Cyber security

DDoS нападите уриваат рекорди во Q4 2021

DDoS нападите достигнаа рекордно ниво во последниот квартал од 2021

DDoS нападите уриваат рекорди во Q4 2021

Споредено со третиот квартал од 2021 година, вкупниот број на Distributed Denial of Service (DDoS) напади во четвртиот квартал пораснал за 52%. Тоа е 4,5 пати повеќе отколку истиот период во 2020 година. Овие и други податоци беа објавени во новиот извештај на Kaspersky за DDoS нападите во четвртиот квартал на 2021.

Distributed Denial of Service (DDoS) нападите се голема закана за бизнисите и организациите кои нудат онлајн услуги. Во текот на таков напад сајбер криминалците испраќаат повеќе барања до нападнатиот веб ресурс, со цел надминување на капацитетот на веб страницата, односно процесирање на повеќе барања за попречување на нормалното функционирање. Тие напади може да траат неколку дена и да предизвикаат пречки за организациите.

Од октомври до крајот на декември 2021 година, истражувачите на Кaspersky забележале огромен скок на бројот на DDoS напади, што е рекордна бројка откога Kaspersky ги анализира таквите напади.

Се споредувале третиот и четвртиот квартал од 2021 година и четвртиот квартал од 2020 година. Податоците за четвртиот квартал од 2020 се земени како 100%.

Истражувачите на Kaspersky дефинираат неколку причини за таквиот волумен на напади. Најпрвин, последните три месеци од секоја година секогаш се полни со DDoS напади. Онлајн продажбата е поголема поради попустите и празниците, почнуваат полагањата за студентите и генерално, сајбер криминалците стануваат поактивни, а тоа води до пораст на бројот на напади.

Понатаму, големината на DDoS пазарот е обратно пропорционална со пазарот на криптовалути. Тоа е така затоа што капацитетот за организирање на DDoS напади и рударење криптовалути се слични, а сопстевниците на ботови ја пренасочуваат енергијата на рударење кога има раст на криптовалутите и на DDoS напади кога има пад. Тоа е токму она што е забележано во четвртиот квартал од минатата година – раст на бројот на DDoS напади, наспрема остар пад на вредноста на криптовалутите.

Најголем дел од DDoS нападите во последниот квартал биле пријавени во САД (43,55%), Кина (9,96%), Хонгконг (8,80%), Германија (4,85%) и Франција (3,75%).

„ DDoS заканите постојано се менуваат и се одраз на тековните економски и социјални трендови. Очекувавме раст на DDoS нападите во четвртиот квартал поради попустите, но нестабилноста на пазарот за криптовалути ги подигна нападите на сосема ново ниво и достигнаа апсолутен рекорд. Споредено со трендовите од претходните години, првиот квартал од оваа година нема да покаже голем пад на DDoS нападите. Затоа, препорачуваме користење на професионални решенија за заштита на вашите организации од DDoS напади“ вели Александер Гутников, експерт за безбедност во Kaspersky.

За да дознаете повеќе за DDoS нападите во четвртиот квартал во 2021 година посетете ја страницата Securelist.com.

За да се заштитите од DDoS напади, експертите на Kaspersky ги дадоа следните препораки:

Најмете специјалисти кои знаат како да реагираат на DDoS напади кои ќе управуваат со операциите на вашата веб страница.

-Валидирајте ги договорите и контакт информациите од трети страни, вклучувајќи ги и тие направени преку провајдери на интернет услуги. Тоа ќе помогне тимовите полесно да добијат пристап до договорите во случај на напад.

-Имплементирајте професионални решенија за заштита на организациите од DDoS напади. На пример, Kaspersky DDoS Protection е комбинација од експертизата на Kaspersky во справувањето со сајбер закани и уникатните решенија.

-Битно е да го следите сообраќајот на страницата. Добра опција е да користите алатки за мониторинг на мрежи и апликации за идентификација на трендовите и тенденциите во сообраќајот. Ако знаете како се менува сообраќајот на вашата страница и неговите карактеристики, можете да поставите некоја рамка за поелсна идентификација на необични активности кои се симптоматски за DDoS напад.

-Имајте рестриктивен план Б за брзо да ги вратите во функција најбитните сервиси во случај на DDoS напад, но и за бекап и заштита на вашите податоци.

Julija Damjanovska

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

4 часа ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

1 недела ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

2 недели ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 месец ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 месец ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

1 месец ago