Бекап

Во 2021 неопходност од доверлив бекап!

Зошто 2021 година треба да биде година на имплементација современ бекап?

– JG Heithcock, генерален директор на Retrospect, StorCentric компанија.

Оваа година, организациите беа зафатени со одговор на брзата промена кон далечинска работа и сајбер ризиците од злонамерни актери кои ја користат пандемијата како катализатор за да продолжат да ги извршуваат своите злосторства. Низ приватниот и јавниот сектор, имаше напади на фишинг, дистрибуција на малициозен софтвер, лажни имиња на домени и други напади врз телекомуникациската инфраструктура, бидејќи тимовите брзо се адаптираа за далечинско работење.

Овие стратегии за напади, се огромен ризик за бизнисите од сите големини, насекаде. Навистина, податоците од Verizon покажуваат дека 80% од безбедносните инциденти се предизвикани од напади на фишинг и дека е-поштата е најкористениот начин за спроведување. Не само што деловните субјекти треба да ги оптимизираат своите решенија за далечинско работење, туку тие исто така треба да обезбедат дека нивните вработени се свесни за заканите што им се појавуваат секој ден во нивните сандачиња. Ова ќе остане клучно размислување за секоја организација што ја практикува опцијата за работа дома и оваа година.

Истражување од Global Workplace Analytics

Се проценува дека до крајот на 2021 година, 25-30% од работната сила ќе работи дома повеќе денови неделно. Корпорациите ширум светот најавија краткорочни и долгорочни промени во работните практики, за да ги заштитат своите тимови, а многу бизниси веќе трајно ги имплементираа далечинското и хибридното работење.

Сајбер-криминалците бргу ја согледаа можноста да ги насочат нападите кон дистрибуираната работна сила. Организациите од сите големини и од различни индустрии се потпираат на е-пошта, за да го одржат деловниот континуитет, особено во светот кој веќе беше во насока на поголемо прифаќање на флексибилни можности за далечинско работење. За жал, нападите по е-пошта се зголемија и веројатно ќе продолжат да се зголемуваат, што ги прави главни таргети за кибер-криминал, особено ако во насловот се споменува Covid – 19 и содржат извори, истражувања, вакцини…

Зошто оддалечните вработени претставуваат значителен предизвик за наследените системи за бекап?

Нивните крајни точки имаат потреба од заштита на податоците, но со сеприсутни облачни услуги како Office 365 и Dropbox, тие вработени не треба да се најавуваат на VPN на нивниот лаптоп за да завршат работа. Но, без VPN, наследните системи за бекап не можат да направат резервна копија од овие работни површини и лаптопи па затоа претставуваат сериозна слаба страна на стратегиите за заштита на податоците, што треба да работат со денешните даватели на услуги во облак и да ги задоволат потребите на вработените, кои сега се потпираат на нивните производи.

Како резултат, ефективната резервна копија останува клучна одбрана од активностите на сајбер-криминалците. Додека многу организации ги разбираат ризиците и ќе го зголемат својот фокус на заштита на податоците во 2021 година, други сепак треба да ги преземат минималните чекори потребни за да ги поразат нападите што неизбежно ќе доаѓаат во текот на целата година. Пристапот „назад кон основите“ нуди ефективна точка на скок за деловните субјекти да ја зголемат нивната заштита од ризик, со резервна копија како основа.

Додека пандемијата и годинава ни е секојдневие и во 2021 година, важно е да се повторат едноставните чекори за да се избегнат или минимизираат нападите врз бизниси: Идентификувајте ги сомнителните испраќачи, внимавајте пред да кликнете на линкови или да отворите прилози и внесете резервна стратегија, според правилото 3-2-1. Тоа вклучува да има најмалку три копии на податоци на повеќе локации: оригинал, првата резервна копија зачувана на самото место и втората резервна копија сместена надвор.

Во моменталното опкружување, каде што нападите за откуп на софтвер се вообичаени, ако сите организациски бекапи се наоѓаат на еден диск што е поврзан со главен компјутер, тие резервни копии можат да бидат криптираат истовремено со изворните податоци, што ги прави бескорисни. Со три копии на податоци – на компјутер, на локално складиште и во надворешно складирање – брзото закрепнување од закани како што е ransomware станува многу попрактично.

При спроведување на стратегија 3-2-1, постојат различни опции за инфраструктура на располагање:
  • Диск и облак: Комбинирање на локални дискови и локации за складирање во облак е вообичаен пристап, особено кај малите бизниси. Достапната резервна копија на локален диск е со многу брзо време на закрепнување, бидејќи локалната мрежа овозможува многу поголем пропусен опсег. Далечинска резервна копија на локација за складирање во облак, дополнително ги изолира деловните податоци од катастрофа, малициозен софтвер и други проблеми што се појавуваат.
  • NAS и Облак: Мрежно приклучените сториџи се прифатлива локација за складирање за резервни копии. Тие обезбедуваат голем посветен простор за складирање и голем опсег за организациски податоци. Со пренесување на тие резервни копии во облак како офлајн процес се избегнува пристап до оригиналниот извор повеќе пати.
  • Диск и лента: Сеуште се најчестиот медиум за складирање, и покрај својата долга историја, лентата продолжува да напредува во брзината и капацитетот за складирање. Со локален диск, корисниците можат брзо да направат резервна копија од нивната околина и да имаат резервни копии за брзо враќање. Користењето библиотека со ленти за складирање надвор од страницата овозможува зачувување на резервните копии на безбедна локација (слично на безбедносна кутија).

Иако и оваа година ни носи нови и познати ризици, лесно се достапни алатки за бакап на податоци. Организациите насекаде се соочија со огромни предизвици оваа година, но со надеж дека постпандемичното закрепнување за 2021 година сега расте, императив е напредокот да не биде попречен од растот на сериозни нарушувања на сајбер безбедноста.

За да го обезбедите вашиот бизнис, побарајте соодветно решение за бакап и репликација на вашите критични податоци. Nakivo е едно од препорачаните решенија, кое нуди брз и доверлив бекап, соодветни решенија за мали, средни и големи компании, по цена достапна за сите бизниси.

Julija Damjanovska

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

8 часа ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

1 недела ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

2 недели ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 месец ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 месец ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

1 месец ago