emotet-malver-anitivirus-kabtel-mcafee-malware-ransomware
Cyber security News & Events Solutions Бекап ИТ Решенија Кибер безбедност

Emotet краде кредитни картички од Chrome

Злонамерниот софтвер Emotet сега краде кредитни картички од корисници на Google Chrome

Ботнетот Emotet сега се обидува да инфицира потенцијални жртви со модул за крадење кредитни картички, дизајниран да ги собира информациите од кредитните картички складирани на корисничките профили на Google Chrome.

Откако ќе ги украде информациите од кредитните картички (име, рок на важност, број итн.) злонамерниот софтвер ги испраќа до C2 (command-and-control) серверите, поинакви од тие што ги користи модулот за кражби на Emotet.

“На 6 јуни Proofpoint забележа нов Emotet модул кој го искористи E4 ботнет,” велат од тимот за анализа на закани на Proofpoint.

“На наше изненадување тоа беше крадец на кредитни картички кој го таргетира само пребарувачот Chrome. Кога ги собра деталите тие потоа беа изнесени до различни C2 сервери на лоадерот на модулот.”

Ова однесување следува после зголемената активност во текот на април и префрлањето на 64-битни модули, како што покажа истражувачката група за безбедност на Cryptolaemus.

Една недела подоцна, Emotet почна да користи Windows документи со кратенки за да извршува команди на PowerShell за инфицирање уредите на жртвите, со што престана да користи commands макро на Microsoft Office, кои почнувајќи од април годинава се оневозможени.

Злонамерниот софтвер Emotet беше развиен и користен во напади како банкарскиот Тројанец уште во 2014 година. Тој беше вклучен во ботнет кој групата TA542 (позната и како Mummy Spider) го користеше за изнудување пари.

Исто така, им овозможува на операторите да крадат кориснички податоци, да вршат разузнавање во пробиени мрежи и странично да се движат до заразените уреди.

Emotet е познат по заразување на компромитираните компјутери на жртвите со Тројанци како Qbot и Trickbot, кои се користат за инсталирање дополнителен злонамерен софтвер, како што е Cobalt Strike и злонамерен софтвер како Ryuk и Conti.

На почетокот на 2021 година инфраструктурата на Emotet беше срушена во интернационална акција,во која исто така беа уапсени и двајца луѓе. Германските власти ја искористија инфраструктурата на Emotnet ротив ботнетот, испорачувајќи модул кој го деинсталираше злонамерниот софтвер од инфицираните уреди на 25 април во 2021 година.

Ботнетот се врати во ноември 2021 година со користење на постојната инфраструктура на TrickBot кога истражувачката група Cryptolaemus на Emotet, компјутерската фирма GData и компанијата за сајбер безбедност Advanced Intel, кои го детектираа злонамерниот софтвер на TrickBot кој се обидувал да инфилтрира Emotet лоадер.

Како што открија од ESET, Emotet забележал масивен пораст на активноста од почетокот на годината досега, а од третиот квартал во 2021 година активноста е зголемена стократно.

Ова е една од причините зошто некои компаниија оневозможуваат функционалноста за чување на податоците од кредитните картички на пребарувачот заради безбедност, знаејќи дека злонамерниот софтвер на локалните уреди секогаш може да најде начин да пристапи до нив, особено доколку не се имплементираат најсовремени мулти левел безбедносни решенија.

КАБТЕЛ, во своето портфлио ги обезбеди најтестираните и најнаградувани решенија за ИТ безбедност, со највисоки партнерски статуси и награди на полето на ИТ безбедноста.

 

Превземено од https://www.bleepingcomputer.com