Квалитетна и добро структурирана мрежа е неопходна за распоредување на нови уреди, како и нови услуги и апликации кои имаат зголемени побарувања за ширина на опсег и брзина на пренос. Покрај тоа, со дигитализацијата на многу деловни процеси, денешните мрежи мораат да поддржуваат испорака на големи количини на податоци, без влошување на перформансите. Подвижноста на корисниците и поддршката за средини со висока густина, се исто така од витално значење за поддршка на нови сценарија, имплицирани од процесот на дигитална трансформација.
Нашето портфолио на решенија за мрежна инфраструктура им помага на клиентите за:
Структурното каблирање е дизајн и инсталација на кабелски систем, што ќе поддржува повеќекратни хардверски употреби и ќе биде погоден за моменталните потреби, но и за оние во иднина. Со правилно инсталиран систем, тековните и идните барања може да се исполнат, а и хардверот што ќе биде додаден во иднина ќе биде поддржан. Структурниот кабелски систем започнува во точката каде што давателот на услугата (SP) завршува. Методите што ги користиме за да ги изведеме и одржуваме инсталациите за каблирање се релативно стандардни. Стандардизацијата е неопходна поради потребата да се обезбедат прифатливи перформанси на системот од сè покомплексните побарувања. Индустриски стандарден термин за мрежна инсталација, што служи на релативно мала област (како структура на кабелски инсталации што служат на зграда на пример) е локална мрежа (LAN). Структурните инсталации за кабли обично вклучуваат: влезни објекти; вертикални и хоризонтални ‘рбетни патеки; вертикални и хоризонтални носечки кабли, хоризонтални патеки, хоризонтални кабли, приклучници за работните места, ормари за опрема и сл.
Главните компоненти на каблирањето се:
Оптичките влакна се медиумот за пренос на информации во форма на светлосни импулси долж стаклено или пластично влакно или влакна.
Оптички кабли се користат заради поголем број на предности во однос на бакарни кабли. Предностите вклучуваат:
EnGenius EnStation е семејство на надворешни точки за пристап / мостови дизајнирани да ја прошират безжичната мрежа на кратки и долги растојанија и значително да ги прошират опсезите на безжичен пренос, обезбедувајќи голема ширина на опсег и одлична безжична брзина во предизвикувачки, тешко достапни point-to-point и point-to-multipoint инсталации.
Сите модели на EnStation имаат излезна моќност од 26 dBm и високa чувствителност на примање, вградени насочени антени со висок прием што емитуваат тесен сигнален зрак за да обезбедат стабилна робусна поврзаност, оптимален опсег на ширина и пропусност на податоци со голема брзина на екстремно големи растојанија – до 5 милји во јасни распоредувања point-to-point. EnStation ја проширува безжичната мрежа низ големи кампусни средини, низ огромни површина во паркови, стадиони и други рекреативни објекти, индустриски објекти, големи затворени структури како арени, трговски центри, магацини, хотели, конгресни центри и во многу други отворени и затворени објекти со различни намени.
Додека компаниите и институциите започнуваат дигитална трансформација, тие созаваат дека нивната основна мрежна инфраструктура е темелот на дигиталната трансформација. Поранешните мрежни архитектури не се опремени за поддршка на денешните потреби на корисниците и новите технологии што компаниите мора да ги имплементираат за да бидат пред конкуренцијата и да ја поддржат дигиталната трансформација. Затоа, компаниите и институциите, мора да ја преиспитаат основата на мрежата, за да ги намалат трошоците, да ги подобрат перформансите и безбедноста, но и да поддржат нови уреди, технологии и опрема за деловна употреба.
Нудиме менаџабилни Layer 2 и Layer 3 свичеви за LAN кои ги користат најновите технолошки иновации, вградни и самостојни, за поддршка на моќност преку етернет (PoE), брзина на интерфејс од 100 Mb / s до 40 Gb / s, кои обезбедуваат висока густина на портот и капацитет на префрлување од 10G на 100G, погодни за мрежи во канцеларии, кампуси и центри за податоци.
Мобилноста е еден од поважните зборови потенцирани во контекст на тековната брза дигитална трансформација. Денес, голем дел од корисниците претпочитаат да бидат безжично поврзани со нивниот канцелариски компјутер, со нивната компанија или приватниот мобилен уред, додека ги завршуваат своите вообичаени дневни обврски, користејќи разновидни комуникациски услуги и корпоративни апликации, или едноставно додека одмораат да уживаат висококвалитетни медиумски содржини. Перформансите, стабилноста и сигурноста на конекцијата, дури и во средини со висока густина, се клучни при инвестирање во корпоративно безжично решение. Исто така, решението треба да може да се конфигурира, управува, следи и решава проблеми од централна локација, го олеснува одржувањето и обемот, без оглед на големината на организацијата.
Нашите решенија за Wi-Fi ги овозможуваат сите овие побарувања, благодарение на широкото портфолио на управувани точки за пристап за отворен и затворен простор, прекинувачи, како и алатки за управување, без дополнителни надоместоци за лиценцирање, што е вистински доказ дека правите инвестиција и за во иднина.
Денес, ИТ-менаџерите поминуваат стотици часа во избор на најдобри рутери, сервери и уреди за складирање за нивните инфраструктурни проекти, но на истите им треба сигурно и безбедно место за нивно поставување. Честопати, скапата опрема се купува на почетокот на проектот, а потоа, честопати да се заврши целосно со набавката, се избираат и кабинетите, се купува сè комплет. Тогаш ИТ-менаџерите плаќаат висока цена за нивниот првичен избор, бидејќи овие куќишта не секогаш се соодветни за нивната опрема. Кабтел нуди широк спектар на модели на кабинети, овозможувајќи ви да пронајдете соодветно куќиште за вашата ИТ опрема. Различни ширини, длабочини и висини се нудат за вашиот избор. Покрај тоа, додатоците од орманот, како што се вентилатори, хардверски полици, електрични ленти, ја завршуваат инсталацијата и ви помагаат да ја организирате и одржувате вашата опрема без напор.
На крајот на денот, добро избраниот кабинет не само што ќе изгледа добро, ќе додаде безбедност, ќе го олесни одржувањето на опремата, но и ќе го зголеми животниот век на вашите уреди, заштедувајќи ви пари.