Solutions WiFi

Oдличен Wi-Fi во образовните институции

Колеџот „Cardinal Newman“ во Велика Британија e мешано училиште за ученици на возраст од 11 до 18 години, со околу 2.500 ученици и персонал. Датира од викторијанската ера, распоространет е на огромна површина.

Со цел да се обезбеди целосна покриеност на колеџот со брз интернет, со капацитет за истовремено и интензивно користење на повеќе училници одеднаш, беше имплементирано решението  EnGenius WLAN Solution, кое освен најдобрата цена, понуди и оптимални перформанси за задоволување на сите потреби на колеџот за сегашните, но и идните ученици.

Поподробно за решението EnGenius EnSky

EnSky е решение за управување со мрежата на светски реномираниот  EnGeniusОва иновативно решение вклучува  богато портфолио на производи што вклучува контролер SkyKey и софтвер ezMaster, управувани безжични уреди за затворен и отворен простор, управувани прекинувачи и мобилна алатка, апликацијата EnWiFi.

Со имлементирање на EnGenius внатрешни пристапни точки, надворешни пристапни точки, контролни прекинувачи, како и бесплатен софтвер за управување со мрежата,  креирана е централно управувана мрежа со  можност за едноставно мониторирање на истата, но едноставно детектирање и решавање на можните испади.

Бенефити за имплементација на EnSky решението:

• исплатливост на решението

• лесна инсталација и поставување

• прецизна аналитика

• супериорна јачина на сигналот

• доживотна гаранција

• можност за надградби

• техничка поддршка

Инсталацијата на решението беше извршена во текот на полугодишниот одмор и беа поставени вкупно 95 пристапни точки. Сите тие точки беа претходно конфигурирани, со што се заштеди драгоцено време при инсталацијата. Решението EnGenius Managed Solution почна да функционира уште истиот ден. Секако, немаше никакви проблеми со очекуваните перформанси. Училиштето дури и заштеди и можеше да обезбеди и дополнителни современи уреди за персоналот и за учениците.

За EnGenius Networks Europe B.V.

Мисијата на EnGenius е да обезбеди врвни дата решенија кои промовираат мобилност, ја зголемуваат продуктивноста и се едноставни за употреба. Конективноста треба да оди рака под рака со стабилноста, богатите опции и персонализираните услуги, но и истовремено, да биде достапна за сите. Решенијата на EnGenius побарајте ги во КАБТЕЛ.