Solutions WiFi

EnGenius го лансираше Cloud To-Go – поедноставување на вмрежувањето за мали до средни бизниси

EnGenius на 10 септември го најави Cloud-To-Go, кој им овозможува на кафулињата, хотелите, клиниките, продавниците и останатите бизниси лесно и брзо да вршат менаџирање со мрежата во движење преку мобилна апликација. Апликацијата Cloud-To-Go им овозможува на луѓето кои не се ИТ експерти на едноставен начин да конфигурираат, да менаџираат и да вршат мониторинг на мрежи без потреба од комплицирани прилагодувања. Апликацијата овозможува лесно поставување на уреди, визуелизиран мониторинг на корисничкиот интерфејс и паметно менаџирање на дофат на рака.

Конфигурирајте ги уредите за неколку минути

Поставувањето на уредите е едноставно како да изброите од 1 до 3. Уредот го регистрирате преку скенирање на QR код, лесно го поставувате вашиот Wi-Fi со SSID Wizard и се конектирате за неколку минути. Има и напредни поставки ако имате потреба од подетална конфигурација.

Мониторинг и менаџирање со мрежа “лесно како боза“

Апликацијата Cloud To-Go ви овозможува да менаџирате и да ја надгледувате вашата мрежа каде и да сте. Визуелизираната контролна табла, приоретизирање на корисниците, листите со клиенти, вградените сервиси за аларми и известувања итн, Ви помагаат да добиете инсајдерски информации за здравјето на вашата мрежа и статусот на уредите.

Флексибилна експанзија на мрежата за иден раст на бизнисот

EnGenius Cloud To-Go ви помага да ја проширите мрежата со флексибилности за идниот раст на бизнисот. Едноставно може да се менаџираат мрежите на повеќе компании и локации со едноставно мени преку смартфонот. Истовремено, на корисниците на располагање им е веб-базираниот портал EnGenius Cloud за понапредни поставки и менаџирање.

За да дознаете повеќе за тоа како EnGenius ја креира иднината на менаџирањето во облак на безжични мрежи посетете ја https://www.engenius.ai

За EnGenius

EnGenius има повеќе од 20 години искуство како интернационален производител на иновативни мрежни решенија и денес има безброј подружници во целиот свет. EnGenius нуди комплетни бежични мрежни решенија преку неговото широко портфолио на мрежни пристапни точки, вклучувајќи ја и последната технологија за Wi-Fi 6 пристапни точки, мрежни преклопници со вградени PoE (Power-over-Ethernet) функционалности, како и мрежни приклучоци за внатрешна и надворешна употреба. Б2Б решенијата се користат во целиот свет во разни стоковни куќи, кафулиња, аеродроми, хотели, болници, сали за евенти, ресорти, музеи и секакви други локации.

Решенијата на EnGenius се достапни во Македонија преку долгогодишниот партнер КАБТЕЛ, www.kabtel.mk.

Сертифицираните мрежни инженери ви стојат на располагање на info@kabtel.mk, 02/3103-230, со решенија, специјално дизајнирани за идеална мрежа за вашите станбени и деловни објекти.