Kaspersky го доби признанието Бренд на годината во категоријата Антивирусен софтвер од страна на World Branding Awards. Компанијата беше признаена како бренд на годината според уникатниот процес на оценување и гласање на настанот организиран од World Branding Forum.
Церемонијата за доделување на наградите, која се одржа во Кенсингтонската палата во Лондон, на 14 ноември, им оддаде признание на најдобрите брендови во светот и нивните достигнувања. Настанот е одлична можност за глобалните брендови да се соберат на едно место и да научат уште повеќе за нивните успеси.
Процесот на оценување се состои од три дела: оценување на брендот, јавно гласање и истражување на пазарот на корисници. World Brand Forum врши финансиска проценка базирана на анализа на моделот на приходи и ја пресметува оценката на пазарот, за секој од номинираните брендови. Јавноста исто така имаше удел во оценката преку онлајн гласање. Токму со таков процес Kaspersky беше прогласен за навистина извонреден бренд.
Kaspersky годинава изврши ребрендирање со цел да го ажурира својот визуелен идентитет, како и филозофијата на компанијата. Новиот бренд е одраз на визијата на компанијата за иднината и пристапот кон работата – Kaspersky не е повеќе само лабораторија за антивирусни програми, туку станува технолошки лидер, со напредно и сеопфатно портфолио на безбедносни решенија и услуги. Новиот бренд исто така е знак за еволуцијата на компанијата и поместувањето на фокусот од сајбер безбедноста на креирањето конектирани безбедни системи и на тој начин поставува повисоки стандарди за во иднина.
„Пресреќни сме што го добивме признанието Бренд на годината. Тоа е до толку важно за нас, затоа што се случува во година кога Kaspersky се ребреднираше. Светот денес е многу поинаков и ние мора да се развиваме за да ги задоволиме потребите, но и за во иднина. Тоа значи дека нашето ребрендирање не е само промена на логото, туку промена на филозофијата по која се водиме во секој аспект од бизнисот. Ние градиме побезбеден свет, имун на сајбер заканите. Свет каде што луѓето и организациите можат да ѝ веруваат на технологијата да го подобри светот, свет каде што производите и услугите на Kaspersky помагаат во тоа“ вели Ендрју Винтон, потпретседател на маркетинг во Kaspersky.
„Добивме одлични рекации од нашите партнери и корисници за ребрендирањето. Уверени сме дека овие промени ќе им дадат повеќе причини на нашите партнери да ги развиваат своите бизниси во соработка со Kaspersky и да градиме нов пат за нашата компанија и за иднината“ додава тој.
Компанијата соработуваше со неколку агенции при креирањето, развојот и имплементацијата на ребрендирањето. Wunderman Thompson, креативна, дата и технолошка агенција, помогна во креирањео на платформата за брендот и на филозофијата која стои позади „Bring on the Future“. Новиот визуелен идентитет и логото, пак, ги креираше агенцијата Moving Brands, која помогна да се пренесе искуството во креирање врвен софтвер, кој е коренот на компанијата, со истата посветеност.
За повеќе информации за новата филозофија на брендот Kaspersky посетете ја интернет страницата на компанијата.
Kaspersky е глобална компанија за сајбер безбедност однована во 1997 година. Експертизата на Kaspersky на полето на длабинското орктивање закани и безбедноста постојано се преточуваат во иновативни безбедносни решенија и услуги за заштита на бизниси, критична инфрастуктура, влади и консументи ширум светот. Псежното портфолио на безбедносни решенија на компанијата вклучува врвна заштита на крајните корисници и бројни специјализирани безбедносни решенија и услуги за борба против софистицирани и напредни дигитални закани. Повеќе од 400 милиони корисници ширум светот се заштитени со технологијата на Kaspersky и им помагаме на 270.000 корпоративни клиенти за го заштитат она што им е најбитно. За повеќе информации одете на www.kaspersky.com. Кабтел Дооел е долгогодишен Платинум партнер за Македонија за Kaspersky.
За World Branding Award
World Branding Awards е првиот настан за доделување награди организиран од World Branding Forum. Наградите оддаваат признание на достигнувањата на некои од најдобрите брендови во светот. Победниците се избираат преку проценка на брендот, истражување на пазарот и онлајн јавно гласање. За повеќе информации одете на awards.brandingforum.org.