McAfee-Connected-Family-Study-Kabtel
news&blog

Важноста на онлајн заштитата на децата

Важноста на онлајн заштитата на децата

Студијата McAfee Connected Family Study откри дека родителите имаат проблеми со онлајн заштитата на децата

McAfee, глобален лидер во онлајн заштита, ја објави својата прва студија Global Connected Family Study, во која учествувале 15,500 родители и над 12,000 нивни деца во 10 земји во светот со цел да се разбере како тие се конектираат онлајн и како се заштитуваат себеси и своите сакани. Студијата за 2022 година откри огромни разлики на глобално ниво во ставот и мерките кои ги презeмаат семејствата за заштита и објаснува како, тие што се најранливи, честопати остануваат незаштитени.

Студијата, која е во правец на стратегијата на McAfee за заштита на конектираните семејства, не само нивните уреди, откри дека родителите преземаат повеќе превентивни мерки, како инсталација на антивирусен софтвер, заштита со лозинки или купуваат онлајн само од проверени продавници, од своите уреди отколку што прават со уредите на своите деца. На пример, 56% од родителите изјавиле дека тие ги заштитуваат своите смартфони со лозинка или друга проверка на идентификација, а само 42% од нив рекле дека истото го прават и на телефоните на своите деца.

„90% од родителите ја прифаќаат својата улога како заштитници на децата онлајн, исто како што ја прифаќаат својата одговорност да ги заштитат децата од остатокот од светот. Овие податоци имаат за цел да се стави акцент на активностите кои треба да се преземат за да се заштитат сите онлајн активности на децата. Како клучен дел од оваа студија сакаме да ги опремиме родителите со потребното знаење за ефективно да ги заштитуваат своите конектирани семејства“ вели Sachin Puri, потпретседател за маркетинг во McAfee.
Студија McAfee Connected Family Study за 2022 година

McAfee откри неколку универзални верувања за онлајн заштитата, како и тензија помеѓу родителите и децата кога станува збор за онлајн безбедност. Глобално, може да се издвојат четири теми:

      1.Мобилна зрелост: На која возраст децата почнуваат со своето дигитално присуство?

Употребата на интернетот како возрасни лица кај децата почнува рано, затоа рано се изложуваат и на ризиците. До 15-16 години тинејџерите многу повеќе се присутни онлајн и особено користат мобилни телефони, речиси приближно колку што користат интернет возрасни лица. Децата сакаат да се чувствуваат безбедни онлајн, а 73% од децата кои учествувале во истражувањето очекуваат родителите да ги заштитат онлајн многу повеќе отколку кои било друг. До 17-18 годишна возраст случаите на сајбер-малтретирање се зголемени за 18%, обидите за кражба од онлајн-сметка за 16%, а неавторизираното користење на лични податоци за 14%.

  1. Родители како заштитници: Дали родителите ефективно ги штитат своите деца онлајн?

Општо прифатено е дека семејствата ја прифаќаат улогата на родителите како онлајн-заштитници, но родителите се борат да и дораснат на таа улога. Родителите велат дека на своите компјутери и лаптопи  применуваат одреден број на мерки за заштита, и, и покрај тоа што на располагање имаат лесно достапни мерки за заштита, бројот на преземени мерки за заштита на уредите на децата е многу помал. Додека 56% од родителите признаваат дека го заштитуваат својот телефон со лозинка или друга заштира, само 42% изјавиле дека истото го прават на телефоните на своите деца.

  1. Тајните животи на децата од 8-12 години и на тинејџерите онлајн: Што точно прават тие онлајн?

Децата на возраст од 8 до 12 години и тинејџерите, сакаат приватност и заштита додека ги креираат своите онлајн животи. Од чистење на историјата на пребарување до изоставање детали за тоа што прават онлајн, повеќе од половина од децата (59%) се трудат да ја сокријат својата онлајн активност. Во однос на генералните активности, родителите и децата се согласуваат кои се топ 3 активности на децата онлајн:

-гледање кратки видеа на YouTube –66% од родителите го мислат тоа, 67% од децата признаваат

-пребарување на интернет–64% од родителите го мислат тоа, 66% од децата признаваат

-стримување музика – 53% од родителите го мислат тоа, 55% од децата признаваат

  1. Полова пристрасност во заштитата: Дали девојчињата се изложени на повеќе опасности онлајн?

Родителите различно гледаат на момчињата и девојчињата  кога станува збор за нивната онлајн заштита. Постои полова пристрасност и се покажа дека девојчињата се позаштитени онлајн од момчињата, иако момчињат се тие кои се соочуваат со повеќе онајн опасности. Девојчињата на возраст од 10 до 14 години имаат поголема контрола и заштита на компутерите и лаптопите во речиси секоја земја која учествувала во истражувањето, а момчињата повеќе ги кријат своите активности на интернет.

23% од родителите велат дека ја проверуваат историјата на пребарување кај своите ќерки на возраст од 10 до 14 години, а тој процент кај момчињата е само 16%. Овој диспаритет повторно се среќава кај ограничувањето на пристапот до некои страници – 22% од родителите имаат такво ограничување кај своите ќерки, а само 16% кај момчињата.

Глобално, се забележуваат неколку регионални разлики кај мобилната зрелост, јазот меѓу половите и загриженоста на родителите за ризиците онлајн:

-Додека во САД има најголема стапка на сајбер малтретирање (28%) и најголема изложеност на онлајн ризици, во Индија има најголема изложеност на ризици од сите земји вклучени во истражувањето и има една од најмалите возрасти на мобилна зрелост кај децата. Обединетото Кралство покажа помало ангажирање кај онлајн безбедноста и само 44% од родителите таму се загрижени за тоа колку време поминуваат нивните деца онлајн, што е 13% помалку од глобалниот просек, а Канада заостанува во поглед на мерките кои ги преземаат родителите и довербата на родителите во нивната онлајн заштита – 6% помалку од глобалниот просек.

Родителите во Германија се меѓу најмалку загрижените и најмалку ја контролираат онлајн активноста на своите деца, а нивниот страв од сајбер малтретирање на децата е 19% понизок од глобалниот просек, додека јапонските деца се изложени на најмала опасност од сајбер малтретирање и онлајн ризици. На пример, таму има 12% помалку кражби на онлајн сметки.

Децата во Мексико најмногу играат онлајн игри (61%) и таму се става најголемо значење на гејминг конзолите (70%), а Бразил има најголема употреба на мобилни телефони кај децата и кај тинејџерите, 96%.

„Ние сакаме родителите да знаат какви алатки и ресурси им се на располагање за безбедна и здрава онлајн активност за нивните семејства, додека истовремено да бидат свесни за навиките кои го зголемуваат ризикот од сајбер малтретирање како сајбер малтретирање или сајбер напади. Освен студијата Global Connected Family Study, McAfee нуди и други алатки како McAfee Total Protection за семејства, која на родителите им овозможува да следат онлајн активност од повеќе уреди, да го ограничат времето поминато пред екран, да блокираат аппликации и да филтрираат веб-страници за да помогнеме да се додаде уште еден слој на заштита“ вели Gagan Singh, извршен потпретседател и одговорен за производство и приходи во McAfee.
Што друго да направат конектираните семејства?

Создадете средина за отворен и транспрарентен разговор за онлајн активностите. Разберете ги навиките и однесувањето на членовите на семејството онлајн и тоа ќе ви помогне да откриете како најдобро да ги заштитите сите поединечно, било да е тоа ограничување на времето поминато во играње игри или инсталирање софтвер.

Едуцирајте ги децата за опасното однесување онлајн, како што е чистењето на историјата на пребарување или посетувањето небезбедни страници. Едуцирајте ги децата за сајбер булингот и онлајн кражбите за да се осигурате дека тие самите, но и и вашиот конектиран семеен живот да бидат безбедни во иднина.

Направете план за справување со сајбер малтретирање, кражба на онлајн сметка или неавторизирана употреба на персонални податоци за да се осигурате дека безбедноста на семејството ви е приоритет. Инсталирајте алатки од типот на McAfee Total Protection за да поставите правила, да ја следите онлајн активноста и да ги блокирате несаканите страници онлајн. За повеќе податоци на глобално ниво, на овој линк можете да го најдете целиот извештај.

За McAfee

McAfee е глобален лидер за онлајн заштита на корисници. Фокусирани на заштита на луѓето, не само на уредите, решенија за корисници на McAfee се адаптираат на потребите на корисниците во онлајн светот кој постојано се менува, со што не охрабруваат да живееме безбедно преку интегрирани, интуитивни решенија за заштита на нашите семејства и заедници со вистинското решение за даден момент. Достапни се во КАБТЕЛ.