Ви го претставуваме Sophos Cloud Native Security!
Корисниците кои ја транзитираат својата работа од сервери во физички канцеларии на сервери во облак или средини без сервери, имаат потреба од средини кои се безбедни, тешки за компромитирање и средени кои брзо закрепнуваат. За да се постигне тоа, имаат потреба од едноставна, интегрирана платформа за безбедност која ја обединува безбедноста во облак и обезбедува целосна видливост. Со моделот за заедничка безбедност (AWS, Azure), корисниците се одговорни за обезбедување на нивните процеси, апликации и податоци. Sophos им помага на корисниците да го постигнат тоа, така што нуди унифицирана платформа за безбедност во облак, базирана на четири клучни столбови:
- Безбеден пристап – заштита на личните податоци и безбеден пристап до услуги
- Заштита на работата – детекција, пребарување и обезбедување на хибридна работа во облак
- Безбедна мрежа – обезбедување на мрежите во облак и автоматизиран одговор на закани
- Интеграција со DevOps – корисниците можат да ја интегрираат безбедноста во развојните процеси
Sophos Cloud Native Security ги задоволува сите потреби за заштита на работните процеси, нуди сеопфатна заштита во секакви средини, работни процеси и идентитети. На корисниците им дава сеопфатен, централизиран поглед на сѐ, приоритизирана детекција и побрз одговор на инциденти.
Sophos Cloud Native Security е единствен SKU кој вклучува Sophos Intercept X Advanced за сервер и XDR и Sophos Cloud Optix Advanced и заедно обезбедуваат:
-
Видливост, управување, менаџирање и унифицираност во секакви средини, вклучувајќи ги Amazon Web Services, Microsoft Azure и Google Cloud Platform, како и традиционален мониторинг вo физички канцеларии.
-
Заштита и детекција за инфраструктурата и податоците денес, а како што се развива во иднина со флексибилни хостинзи и безбедност за работни процеси во Windows и Linux. Зголемена агилност и соработка во рамките на организациите, со предупредувања за безбедност во облак, интегрирани со популарни IEM, соработка, работни текови и DevOps алатки.
-
Тим за безбедност на корисници може да менаџира со Cloud Native Security или може да се менаџира со Sophos Managed Threat Response услугата за побрзо следење на отпорноста на сајбер криминалците и подобра заштита од инцидентите со безбедноста кои се случуваат денес.
Cloud Native Security и новото решение Cloud Native Firewall, кои наскоро ќе може да се види како ќе изгледаат, се интегрирани во платформата Sophos XDR. Cloud Native Firewall ќе поддржува IPS, WAF правила, микро-сегментирање и Admission Control и ќе може да се примени на Kubernetes, AWS EKЅ и Azure AKS. Дознајте повеќе на www.sophos.com/Cloud.
Решенијата на Sophos се достапени во КАБТЕЛ, Платинум Партнер на Sophos за Македонија.