Kој е најбрзиот Wi-Fi 6 рутер?
Тестирани се четири Wi-Fi 6 рутери на компаниите Extreme Networks, Cisco, EnGenius и Meraki за да открие дали овие пристапни точки ги исполнуваат ветувања на последните стандарди за безжичен Интернет и побрзо процесирање на податоци, по што ги оценивме истите.
Една од најпосакуваните карактеристики на рутерите за безжичен Интернет од шестата генерација е подобрената брзина на процесирање податоци во однос на претходниците од генерацијата 5 и сакавме да проверивме дали навистина овие рутери го исполнуваат тоа ветување.
Четири компании кои се присутни на пазарот за опрема за безжични мрежи – Extreme Networks, Cisco, EnGenius и Meraki (во сопственост на Cisco) – обезбедија пристапни точки за овој тест. Бидејќи тестираните пристапни точки ги поддржуваат и Wi-Fi 5 (802.11ac) и Wi-Fi 6 (802.11ax) стандардите, ги тестиравме со два различни клиенти кои поддржуваат Wi-Fi 5, како и со два различни клиенти кои го поддржуваат Wi-Fi 6 стандардот, при што ја бележевме просечната како и максималната количина на пренесени податоци во тестови со времетраење од една минута.
Од резултатите може да се види очигледно подобрување на перформансите при користење на Wi-Fi 6, но и генерацијата Wi-Fi 5 не смее да се занемари затоа што голем дел од клиентите кои функционираат на Wi-Fi 5 ќе се користат уште долго време и после надградбата на пристапни точки кои функционираат на Wi-Fi 6 стандардот.
Кога ќе погледнеме добиените резултати, со споредба на набљудуваните карактеристики на секоја од пристапните точки – Extreme Networks (Aerohive) AP-650, Cisco Catalyst C9115, EnGenius EWS377 и Meraki MR55 се добива целоснaта слика.
Резултати од тестовите
Ги пресметавме резултатите од тестовите и ги сместивме во табелата подолу.
Резултати од тестовите: