КАБТЕЛ со награда на конференцијата RISK, уште една награда на полето на ИТ безбедностa, на една од најголемите конференции за безбедност во регионот RISK 2022 во Словенија
Водењето бизнис во модерното време има свои предизвици, бара секојдневни жртви и континуирано прилагодување кон постојано растечките безбедносни закани. КАБТЕЛ проектира, имплементира интегрирани, слоевити custom – made безбедносни решенија на етаблирани брендови во сферата на сајбер безбедност, за раст и непрекинат континуитет на своите клиенти.
На конференцијата Risk 2022, на КАБТЕЛ Дооел и беше доделенa наградаta REAL STAR – Best Partner Award на Real Security.
Конференцијата Risk, позиционирана како главен настан за учество на безбедносната заедница во Југоисточна Европа, и годинава се одржа во Словенија од 01-02 јуни.
На конференцијата се опфатени ИТ теми, како што се Security Service Edge, Endpoint, Network & extended detection and response, DDoS Protection, Data Protection, Аttack Surface Management, Fraud Prevention, Privilege Management, User Behavior, Application Security, Analytics & Incident response, Security Operations, заштита на критичната инфраструктура итн.
На регионалната конференцијата за сајбер безбедност, која своите зачетоци ги има уште од 2007 година, учествуваат во главно компании од Adriatic регионот (Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија. RISK 2022 содржеше преку 50 сесии , повеќе од 600 присутни соработници од речиси сите вертикали, како што се владин сектор, финансии, банкарство, осигурување, како и луѓе од SMB бизнисите во регионот на Јадранот, кои имаат корист од размената на знаење и искуство со локални и меѓународни ИТ експерти, односно врвни специјалисти од различни области поврзани со интернет безбедноста во светот…
Real Security е компанија која нуди врвни технолошки решенија и како генерален увозник и дистрибутер во регионот на Јадранот, нуди висококвалитетни, сигурни и тестирани решенија од најпрепознатливите светски компании на полето на ИТ безбедноста, концентрирана на пазарниот сегмент на интегрирани безбедносни решенија за бизнисите, со сопствени и аутсорсинг експерти, кои обезбедуваат квалитетни консултации, дизајн, изградба и одржување на сложени компјутерски мрежи и софистицирани софтверски решенија.