Една нова студија на Kaspersky покажа директна корелација помеѓу тоа колку време родителите и нивните деца поминуваат на уреди. Со оглед на тоа што 82% од возрасните и 70% од децата трошат најмалку три часа на гаџети секој ден, податоците покажуваат дека децата веројатно го копираат времето кое нивните родители го поминуваат користејќи уреди.
Децата секогаш го набљудуваат и копираат она што го прават нивните родители – тоа е случај и кога станува збор за нивните дигитални навики. Ако децата гледаат дека нивните родители постојано ги користат своите уреди, тие ќе го сметаат таквото однесување за норма, па и тие и ќе поминуваат многу време на интернет. Иако понекогаш може да биде тешко да се биде пример, родителите треба да бидат свесни за своите постапки во однос на однесувањето на своите деца и да се обидат да им бидат пример кога станува збор за правилата околу времето поминато на екранот.
Резултатите од студијата ја покажуваат корелацијата помеѓу времето поминато пред екранот на родителите и децата. Мнозинството деца и возрасни , односно 48%, ги користат своите уреди во исто време во текот на денот – 3-5 часа. Дополнително, мнозинството родители (62%) се убедени дека и тие и децата (58%) поминуваат доволно време на интернет.
Дополнително на ова, резултатите покажуваат дека децата активно го прилагодуваат начинот на кој ги користат уредите, врз основа на употребата на нивните родители. На пример, кога 80% од родителите поминуваат помалку од 2 часа на ден на уреди, нивните деца поминуваат исто време. Во меѓувреме, ако возрасните ги користат своите гаџети повеќе од 2 часа дневно, децата имаат исто толку шанси да го сторат истото, а само 19% од случаите покажуваат дека децата кои се изложени на овој пример се занимаваат со гаџети помалку од 2 часа на ден.
Во исто време, според резултатите од извештаите, децата чии родители редовно користат уреди, поминуваат повеќе време зад екранот на различни дигитални навики. На пример, децата чии родители најчесто користат гаџети поминуваат дополнителни 39 минути онлајн за време на оброците. Во меѓувреме, испраќањето пораки додека се водат разговори им додава на децата просечно 41 минута време на екранот, а споделувањето семејни фотографии на социјалните мрежи додава дополнителни 31 минута дневно – време кое навистина значајно гледано кумулативно.
„Како што гледаме од податоците – колку повеќе часови родителите поминуваат на своите гаџети, толку повеќе часови децата трошат на нивните. Родителите сакаат да обезбедат подобра рамнотежа (читај смалување) на времето поминато на екранот за нивните деца. Нивниот главен предизвик е како да го постигнат тоа. Денес има достапни алатки кои можат да им помогнат на родителите да ја подобрат дигиталната благосостојба на нивните деца и да се погрижат нивното време пред екранот да биде безбедно и избалансирано. Поставувањето на личен пример е така одлична опција“, коментира Vice President, Consumer Product Marketing во Kaspersky.
„Децата имаат многу повеќе корист од опипливата интеракција со реалниот свет, отколку од конзумирањето дигитални информации. Децата помлади од дванаесет, на пример, имаат уште долг пат да поминат пред нивниот капацитет за апстракција да се спореди со оној на возрасен. Тие прво треба да научат да го чувствуваат, слушаат, гледаат, мирисаат и вкусат светот.
Во пракса, исто така, употребата на дигиталните медиуми од страна на родителите и семејствата е секогаш тема на која многу се говори. Многу родители се убедени дека е доволно јасно да се ограничи времето поминато на медиумите на нивните деца и да се контролира видот на содржината до која тие имаат пристап. Но, наместо да се грижат за ефективни казни, родителите прво треба да ја намалат сопствената медиумска потрошувачка“, коментираат терапевтите Birgitt Hölzel и Stefan Ruzas Liebling + Schat од советувалиштето Liebling + Schatz, Минхен.
Целосниот извештај е достапен на овој линк.
Ако сакате да им помогнете на вашите деца и да се осигурате дека ги користат уредите на безбеден начин, можете:
· Да поминувате повеќе време во комуникација со децата за мерките за безбедност на интернет. Обидете се да внимавате на сопствените навики – дали го користите вашиот паметен телефон кога јадете или разговарате? Погледнете дали и вашите деца ќе го направат истото или дали реагираат на поинаков начин кога вие ќе го оставите телефонот.
· Размислете да преземете апликации за родителска контрола и да разговарате за оваа тема со вашето дете, за да објасните како функционираат таквите апликации и зошто му се потребни за да останат безбедни на интернет, но и во реалниот свет.
· Замолете го вашето дете самостојно да не се согласува со какви било поставки за приватност и да побара помош од родителите. Возрасните треба да имаат навика да ги читаат и сите договори за приватност.
Во септември 2021 година, Kaspersky, заедно со Sapio спроведоа онлајн анкета со 11.000 испитаници за да ја истражи улогата на здравите дигитални навики во семејството, како и ефектот на родителските навики врз децата и обратно. Во истражувањето беа вклучени возрасни кои живеат со своите деца на возраст од 7-12 години, со полно работно време. Примерокот опфатил 1.000 испитаници од ОК, Франција и Германија; и 500 во секое од следниве: САД, Турција, Египет, Бразил, Колумбија, Русија, Јужна Африка, Малезија, Сингапур, ОАЕ, Саудиска Арабија, Нигерија, Перу, Чиле, Аргентина и Мексико.
Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…
Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…
Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…