затоа нашата програма се развива со нив со цел да им ги обезбеди сите потребни алатки за да го овозможи тоа. Сanalys Worldwide Vendor Benchmark им влева уште поголема доверба на нашите партнери во програматѕа и е олицетворение на високиот квалитет на нашите услуги во Kaspersky United,” коментира Александер Моисеев, главен бизнис директор во Kaspersky.

Програмата Kaspersky United е основана на почетокот на 2019 година како дел од мисијата на компанијата да допре до нови партнери и да ги поддржи постоечките со одлични бенефити. Kaspersky United им помага на партнерите да ги монетизираат своите специфичности и да добијат уште повеќе награди од работата со Кaspersky, како и да стекнат поголема експертиза, едукација и прилики за маркетинг.

Kaspersky исто така има топ позиција во програмите за регионално препознавање на канали на Canalys. Компанијата беше прогласена за шампион по прв пат во матриксот 2020 Canalys APAC Channel Leadership Matrix, со највисок рејтинг од сите други производители (вкупниот рејтинг беше 86,2%).

Истиот статус шампион го доби на EMEA втора година по ред (вкупен рејтинг 86,3%). Kaspersky се најде на врвот и на Canalys EMEA Vendor Benchmark 2020,каде што компанијата доби максимална оценка за достапност и снабдување (91%), како и за ефективност на менаџирањето со сметки (89%).

Во LATAM, Kaspersky беше прогласен за шампион според матриксот Channel Leadership Matrix, а беше и број еден на Canalys LATAM Vendor Benchmark, 2020. Максималните оценки беа добиени за достапноста и снабдувањето со производи (90,3%) и акредитација и програми за специјализација (89,8%).

Ако сакате да го видите извештајот Canalys Worldwide Vendor Benchmark, следете го овој линк.

За Kaspersky

Kaspersky е глобална компанија за сајбер безбедност основана во 1997 година. Експертизата на Kaspersky за откривање на длабински закани и безбедност постојано се трансформира во иновативни решенија за безбедност и услуги за заштита на бизниси, критични инфраструктури, влади и корисници од целиот свет. Сеопфатното портфолио на компанијата со производи за безбедност вклучува водечки решенија за заштита на крајните корисници и бројни специјализирани решенија за безбедност за борба со софистицираните дигитални закани, кои постојано се развиваат. Над 400 милиони корисници се заштитени со технологии на Kaspersky и им помагаме на 250.000 корпоративни клиенти за го заштитат она што им е најбитно. Грижата за корпоративните клиенти е пропорционална со грижата за канал парнерите.

Kaspersky решенијата за кибер безбедност на вашиот бизнис, побарајте ги во КАБТЕЛ, долгогодишен Платинум Партнер на Kaspersky за Македонија. Сертифицираните ИТ инженери за безбедност ќе овозможат максимално оптизмизирана безбедност, за прогресивен раст на вашиот бизнис.