Големата промена кон далечинското работење и зголемената дигитализација на бизнисите во 2020 заради Covid 19, донесоа нови предизвици. Менаџерите беа принудени да разгледаат како да ги задржат вработените продуктивни. Вработените пак ја подобрија рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот.
ИТ-експертите мораа да се справат со различни задачи – брзо и во голем обем – од операции за преместување во дигиталното царство, до поставување далечински пристап и сигурни мрежи. Но, и компјутерските криминалци исто така се прилагодија на промените и се фокусираа како да продолжат со нападите.
И во новата 2021 година, за жал, сè уште важат препораките за работа од дома, кои ги почитуваат голем дел од компаниите. Истражувачите на Kaspersky издвоија неколку клучни препораки за далечинско работење во текот на изминатата година. Ги споделуваме, со цел да им помогнеме на организациите да ги подобрат безбедносни мерки и да се заштитат.
Што научивме од далечинското работење во 2020 година?!
Dmitry Galov, истражувач за безбедност во #Kaspersky, ги разгледа предизвиците со кои се соочуваат организациите при далечинско работење. Но, и ќе сподели клучни работи што може да ги примениме во 2021 година. Бидејќи сегашниот модел на работа од дома останува примарен избор за многу компании и организации.
На овој вебинар ќе научите:
• Каде лежат најголемите закани во далечинското работење – од Remote Desktop Protocol (RDP) до апликации за конференции?
• Дали политиката на донесете ваш сопствен уред може да влијае на безбедноста?
• Позитивните ефекти од далечинското работење врз вработените!
• Начини како да ја подобрите безбедноста на вашата организација за далечински работници!