Facebook Wi-Fi им помага на малите и средните бизниси да привлечат и да ги задржат корисниците со обезбедување на глатко Wi-Fi искуство како гости. EnGenius Networks Europe B.V., мултинационална компанија за мрежно поврзување, во Македонија застапена преку официјалниот партнер Кабтел, позната по своите физички решенија и решенија во облак, објави дека склучила партнерство со Facebook да го интегрира Facebook Wi-Fi, како и со Instagram, во своето EnGenius Cloud решение. Корисниците во кафулиња, ресторани, трговски центри итн., сега можат лесно да се поврзат на гостинскиот Wi-Fi на бизнисот преку нивниот профил на Facebook или Instagram за да воспостават контакт со бизнисот на социјалните медиуми.
EnGenius го лансираше Facebook Wi-Fi на своето лиценцирано мрежно решение EnGenius Cloud. Заедно со интуитивната апликација EnGenius Cloud To-Go можете да ги инсталирате пристапните точки и да го активирате Facebook Wi-Fi за неколку минути. Освен тоа што ќе им помага на луѓето лесно да се поврзат на Wi-Fi, Facebook Wi-Fi им помага на сопствениците на бизниси да ја подигнат свеста за брендот со зголемување на видливоста на компаниските профили на Facebook и Instagram
„Со задоволство склучивме партнерство со Facebook за да го обезбедиме Facebook Wi-Fi како дел од нашето решение EnGenius Cloud. Facebook Wi-Fi ги обезбедува кафулињата, рестораните, малопродажните дуќани, сопствениците на продавници со лесно пристапен Wi-Fi портал за нивните посетители“..- изјави Antony Lai, VP на EnGenius Cloud.
Facebook Wi-Fi им олеснува на бизнисите да понудат Wi-Fi како една од поволностите. Бизнисите имаат опција да ја изберат должината на конекцијата и да ги интегрираат нивните профили на Facebook и Instagram за комуникација со корисниците.
Бидејќи е полесно за корисниците да воспостават онлајн контакт со бизнисите, дали со логирање на Facebook или со следење на нивниот профил на Instagram, Facebook Wi-Fi на бизнисите им дава шанса да го зголемат своето органско социјално присуство и комуникација со корисниците и нивните пријатели.
Facebook Wi-Fi на сопствениците на бизниси им дава инсајдерски информации во бројот на логирања преку Facebook Wi-Fi од страна на нови, ендократни или постојани посетители.
За да дознаете како да поставите Facebook Wi-Fi на EnGenius Cloud решението, посетете ја веб-страницата на EnGenius Cloud: https://www.engenius.ai/cloud/facebook-wi-fi/ или контактирајте не на: sales@kabtel.mk
Симнете ја нелиценцираната верзија на апликацијата EnGenius Cloud To-Go и испробајте го Facebook Wi-Fi сега: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.engenius.ezmcloud&hl=en_US & https://apps.apple.com/us/app/engenius-cloud/id1212696440
Нашата мисија е да понудиме врвни податочни решенија, кои се комбинација од висока продуктивност и едноставност. Ние веруваме дека конективноста доаѓа со ветување за стабилност, богатството на опции и персонализираната услуга, како и исплатливоста. За повеќе информации тука или на 02/3103-230.
🎉 ПРОМОТИВНА ПОНУДА НА LANDE КАБИНЕТИ И ДОДАТОЦИВо рамки на ограничената залиха на КАБТЕЛ, ви нудиме промотивна…
Имплементација на SCADA во постоечки капацитети Имплементацијата на SCADA систем во постоечки капацитети бара структуриран…
SCADA (Supervisory Control and Data Acquisition) е клучна технологија за автоматизација, надзор и контрола на…
95% од сајбер нападите почнуваат преку вработените – Дали вашиот тим е подготвен? Во дигиталниот…
Sophos MDR: Нови акции за безбедност на Microsoft 365 Новите моќни можности им овозможуваат на…
EnGenius лансираше платформа за надзор базирана на облак која ги комбинира можностите за вештачка интелигенција…