McAfee_Plus-kabtel-zastita-na-internet-privatnost-deca
McAfee Corp., глобален лидер во онлајн заштита, го објави лансирањето на McAfee+ нова производна линија која ги опфаќа сите нови заштити на приватноста и идентитетот што им овозможува на корисниците самоуверено и безбедно да живеат онлајн. Новиот пакет производи McAfee+ им овозможува на корисниците пристап до враќање на идентитетот, како и можност да ги обезбедат сите нивни уреди со наградувана заштита од закани и вируси.
Како дел од најавата за новата линија производи, McAfee воведе заштита за Chromebook – што го прави прв водечки снабдувач на безбедност што целосно го поддржува Chrome OS. Корисниците на Chrome OS сега можат да инсталираат и да пристапуваат до можностите на McAfee на нивните Chromebook, вклучувајќи антивирус, VPN, безбедно прелистување и следење на идентитетот. Со речиси 30 милиони уреди Chromebook кои се очекува да бидат испорачани на глобално ниво до крајот на 20221 година, ова лансирање ја проширува онлајн заштитата на милиони нови и постоечки корисници на Chromebook, вклучително и 50 милиони едукатори и деца на училишна возраст.
Повеќе од 80% од потрошувачите се загрижени дека нивниот идентитет е украден од онлајн трансакциите, 79% се загрижени дека нивните финансиски информации се компромитирани и 76% се загрижени дека нивните информации завршуваат на дарк веб. Создаден за да одговори на зголемените грижи за приватност на потрошувачите и кражбите на идентитет и да обезбеди сеопфатна поддршка и мир на умот, McAfee+ е достапен секому.
McAfee+ беше наменски направен за да обезбеди онлајн заштита, што вклучува проактивно следење на темната мрежа за лични информации и интеграција на познатите антивирусни производи на McAfee и Secure VPN.
„Како што интернетот стана сè поголем состсвен дел од секојдневниот живот, расте загриженоста за количината на лични податоци кои се достапни за злоупотреба и недостатокот на разбирање за тоа како да се обезбедат личните информации“, рече Gagan Singh, извршен потпретседател и Главен директор за производи во McAfee. „McAfee+ е дизајниран да дава резултати против тие трендови и закани, помагајќи им на корисниците да бидат позаштитени од злоупотреба на идентитетот, но и поддржувајќи ги корисниците со професионална помош доколку нивниот идентитет е украден“.
„McAfee се занимава со заштита на луѓето, а не само на уредите“, рече Greg Johnson, претседател и главен извршен директор, McAfee. „McAfee+ го одразува тој дух нудејќи едноставен начин да се заштитите себеси, вашите најблиски и вашите податоци. Горди сме што го воведуваме во нашата производна линија, за повеќе луѓе да можат самоуверено да го искусат животот на интернет“.
Постојат две опции на McAfee+ достапни во новиот пакет производи: Premium и Advanced, секој со индивидуални и семејни опции.
McAfee Corp. е глобален лидер во онлајн заштита на потрошувачите. Фокусирани на заштита на луѓето, не само на уредите, потрошувачките решенија на McAfee се прилагодуваат на потребите на корисниците во секогаш онлајн свет, давајќи им можност да живеат безбедно преку интегрирани, интуитивни решенија кои ги штитат нивните семејства и заедници со вистинска безбедност во вистинскиот момент. За повеќе информации, посетете ја https://www.mcafee.com.
*Овој план опфаќа само уреди за домаќинство за лична, некомерцијална употреба и е предмет на политиката за фер употреба.
Решенијата ќе бидат достапни во КАБТЕЛ.
Справување со сложеноста на безбедноста во ерата на вештачка интелигенција, дигитализација и облакот Барањата за…
Дали е потребен бекап на Microsoft 365? Повеќето облак услуги денес се достапни за клиентите…
Trellix Endpoint Security повторно обезбеди врвно место во SE Labs Q2 2024 Endpoint Protection Test,…
Правилата за сајбер безбедност доживеаја големи промени во 2024 година. Владите ширум светот донесуваат регулативи…
3 клучни вештини што ви се потребни за да успеете како CISO Во текот на…
Високо ефикасни деловни Wi-Fi решенија Подобрете ја вашата мобилна и IoT конекција со деловни Wi-Fi…