News & Events Solutions Success Stories WiFi

Награди SME Proof 2020: EnGenius Cloud платформа

Во октомври минатата година долгоочекуваната платформа на  EnGenius стана реалност. Сега, шест месеци подоцна, EnGenius Cloud е поуспешна од кога било. Услугата вклучува платформа во облак за активирање, пристапување и менаџирање со пристапните точки и приклучоците на EnGenius. Бесплатна услуга која ги опремува и домовите и работните простории со интернет конекција на едноставен и исплатлив начин. Ние го тестиравме целосно решение. Нашето позитивно искуство беше вредно за награда SME Proof.

Овој производ ja доби награда SME Proof Award. Овие награди се доделуваат на годишно нив од уредничките тимови на WINMAG Pro и претприемничката  платформа Baaz за производи и услуги кои нудат исклучителни решенија за модерните мали и средни претпријатија. Наградите првично се објавуваат во  специјализираното списание , а потоа во онлајн напис.

Во кратки црти

  • Една платформа во облак за преглед и конфигурација на мрежна опрема и употреба. Може да се користи секаде и во секое време. Одлична за „новиот нормален живот“.

EnGenius Cloud е дизајнирана за да ги елиминира проблемите со традиционалното менаџирање со мрежи. Денес повеќ е неисплатливо да се прави гужва на една локација за да се идентификува или да се реши некој проблем. Мрежите мора да се прошируваат, конфигурираат и да се менаџираат од далечина.

За да го обезбеди токму тоа EnGenius Cloud работи целосно во облак. Партнерството со Amazon Web Services овозможува да се осигура конективност и скалирање нагоре или надолу со брзина на светлината. Од инсталацијата на опремата до сегментирањето на мрежите и нивна инспекција – сето тоа се прави на далечина.

EnGenius Cloud може да се користи бесплатно со сите EnGenius пристапни точки и приклучоци во облак, вклучувајќи ги и ECW220 (AP) и ECS1008P (switch). Можете да ги скенирате тие уреди преку апликацијата EnGenius Cloud и да ги додадете во мрежа.

Решенијата на EnGenius се достапни во КАБТЕЛ, партнер за Македонија. За да креирате оптимизирано wifi cloud решение за вашите потреби сертифицираните ИТ специјалисти за wifi мрежи ви стојат на располагање на 02/3103 230, info@kabtel.mk.