Г. Митрески: Од денешна временска дистанца, би кажал, „младост-лудост“. Но, се разбира не беше така. Во еден момент од мојата кариера се најдов пред еден голем предизвик, а тоа беше дали како и најголемиот дел од моите колеги од факултет да ја прифатам понудата од Алкател и да ја продолжам кариерата надвор од државата во рамки на Алкател програмата за млади инженери наречена “Go-USA”, конкретно во Пало Алто (САД), во Коломб – предградие на Париз каде што добив исклучително атрактивна понуда, или пак да се обидам да направам сопствена компанија и да ги пренесам искуствата, знаењата и релациите со кои што се стекнав работејќи во една таква голема и современа корпорација. Се разбира, иницијалниот план беше дека ако за година, најмногу две не тргне бизнисот, ќе тропнам на вратата на Алкател и ќе им кажам дека сепак сум се предомислил. Но, се задвижија некако работите и ете сме денес после 20 години, со нешто повеќе од педесетина работени во полн замав подготвени за нови предизвици, успеси и јубилеи.
Г. Митрески: Почетоците не беа воопшто едноставни. Тоа беше октомври 2001 година, конфликтот во Македонија само што беше завршил. Вработив една девојка по препорака од заедничка пријателка за да ја „чува“ канцеларијата додека јас бркам работа надвор во големиот океан со многу големи риби, некои од нив и вистински ајкули. И така почнавме, во еден дуќан од десетина квадрати позади Универзална сала. Таа девојка тогаш, денес веќе мајка, е со мене и ден денес, и е еден од столбовите на компанијата.
Секако, како што поминуваше времето и растеше бизнисот, така се наметнуваше потреба од нови вработени. А, изборот на нови вработени не беше воопшто едноставен процес, а особено заради фактот што на самиот почеток не можев да си дозволам да ги вработам најдобрите на пазарот, но затоа пак се трудев да ги изберам вистинските луѓе за позициите што ги предвидував. Добар дел од нив се денес едни од најквалитетните на пазарот во Македонија и регионот, па можам слободно да кажам со високо реноме и ценети во светски рамки. Ќе се изненадите, како и јас самиот, на скромната интерна прослава на 20-годишнината, колкав дел од вработените се во компанијата подолго од десет, а дел од нив дури и над петнаесет години и како вработени, а некои и дел од менаџментот на компанијата.
Што се однесува до предизвиците, верувајте ми дека во текот на овие 20 години работење, предизвиците беа многубројни.И тоа од секаков тип. Сѐ уште добро паметам како на крај од една година, кога сите, баш сите, а тогаш бевме петнаесетина вработени, се радуваа на успешна година и делевме бонуси и награди, беа среќни и весели, а јас во еден вид грч, загрижен, со мислите веќе во наредните 365 дена, размислувајќи за тоа како и што понатаму. Дали одговара и каква организациона структура да се постави, на кого и колку да се потпрам, какви процеси и процедури да се дефинираат, во кој правец да се развива компанијата со постоечкиот кадар, дали, кои и какви нови продукти и решенија да се воведат, итн, итн, итн, … Има исклучително многу нешта да се кажат и тоа секако е еден неизоставен дел од растењето на компанијата и стекнатото искуство во овие 20 години, кое воопшто не е за занемарување. Знаете, покрај титулата Дипл. Инж по електроника и телекомуникации од ЕТФ, денешен ФЕИТ, во меѓувреме се стекнав со диплома од област на Executive Management завршувајќи Executive MBA на Cotrugli Business School и мора да признам дека најдобрите и најинтересните предавања ми биле од предавачи кои претходно имале добро практично искуство на менаџерски позиции во бизнис секторот и кои успеале тоа искуство да го пренесат на други. Сега ми е апсолутно јасно зошто е тоа така и често пати на помладите генерации, а особено оние на кои КАБТЕЛ им е прва работа од време на време им го цитирам Бора Чорба со неговите стихови „Теоретски љубав лепо звучи, малчице је друкчије у пракси, много тога још увек се учи …“. Така е и во бизнисот.
А за најголемиот предизвик, тоа се секако два. Првиот е кога во еден момент КАБТЕЛ од петнаесетина вработени нагло порасна на дури седумдесет. Ми требаше цели 5 години да сфатам како се раководи со „толку голема“ компанија. Со ова искуство сега можам слободно да кажам дека разлика помеѓу 50, 100, 200, итн. скоро и да нема, нијанси се во прашање, но помеѓу 10-15 и 50 секако има и тоа голема. Принципот на работење, организација, контрола, овластувања и одговорности се тие што ја чинат таа разлика, која воопшто не е занемарлива. Вториот е моментот кога се донесе стратешка одлука за трансформација на компанијата во еден модерен систем интегратор, поточно т.н. Solution Provider со главни активности во сегменти како комуникациски системи, сајбер-безбедност, автоматика и системи за техничка безбедност, секако не занемарувајќи го делот со услугите и поддршката на телеком операторите што традиционално како компанија го правевме во изминатиов период. Тој процес исто така траеше цели 5 години и сега веќе можам да кажам дека после десетина години подеми и падови КАБТЕЛ почнува да функционира како компанија која со изградените компетенции, дефинираните процеси, стекнатото искуство и техничкиот потенцијал, со сигурност може да се носи со најмоќните компании од соседството и пошироко со економии далеку поголеми и помоќни од нашата.
Г. Митрески: Признанијата се бројни и да бидам искрен, сите ми се драги. Почнувајќи од наградите и признанијата добиени на светско ниво, па до благодарниците за тоа што на некого сме помогнале или некоја активност на одреден начин сме ја подржале. Секоја од нив има свој временски печат и своја вредност. Немате големи и мали дела, имате добри и лоши. На пример, за вас лично некое мало добро дело, за некого може да е од огромна животна важност. Како и да е, она со што најмногу се гордеам се семејството, пријателите и вработените. Да ве почитуваат и да го ценат тоа што го правите и за нив и за општеството во целина, зарем е потребно поголемо достигнување?
Г. Митрески: Она што од првиот ден мене лично како основач на КАБТЕЛ ми беше битно, се нештата кои се опфатени во мисијата, визијата и вредностите на компанијата и истите и до ден денес не се променети ниту во еден дел. Не само што после цели 20 години сѐ уште се актуелни, туку остануваат како главни постулати и нешто како ѕвезда водилка во натамошниот развој. Она што е интересно и вреди да се потенцира е дека, иако во еден период од развојот на КАБТЕЛ, се чинеше дека компанијата отстапува и има некаква друга, поинаква визија од иницијалната, баш таа трансформација која траеше еден релативно долг период, ги потврди мисијата и вредностите на компанијата, а визијата стана повеќе од јасна, не само за менаџментот на компанијата, туку и за сите вработени и наши партнери со кои соработуваме. Накратко кажано, она што нѝ е најбитно, е не само да пренесеме, туку и да потврдиме на сите кои работат и соработуваат со нас, дека КАБТЕЛ е сериозна и одговорна компанија и дека во целост можат да се потпрат на нас со сиот наш потенцијал. Уште повеќе поради фактот што немаме ниту еден проект кој не е завршен и имплементиран во целост, согласно барањата на инвеститорот.
Г. Митрески: Во неколку прилики сум им кажал на вработените: „„Не сум јас КАБТЕЛ. Вие вработените сте КАБТЕЛ, јас сум само сопственикот.“ Сопствеништвото се менува со само неколку потписи, сѐ друго останува потполно исто. Истата компанија со сите воспоставени процеси, формални и неформални релации, сертификати, коминтенти, партнери, … Но, замислете па ако од друга страна во еден момент вработените си заминат, јас ќе останам сопственик на компанија со назив КАБТЕЛ само на хартија. И ништо повеќе од тоа.
Во една компанија, секој си има своја улога и во основа сите се важни, некој повеќе, некој помалку. Една од врвните врлини што еден менаџер треба да ги поседува е знаење да состави добар, победнички тим. Она што јас сум се трудел сиве овие години е да составам тим од поединци со различни персонални карактеристики и знаења, лица во кои што ќе имам исклучителна доверба. Експерти во своите области кои индивидуално се далеку подобри од мене во рамките на своите компетенции за тоа што го работат и менаџираат во компанијата од кои и јас и вработените имаме што да научиме. Добар тим може чуда да направи и успехот на една компанија зависи во голема мера од него.
Г. Митрески: Знаете, довербата е взаемна и макотрпна работа. Тешко се гради, а преку ноќ може да се изгуби. Потребна е огромна енергија и посветеност во тој долгорочен процес. Многу е важно на вашите партнери и клиенти да им дадете до знаење дека знаете што правите, а уште повеќе дека тоа што го правите, го правите на долги стази. Едноставно мора да им дадете до знаење дека сте посветени на брендот, партнерскиот статус и дека односот ви е искрен, крајно професионален и коректен. Што би се рекло, заедно сте и кога победувате, ама и кога губите. Добрите компании знаат да го почувствуваат тоа и верувајте уште повеќе да го ценат. Во една таква поставеност на релациите, успехот е неизбежен и прашање е на момент кога позитивните резултати ќе станат секојдневие.
Она што ние како компанија се трудиме е таа релација да биде крунисана со партнерски статуси од највисок степен, кои воопшто не се лесни за постигнување, а бидете убедени дека исклучително е тешко и условено истите да се задржат. Тука секако зборуваме за продажни квоти, број на сертифициран персонал, итн … Принципот на партнерство во КАБТЕЛ е заснован на правилото: „За секој продукт и решение што ги нудиме на пазарот, мора да имаме обучен и сертифициран кадар на највисоко можно ниво“. Тој принцип и после 20 години е сѐ уште актуелен и се почитува, во интерес на растот на нашите клиенти.
Г. Митрески: Секој вистински бизнисмен ќе ви каже дека сака и почитува добра конкуренција. Се разбира, сѐ додека е таа здрава и во рамки на нормалното економско делување. За жал, веќе подолг период сме сведоци да круцијални и стратешки проекти за државата кои се доделуваат на компании со странски капитал, иако во најголем број на случаеви македонска или евентуално конзорциум македонски компании се апсолутно способни да ги реализираат проектите, ќе се дрзнам да тврдам, и поквалитетно и поевтино. Но, тоа е предмет на една друга дискусија. Во секој случај, се обидуваме да го следиме пазарот на работна сила со овозможување на компетитивни услови за работа и пријатна работна околина, пропратена со бројни обуки за надградба и усовршување и напредување на вработените, како на професионален, така и на личен план.
Г. Митрески: Сајбер-безбедноста, дигитализацијата, автоматизацијата, енергетската ефикасност и IoT на ниво на системи и технолошки решенија како дел од еден поширок концепт наречен „Индустрија 4.0“ повеќе од сигурно е дека ќе бидат трендови и топ теми во годините што следат. Особено нивната меѓусебна интеграција во еден поширок високо-технолошки еко-систем.
Г. Митрески: Извештајот на ОН за одржлив развој за 2021 година ја истакна улогата на ИКТ технологија како клучен двигател на економското закрепнување, овозможувајќи им на бизнисите и општеството да продолжат да функционираат дури и за време на локдаунот изминативе години.
Интегрираните решенија кои ги креираме, согласно потребите на бизнисите од различни големини и сектори, овозможуваат подобрување на квалитетот, континуитетот, зајакнување на безбедноста и доверливоста, автоматизираност на процесите, паметни решенија за нивните инфраструктури и операции, при намалено користење на драгоцените природни ресурси и импакт врз животната средина, оптимизирани трошоци, поддржувајќи ја ефикасноста, конкурентноста, вредноста и растот на истите.
Г. Митрески: Добар дел од македонските компании можат со сигурност да се носат со предизвиците на 21-виот век и да бидат повеќе од конкурентни на светските пазари. Тоа и го докажуваат секојдневно. По приемот во НАТО сега пред нас стои уште потежок пат, прием во полноправно членство во ЕУ. Искрено, би бил многу среќен ако еден ден наместо Северна, во ЕУ и светот почнат да нѐ препознаваат како „Дигитална“ Македонија.
Г. Митрески: Тоа се дигитализацијата на компанијата, нешто што ние интерно го нарекуваме КАБТЕЛ 3.0 и секако најпосле почеток на изградба на сопствен деловен објект кој што ќе биде т.н. мултифункционална паметна зграда, применувајќи ги најсовремените ИКТ и технолошки достигнувања во сегментот на Smart Building и енергетска ефикасност. Секако, и излезот на странски пазари.
Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…
Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…
Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…