Нападите на Ransomware се на насловните страници веќе неколку години. Во нивната потрага по профит, напаѓачите се насочени кон речиси сите видови на организации, од јавни до здравствени и образовни институции, до даватели на услуги и индустриски претпријатија, што влијае на речиси секој аспект од животот.
Сајбер-криминалците кои стојат зад овие напади сè уште успеваат да смислат нови, софистицирани и разработени техники или дури и да ги реплицираат пристапите карактеристични за некои од моментално неактивните групи кои се сметаа за врвни играчи.
Неодамнешното истражување на Kaspersky потврди дека во претходната година, повеќе од 40% од компаниите се соочиле со најмалку еден напад на откупни софтвери. Директните финансиски трошоци за закрепнување од овие напади беа, за малите и средни компании, во просек од 6.000 евра, додека просечната цена за опоравување на големите компании е околу 91.500 евра.
Во претходната година, решенијата на Kaspersky открија и спречија повеќе од 74,2 милиони обиди за напади со откупни софтвери, што е зголемување од 20 проценти во споредба со 2021 година, кога беа откриени 61,7 милиони такви напади. Нападите на откупни софтвери најчесто биле насочени кон јавниот сектор и владините организации (19,39 проценти од случаите), финансискиот сектор (18,37 проценти) и индустријата (17,35 проценти), а потоа следуваат телекомуникацискиот сектор (9,18 проценти) и ИТ (9, 18 проценти). Иако многу години регионот на Југоисточна Европа беше донекаде надвор од фокусот на организираните групи кои го користат овој тип на напади, тој станува се поприсутна сериозна закана. Посебно атрактивни се државните институции и локалните власти, како и финансискиот и телекомуникацискиот сектор – доволно е да се потсетиме на случаите кои привремено ја парализираа работата на одредени јавни институции во Северна Македонија, Црна Гора и Србија.
Експертите на Kaspersky откриле дека во речиси 43% од случаите, нападот со откупен софтвер започнал со искористување на апликации наменети за јавна употреба. Дополнително на ова, најчестиот вектор преку кој ransomware го пронашол својот пат до податоците на компанијата се податоците поврзани со претходно компромитирани кориснички сметки (во 24% од случаите) како и злонамерните пораки на е-пошта (во 12% од случаите). Примарната цел на напаѓачите честопати не била само да изнудат или шифрираат податоци, туку да украдат лични податоци, интелектуална сопственост и други чувствителни информации.
Превземено од PC press
Trellix е признат како најдобра безбедност на е-пошта во индустријата SE Labs го именува Trellix…
Во денешниот брз дигитален пејзаж, кибербезбедноста стана критична грижа за бизнисите од сите големини. Малите…
Помалите компании се сѐ понапаѓани од малвер од кога и да било, многу компании не…
Забележливо зголемување на дигиталното насилство Најновиот State of Stalkerware 2023, открива дека околу 31.000 мобилни…
Серијата EOC на EnGenius го трансформира поврзувањето во паметните градови и индустриските средини со напредни…
И Телекомите ги демнат на темната мрежа Во текот на изминатите три години, една петтина…