Кабтел-Македонски-Квалитет-2025-Сојуз-на-стопански-компри-претседател-на-Македонија.png
КАБТЕЛ – добитник на наградата „Македонски квалитет“ за врвен квалитет, иновативен пристап и континуиран развој
Компанијата КАБТЕЛ е добитник на престижната национална награда „Македонски квалитет“, која се доделува за врвен квалитет, иновативен пристап и континуиран развој во областа на информатичко-комуникациските технологии, на иницијатива на Сојозот на Стопански Комори на Македонија.
Наградата е свечено врачена на Горан Митрески, Главен извршен директор на КАБТЕЛ, на настан под поковителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова што претставува дополнителна потврда за значењето и општествената вредност на ова признание.
Во речиси две и пол децениското искуство, КАБТЕЛ континуирано инвестира во развој и имплементација на напредни технолошки решенија, вклучувајќи мрежна инфраструктура, сајбер безбедност, автоматизација на процеси, cloud технологии и интегрирани ИКТ системи.
Признанието „Македонски квалитет“ ја потврдува визијата на КАБТЕЛ за создавање паметни, ефикасни и одржливи решенија, прилагодени на потребите на компаниите и институциите во процесот на дигитална трансформација.
„Оваа награда претставува силна мотивација за нашиот тим да продолжи со развој на ИКТ решенија кои носат реална вредност за клиентите и придонесуваат за унапредување на технолошката конкурентност на домашниот пазар,“ изјави директорот на КАБТЕЛ, г-динот Митрески.
Со ова признание, КАБТЕЛ дополнително ја зацврстува својата позиција како доверлив технолошки партнер, активен двигател на дигитализацијата и иновациите во македонската ИКТ-индустрија и економија во целост.
КАБТЕЛ дел од проектот „Патека до самостојност“ на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ КАБТЕЛ, како компанија која…
Што е GDPR? Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR) е законодавство на ЕУ донесенa…
Ransomware продолжува да ги осакатува организациите ширум светот, исцрпувајќи ги буџетите и запирајќи ги операциите.…
Пожарот во ноќниот клуб „Ле Констелејшн“ во Кранс-Монтана, Швајцарија со 40 загинати, за жал, беше…
Проценките на MITRE ATT&CK® се меѓу најригорозните независни безбедносни тестови во светот. Тие ги емулираат…
Претставување на Sophos Intelix за Microsoft 365 Copilot Внесување на интелигенцијата за закани од Sophos…