news&blog

Што е Управувано откривање и одговор (MDR)?

Што е Управувано откривање и одговор?

Управувано откривање и одговор (MDR) означува аутсорсинг услуги за кибер-безбедност дизајнирани да ги заштитат вашите податоци и средства, дури и ако заканата ги избегнува вообичаените организациски безбедносни контроли.

Безбедносната платформа MDR е напредна безбедносна контрола 24/7, која често вклучува низа основни безбедносни активности, вклучително и безбедност управувана од облак, за организации кои не можат да одржуваат сопствен безбедносен оперативен центар. Услугите MDR се комбинација од напредна аналитика, разузнавање за закани и човечка експертиза во истрагата и одговорот на инцидентите, распоредени на нивоа на домаќин и мрежа.

Кои предизвици може да ги реши Управуваното откривање и одговор?

Затоа што обемот, разновидноста и софистицираноста на заканите за сајбер-безбедноста се зголемуваат експоненцијално, бизнисите се борат да одржуваат безбедносни оперативни центри, екипирани со висококвалификуван персонал и ресурси. Тоа е причина поради која компаниите што нудат услуга за Управувано откривање и одговор, им овозможуваат на тие бизниси услуги дизајнирани да ја подобрат одбраната на полето на кибер-безбедноста и да ги минимизираат ризиците, без претходни инвестиции.

Услугите MDR обезбедуваат аналитичари со вештини од повисоко ниво,  кои користат најсовремени безбедносни алатки и најнови глобални бази на податоци, кои компаниите во своите рамки не би можеле да си ги дозволат ниту според своите буџетите, ниту со потребните нивоа на вештини и ресурси. Така, помагаат да се држи чекор со постојано развивање на противнички тактики и техники за безбедносни напади.

Услугите MDR се можност за компаниите кои се свесни за потребата од најновите напредни безбедносни производи, со интегрирање на алатките за откривање и одговор на крајната точка (EDR) кои стануваат предизвик за тимовите за безбедносни операции во рамките на компаниите континуирано да се надградуваат и одржуваат. Како резултат на тоа, нивото на следење, откривање и анализа на заканите на претпријатието се подобрува, без предизвикот и трошоците потребни за да се одржи тимот за внатрешна безбедност целосно екипиран и ажуриран со најновите податоци за заканите.

Услугите MDR не се ограничени само на поголеми способности за откривање и одговор. Тие, исто така, обезбедуваат проактивно одбранбено разузнавање и увид на напредни закани за потенцијално преоптоварените безбедносни тимови. Нивоата на откривање се подобруваат, додека времето на задржување на прекршувањата се намалува. Исто така, и предизвиците за усогласеност со постоечките стандарди може да се решат со користење на MDR услугите, кои обезбедуваат целосно известување на засегнатите страни и задржувањето на логовите потребно според  прописите и стандардите.

Зошто да изберете MDR наместо MSSP?

Услугите за управувано откривање и одговор (MDR) честопати се споредуваат со услугите на Добавувач за управувани безбедносни услуги добавувач (MSSP). Иако споделуваат сличности, тие се разликуваат и во технологијата, стручноста и односите. Услугите за MDR обично се проактивни и се фокусираат на заканите. MSSP се дизајнирани да бидат реактивни и да се фокусираат на ранливости. За разлика од MSSP, MDR услугите се фокусираат на откривање, одговор и лов на закани наместо на следење на безбедносните предупредувања. MSSP управуваат со заштитните ѕидови, но не мора да го обезбедуваат истото ниво на истражување, аналитика и форензика на заканите како MDR. MSSP ги препознаваат безбедносните проблеми, но не се способни да откријат детали за заканата што ја обезбедуваат MDR услугите. MSSP користат платформи за управување со дневници и следење, скенирање на ранливост и често платформи за управување со безбедносни инциденти и настани (SIEM) за да ги известат организациите за заканите. Автоматската аналитика на MDR и одговорите на напредни закани, малициозен софтвер без датотеки и прекршувања може да ги зголемат услугите на MSSP. Услугите MDR се потпираат на подиректни комуникации, како глас или е-пошта до аналитичарите, наместо на портали. Примарните интерфејси на MSSP се портали и е-пошта со секундарен разговор и телефонски пристап до аналитичарите.

Подолу е споредба на услуги MDR и MSSP. Не сите даватели на MDR ги вклучуваат истите нивоа на способности и алатки во следните услуги:

Придобивки од управувано откривање и одговор

Соочени со навидум огромните безбедносни закани и кампањи, организациите исто така се обидуваат да обезбедат сѐ поголеми безбедносни буџети и квалификувани безбедносни аналитичари кои се во континуиран недостаток на пазарот на трудот. Поголема заштита, увид и усогласеност, без додавање на повеќе безбедносни алатки и луѓе, е целта на претпријатијата од сите големини. MDR може да обезбеди корисни безбедносни услуги способни да ги исполнат и одржат целите на организацијата:

  • 24/7 следење и подобрени комуникациски механизми со искусни кибер-безбедносни аналитичари
  • Искусни безбедносни аналитичари ја надгледуваат одбраната на вашата организација без да додавате персонал и ресурси со полно работно време
  • Комплетна услуга за откривање и одговор на заканите на управуваните крајни точки
  • Подобрено откривање закани и проширена покриеност
  • Стручна истрага за дојави и инциденти и последователни дејствија
  • Проактивен лов на закани
  • Подобрена интелигенција за закани врз основа на индикатори и однесувања превземени глобално
  • Подобрен одговор на заканата
  • Намален број на прекршувања
  • Подобрена форензика и истраги на повисоко ниво
  • Управување со ранливости
  • Одговор на големи инциденти и управување со логови
  • Отстранување на товарот на секојдневното управување со безбедноста при недостаток на персонал и буџети
  • Одржување пристап и прилагодување кон безбедносните одбрани на вашата организација
  • Подобрена усогласеност и известувања
  • Намалени безбедносни инвестиции, зголеменa рентабилност

 

leveski

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

4 часа ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

1 недела ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

2 недели ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 месец ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 месец ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

1 месец ago