Cyber security

Sophos Firewall најдобaр според CRN

Sophos Firewall е прогласен за најдобро решение за мрежна заштитна од страна на CRN

Со задоволство ве информираме дека Sophos Firewall е повторно прогласен за најдобро решение за мрежна заштита за мали и средни бизниси од страна на СRN®, бренд на The Channel Company. Sophos седум години по ред го добива ова признание на CRN Tech Innovator Аwards, кои оддаваат почест на најиновативните технологии.

„Sophos Firewall е суштински слој на заштита од малициозен сообраќај и закани кои ги таргетираат корпоративните корисници и корисниците на далечина, кои се дел од денешната хибридна бизнис средина. Sophos Firewall Flow Processors овозможуваат да иновираме и да додаваме нови опции и функции со тек на време, без да мора да правиме надградба на софтверот. Освен постоечките предности за корисниците, дополнителните бенефити од оваа платформа е скалабилноста, па вредноста на решението расте со секоја нова верзија“ вели Raja Patel, виш потпретседател за производи во Sophos.

Sophos Firewall овозможува уникатна видливост во мрежата, заштита и одговор за организациите од сите големини и сектори. Решението обезбедува најдобра заштита во целокупната индустрија за закани од првиот ден, а иновативната и уникатна Xstream архитектура е дизајнирана да обезбеди екстремни нивоа на перформанси во SaaS, SD-WAN и собраќајот во облак.

Како дел од Sophos Adaptive Cybersecurity Ecosystem, Sophos Firewall споделува информации во реално време за закните со широкото портфолио на решенија и услуги на Sophos за побрза и контекстуална заштита, детекција и одговор. Освен тоа, има способност за предвидување во реално време и и длабинска анализа на Sophos X-Ops, оперативно поврзување на SophosLabs, Sophos SecOps и SophosAI и лесно се менаџира во платформата во облак Sophos Central или преку Sophos Managed Detection and Response (MDR).

Не заборавајте дека новата верзија Sophos Firewall v19.5  ќе биде достапна за јавноста подоцна овој месец.

„Нашите награди CRN Tech Innovator Awards оддаваат признание на производителите на технологија кои оставаат најголем печат врз дигиталната трансформација на провајдерите на решенија во своите уникатни, поврзани производи и услуги. Со задоволство им честитам на сите добитници на нашите 2022 CRN Tech Innovator Award награди. Чест ни е да ги наградиме врвните производители кои се предводници на трансформацијата и иновациите во ИТ секторот“вели Blaine Raddon, извршен директор на The Channel Company.

Целосната листа со добитници ќе може да ја најдете во декемвриското издание на CRN и ќе може да се види онлајн на crn.com/techinnovators.

leveski

Recent Posts

Што е безбедносен оперативен центар SOC?

Безбедносниот оперативен центар (SOC) е 24/7 централизирана функција во организација која вработува луѓе, процеси и…

1 недела ago

Најдобри практики за управување со SOC

Најдобри практики за управување со закани во центарите за безбедносни операции Најдобра практика #1: Спроведете…

1 недела ago

Што е кибербезбедност?

Што е кибербезбедност? Кибербезбедноста е збир на мерки и практики преземени за заштита на компјутерите,…

3 недели ago

Трансформирање на индустриите со паметна RFID технологија

Отклучете ја ефикасноста и безбедноста со RFID решенија Трансформација на индустриите со паметна RFID технологија…

1 месец ago

Водич за заштита на податоците во ерата на AI

Заштита на податоците во ерата на вештачката интелигенција: Водич за да започнете Започнете со основите:…

1 месец ago

Што е Quishing и како да се одбраните?

Актерите на заканите постојано наоѓаат нови и иновативни начини да ги компромитираат системите, а најновата техника…

1 месец ago