336ap-pristapna-tocka-wifi6-engenius-kabtel
EnGenius Technologies Inc., светски производител на футуристички мрежни решенија за компании, објави дека нивната прва Wi-Fi 6E пристапна точка за мали и средни бизниси, веќе може да се нарача, и покрај постојаните проблеми со синџирот на набавка со кои се соочуваат индустриите во целиот свет.
Со процесор на Qualcomm, Cloud ECW336 Wi-Fi 6E пристапната точка со три бранови должини, која се поставува на таван, е развиена со цел да се користи во неодамна пуштениот во употреба 6 GHz спектар. ECW336 AP е првиот производ на компанијата со кој стапнува на 6E територијата.
Експертите предвидуваат дека до 500 милиони уреди компатибилни со Wi-Fi 6E ќе се најдат на пазарот во наредните две години и ќе се создаде масивен недопрен пазар за Wi-Fi. Додека 2.4 и 5 GHz брановите должини нудат вкупен спектар од 560 MHz и 27 канали, 6 GHz нуди 59 канали.
Со опцијата на позврување на 6E, пристапната точка ECW336 AP лесно ќе ги поддржува растечките потреби за бранови должини во густо населени средини, како што се корпоративни работни средини, мултифамилијарни домови, старечки домови, студентски домови, малопродажни центри, медицински центри и ресорти.
Бизнис професионалците и корисниците со искуство бараат поголема брзина на конектирање со мало заостанување, без кочење и без бавно симнување на податоци, што беше случај со презаситените бранови должини од 2.4 и 5GHz. Иднината на брзиот како светлина, непречен Wi-Fi конечно е тука.
Високата ефикасност на безжичната технологија Wi-Fi 6 е се позабележителна кај денешните уреди, но вистинската моќ на тие опции сега ќе биде ослободена со масивниот, неискористен спектар на 6 GHz. Сега корисниците ќе видат што навистина значи гигабитна безжична брзина.
EnGenius Technologies е водечки глобален производител на безжични и гласовни комуникации. За повеќе од 20 години постоење EnGenius има произведено врвни гласовни и податочни решенија кои овозможуваат поголема модуларност, продуктивност и едноставност. ЕnGenius гордо може да каже дека ви ги обезбедува најдобрите, најстабилните персонализирани мрежни решенија со најмногу опции, кои ќе му донесат уште поголем успех на вашиот бизнис.
🎉 ПРОМОТИВНА ПОНУДА НА LANDE КАБИНЕТИ И ДОДАТОЦИВо рамки на ограничената залиха на КАБТЕЛ, ви нудиме промотивна…
Имплементација на SCADA во постоечки капацитети Имплементацијата на SCADA систем во постоечки капацитети бара структуриран…
SCADA (Supervisory Control and Data Acquisition) е клучна технологија за автоматизација, надзор и контрола на…
95% од сајбер нападите почнуваат преку вработените – Дали вашиот тим е подготвен? Во дигиталниот…
Sophos MDR: Нови акции за безбедност на Microsoft 365 Новите моќни можности им овозможуваат на…
EnGenius лансираше платформа за надзор базирана на облак која ги комбинира можностите за вештачка интелигенција…