КАБТЕЛ од 2004 година е сертифициран NEXANS регионален тренинг-центар во Македонија, кој редовно одржува специјалистички обуки за проектанти и инсталатери на компјутерски мрежи и телефонија и мрежи со оптички влакна.
Специјалистичката обука опфаќа детални теоретски и практични предавања и вежби со цел учесниците целосно да се запознаат со сите важни сегменти на денешните локални мрежи, креирани со бакарни и оптички кабли, како и проектирање на структурен кабелски систем согласно со важечките стандарди. Со обуката се опфаќаат и компонентите на Nexans кои се наменети за креирање и на бакарни и на оптички мрежи.
Секој учесник по успешно положениот финален тест се стекнува со меѓународен сертификат на англиски јазик издаден од NEXANS. Обуките се одржуваат во просториите на КАБТЕЛ. Наставата е на македонски јазик, водена од меѓународен тренер во согласност со стандардите ISO/IEC 11801 за структурно каблирање.
Учесници на специјалистичката обука може да бидат сите заинтересирани без разлика на стручната подготовка (ВСС, ССС, ВШС).
Последната обука се одржи изминатиот месец. Пријавете се за следната тука.