КАБТЕЛ-обезбеди-firewall-и-wifi-решенија-конференција-OSCE--Македонија
КАБТЕЛ, беше носител на делот за кибербезбедност (Firewall решение) и безжични мрежи на 30 -тиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествува околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери, како и околу 300 новинари од целиот свет, кој се одржа во Скопје на 29 и 30 Ноември годинава, а во рамките на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ.
Со своите решенија, КАБТЕЛ придонесе за севкупниот успех, ефикасност и безбедност на настанот, со следниве придобивки:
• Идентификување аномалии: огнениот ѕид го следеше мрежниот сообраќај за аномалии и потенцијални безбедносни прекршувања, овозможувајќи навремено откривање и одговор на потенцијлните безбедносни инциденти.
• Ублажување на опасноста од сајбер напади: со имплементирање на силните мерки за кибербезбедност, решенијата на КАБТЕЛ обезбедија ублажување на ризиците од кибер напади, кои би можеле да ја нарушат конференцијата или да ги компромитираат чувствителните информации.
• Усогласеност со безбедносните стандарди: Обезбедените решенија за кибербезбедност се усогласени со најдобрите практики и безбедносни стандарди, поставени од организации од рангот на ОБСЕ, покажувајќи ја посветеност на усогласеноста со сајбер-безбедноста на организацијата.
• Зголемена репутација: успешното обезбедување на дигиталната инфраструктура на конференцијат, придонесе за позитивна репутација за Република Северна Македонија, покажувајќи ја посветеноста на експертизата во обезбедувањето сигурни и безбедни решенија.
• Прилагодени решенија: КАБТЕЛ понуди custom-made решениe за кибербезбедност и WiFi, врз основа на специфичните потреби и барања на конференцијата на ОБСЕ, обезбедувајќи соодветно ниво и пристап кон безбедноста.
• Приспособливост: Изведенате флексибилни и приспособлива инфраструктура, лесно можеше да се преконфигурира и да се приспоси на растечките потреби на конференцијата, како што се зголемениот број учесници, уреди или конференциски предизвици од највисоко ниво.
Генерално, со обезбедување на заштитниот ѕид за кибербезбедност и WiFi решенето, КАБТЕЛ одигра витална улога во создавањето безбедна, ефикасна и доверлива дигитaлна средина за конференцијата на ОБСЕ под покровителство на Република Северна Македонија, што на крајот придонесе за успехот на настанот.
Ransomware продолжува да ги осакатува организациите ширум светот, исцрпувајќи ги буџетите и запирајќи ги операциите.…
Пожарот во ноќниот клуб „Ле Констелејшн“ во Кранс-Монтана, Швајцарија со 40 загинати, за жал, беше…
Проценките на MITRE ATT&CK® се меѓу најригорозните независни безбедносни тестови во светот. Тие ги емулираат…
КАБТЕЛ – добитник на наградата „Македонски квалитет“ за врвен квалитет, иновативен пристап и континуиран развој…
Претставување на Sophos Intelix за Microsoft 365 Copilot Внесување на интелигенцијата за закани од Sophos…
Трендови за автоматизација и ИКТ решенија во 2026 Како технологијата ја обликува иднината на бизнисот…