News & Events

Рансомвер напади во производниот сектор во 2022

Што се однесува на рансомвер напади во производниот сектор во 2022, истиот има најмала веројатност да биде погоден од рансомвер.

Но, исто така пријави најниско ниво на употреба на бекап за рестраврирање на енкриптирани податоци од сите сектори.

Штотуку беше објавен извештајот за состојбата со уценувачкиот злонамерен софтвер во производниот сектор во 2022 година, кој дава свежи инсајдерски информации за стапката на напади со уценувачки софтвер, за цената и закрепнувањето од таквите напади и исплатата на откуп во организациите од производниот сектор во текот на изминатата година.

Извештајот е базиран на годишната студија на реални искуства со уценувачки софтвер  од страна на ИТ  експерти, од кои 419 се од производниот сектор и работат во средни компании (100-5.000 вработени) во 31 земја.

Студијата открива дека заканите по безбедноста од страна на откупниот софтвер стануваат се поголем предизвик, па секторот пријави натпросечен раст на бројот и сложеноста на нападите. Исто така, ја објаснува врската меѓу уценувачкиот софтвер и сајбер осигурувањето, вклучувајќи ја и улогата на сајбер осигурувањето во променте кои се случувата во сајбер одбраната.

Еве ги клучните поенти во извештајот:55% од организациите во производниот сектор биле нападнати од злонамерен софтвер во 2021 година, што е скок во споредба со 36% во 2020 година и раст од 52% во период од една година.
  • Истовремено, секторот пријави најниска стапка на напади со уценувачки софтвер од 55%, споредено со просекот во другите сектори од 66%.
  • Секторот производство пријави и најниски стапки на енкриптирање на податоци после напад со уценувачки софтвер – 57% во производниот сектор, во споредба со просекот од 65% во другите сектори.
  • 38% од учесниците во студијата рекле дека успеале да го спречат нападот пред да бидат енкриптирани податоците, што е над просекот во другите сектори од 31%.
  • Секторот исто така беше доста погоден од промените на полето на заканите и 61% од испитаниците пријавиле поголем волумен на напади во изминатата година (наспрема просекот од  57% во другите сектори), а 66% пријавиле зголемување на сложеноста на нападите (наспрема просекот од 59% во другите сектори).
  • Секторот производство пријави и најмала стапка на употреба на бекап – само 58% користат бекап за реставирање на податоците, во споредба со просекот во другите сектори од 73%.
  • 33% од организациите од производниот сектор платиле откуп за враќање на некриптираните податоци – тоа е една од најниските стапки на исплата на откуп во споредба со другите сектори и многу пониско од глобалниот просек од 46%.
  • Секторот пријави и највисока просечна стапка на исплата на откуп од сите сектори 2.036.189 долари (од 38 испитаници) наспрема просекот од 812.360 долари во другите сектори. Тоа е голем скок од 147.917 долари во 2020 година кај 15 испитаници.
  • Просечно само 59% од енкриптираните податоци биле вратени во 2021 година во производниот сектор, во споредба со просекот од 61% во другите сектори.
  • Просечната цена на нападите со уценувачки софвер во производниот сектор се намалиле од 1,52 милиони долари во 2020 година на 1,23 милиони долари во 2021 година.
  • Само 75% од организациите од производниот сектор пријавиле дека имаат сајбер осигурување од уценувачки софтвер, што е пониско од просекот во другите сектори од 83%.
  • Сајбер осигурувањето им помага на организациите од производниот сектор да ја подобрат својата сајбер одбрана, имено 97% ја имаат надградена својата сајбер одбрана за поголема покривност.
  • Организациите од производниот сектор пријавија стапка на исплата на осигурување иста како глобалниот просек. Сепак, пријавија и најниска стапка на исплата на откуп од сите индустрии – осигурителот исплатил 30% од сите инциденти во споредба со просекот во другите сектори од 40%.
  • Повисоката стапка на напади со уценувачки софтвер во производниот сектор покажува дека криминалците стануваат сe поспособни за  извршување на нападите со уценувачки софтвер. Повеќето производни организации се одлучуваат да ги намалат финансиските ризици поврзани со таквите напади со купување сајбер осигурување. За нив тоа е гаранција дека осигурителот ќе им исплати одредена сума во речиси сите напади.
  • Станува сe потешко за организациите – особено во производниот сектор – да најдат решенија со целосна покриеностт. Токму затоа речиси сите организации во овој сектор прават промени во нивната сајбер одбрана за да добијат подобра заштита. Интегрирани слоевити решенија од најдобрите светски производители на кибер безбедносни решенија се достапни во КАБТЕЛ.

Целосниот извештај можете да го прочитате на овој линк: The State of Ransomware in Manufacturing and Production 2022

leveski

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

6 дена ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

2 недели ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

3 недели ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 месец ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 месец ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

2 месеци ago