Инженер за Телекомуникациски решенија
(VoIP Engineer)
КАБТЕЛ Мисија: Дизајн, имплементација и одржување на целосни информациско-комуникациски системи базирани на најновите ИКТ-технологии за поддршка, раст и успех на нашите клиенти и партнери од сите сектори и индустрии. Нашиот тим е нашето највредно богатство и главната причина за нашиот успех. Успесите на компанијата се потпираат не само на нашите технологии, методологии и инфраструктура, туку и на придонесот и посветеноста на вработените.
Сите знаеме дека луѓето ја прават разликата!
КАБТЕЛ ДООЕЛ како долгогодишен партнер на Alcatel-Lucent има потреба од Инженер за Телекомуникациски решенија, кој ќе му се придружи на нашиот тим во Одделот за Професионални Сервиси.
Главни одговорности и задолженија :
- Дизајн и имплементација на Телекомуникациски системи од продуктното портфолио на компанијата;
- Исполнување на работните активности во зададениот рок делегирани од страна на претпоставениот (самостојно или тимски), согласно со политиките на системот за управување со квалитет;
- Овозможување далечинска и локална техничка поддршка на постоечки и нови клиенти;
- Изработка на техничка документација за реализирани проекти;
- Изработка на извештаи за реализирани задачи;
- Периодично сертифицирање за продуктите од продуктното портфолио на компанијата;
- Посета на семинари, обуки, презентации и работилници со цел континуирана надградба во дадената област;
Дали сте Вие идеалниот кандидат и поседувате …
Средно образование-техничка струка, предност високо образование (инженер/ИКТ технологии);
- Искуство во работа со телефонски системи (TDM и IP);
- Способност за администрирање на телекомуникациски системи во реално корисничко опкружување;
- Спремност и желба за континуирана надоградба во областа на најнови телекомуникациски технологии;
- Способност за независно работење, ефикасно решавање на проблеми во зададени временски рокови;
- Познавање на говорен и пишан англиски јазик;
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
- Возачка дозвола –Б категорија;
Ние нудиме…
- Месечна нето плата, во рамка од 45.000-60.000, денари, согласно поседувани компетенции;
- Бонусен систем на награди;
- Пријатна работна компаниска култура;
- Програми и обуки за развој на кариера;
- Програма за благосостојба (како што се: спортски и настани/спортски активности);
- Договор на неопределено работно време со неколку месеци пробен период;
Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија на следнава e-mail адреса: vrabotuvanje@kabtel.com.mk, краен рок за аплицирање 30.12.2022 година