„Анализата на 227.000 огласи за работа од 2020 до 2022 година покажа дека програмерите, напаѓачите и дизајнерите се најбараните професии во заедницата на сајбер криминалот“. Понудената заработка се движи од 200 долари за изнуда на откуп од компромитирана организација, до дури 20.000 долари понудени на програмер.
Задачите од кои од нив се бараат вклучуваат создавање малициозен софтвер и страници за фишинг за кражба на идентитет, загрозување на корпоративната инфраструктура, како и хакирање на веб и мобилни апликации.
Експертите на Kaspersky ги прегледаа огласите за работа и резимеата на преку 150 форуми на darknet во последните две години, анализирајќи ги оние што содржат информации за долгорочни или редовни работни места. Четириесет и еден процент од огласите беа објавени во 2020 година, а активноста достигна врв во март , најверојатно поради падот на приходот што го доживеа дел од населението поради пандемијата на Covid 19.
„Платата е експлицитно спомената во 160 огласи, иако работодавците на даркнет обично даваат само приближни износи. Просечната плата што им се нуди на ИТ професионалците варира помеѓу 1.300 и 4.000 долари месечно. Највисоката просечна плата од 4.000 долари може да се најде во рекламите за резервибилно инженерство“, истакнуваат од компанијата Kaspersky.
Највисоката месечна плата што експертите на Kaspersky ја видоа во рекламите беше 20.000 долари за позиција на програмер.
„Најниската понудена надокнада беше само 200 долари. Некои огласи за вработување вклучуваа бонуси и провизии од успешни проекти, како што е изнуда на откуп од компромитирана организација“, се вели во соопштението.
Според извештаите, програмерите се најбараните експерти на даркнет: тие се бараат во 61 процент од сите огласи. Во рамките на оваа специјалност, најбарани се веб-девелопери (60 проценти од овие реклами), кои креираат различни интернет производи како што се phishing сајтови.
Се ценат и креаторите на малициозен софтвер, чиј опис на работа вклучува развој на тројанци, софтвер за уцена (откуп), stealer-и, backdoor ранливости, ботнети и други видови на малициозен софтвер, покрај креирањето и модификации на алатките за напад.
Дизајнерите се трета најбарана професија со 10 проценти од огласите.
Од нив обично се бара да создадат злонамерен производ, како што е страница за фишинг или писмо што би било тешко да се разликува од вистинските.
Работодавците бараат и ИТ администратори, реверзибилни инженери, аналитичари, тестери , а поретко и други ИТ работни места – сите видови инженери и архитекти, специјалисти за поддршка, писатели на текстови од областа на ИТ технологијата, модератори на форуми, па дури и директори и проект менаџери.
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…
4 Т: Едноставен начин за управување со сајбер ризиците Сајбер-криминалците ги унапредуваат своите методи секој…
Покрај опипливите физички закани, Олимпијадата во Париз се соочи и со виртуелни. Веќе пишувавме за…
Дали сме прислушувани на паметни телефони? Во минатиот век важеше правило дека најмногу нè знаат…