Trellix Endpoint Security се здоби со највисок рејтинг ААА на SE Labs за големи и и мали бизниси
Trellix решението за крајната точка имаше 100% вкупна точност со нула лажни позитиви и компромитирани системи
SAN JOSE, Калифорнија -(BUSINESS WIRE)– Trellix, компанија за сајбер безбедност која ја обезбедува иднината на проширено откривање и одговор (XDR), објави дека Trellix Endpoint Security (ENS) ја добил највисоката оцена AAA во SE Labs Endpoint Security ( EPS) 2023 Q2 тестирањата и за категориите Enterprise и за категоријата Small Business. Trellix ENS покажа извонредна 100% заштита во сите категории, демонстрирајќи ја својата лидерска позиција во кибер безбедносната индустрија, овозможувајќи непрекината деловната активност на компаниите.
Trellix ENS го освои првото место, откривајќи ги сите закани и заштитувајќи ги и насочените напади.
Trellix ENS постигна врвни резултати без никакви лажни позитиви.
Trellix ENS испорача врвна заштита, без компромитирани системи и без лажни позитиви.
SE Labs е приватна, независна компанија за тестирање, која ги проценува безбедносните производи и услуги за подобрување на информатичката технологија. При ова тестирање, различни endpoint решенија од повеќе добро познати брендови беа оценети според ефективноста во реално време. Секој производ беше изложен на истите закани. Тестовите вклучуваа мешавина од насочени напади, користејќи добро воспоставени техники, public email и веб базирани закани.
„Со оглед на тоа што денешните тимови за безбедносни операции се бомбардирани со предупредувања, лажните позитиви се непотребно одвлекување на вниманието“, рече Џон Морган, генерален директор на XDR во Trellix. „Како што покажаа овие независни резултати од тестот, организациите можат да му веруваат на Trellix ENS за брзо откривање, реагирање и отстранување на заканите со највисоко ниво на точност“.
„Постигнувањето на 100% превенцијабез лажните позитиви е предизвик“, изјави Stefan Dumitrascu, CTO на SE Labs. „Trellix Endpoint Security се најде на врвот во висока конкуренција на производи за безбедност на крајната точка, потврдувајќи го својот напредок и успехот во справувањето со најсовремените закани во сајбер-безбедноста“.
За да го постигне својот рејтинг AAA, Trellix мораше да спречи различни сценарија за закана, како што се блокирање на малициозни URL-адреси, експлоити и насочени напади. Trellix ENS користи широк опсег на превенција од малициозен софтвер, благодарение на машинското учење и спречување на експлоатација против закани базирани на датотеки, без датотеки и мрежно базирани закани.
И што е уште поважно, Trellix ENS гарантира дека нема да се наруши деловната продуктивност при правилна класификација на легитимните апликации и веб-локации. Треликс, исто така, беше одличен во однос на јавната е-пошта и веб базираните напади, кои вообичаено ги користат сајбер-криминалците за да ги нападнат компјутерите со Microsoft Windows оперативен систем.
Ова безбедносно достигнување на крајната точка го следи првото место на Trellix Email Security на тестот за безбедност на е-пошта на SE Labs објавен минатиот месец.
Повеќе на SE Labs Endpoint Security (EPS): Enterprise 2023 Q2 и SE Labs Endpoint Security (EPS): Small Business 2023 Q2
Trellix е глобална компанија која ја редефинира иднината на сајбер безбедноста. Отворената платформа за проширена детекција и одговор (XDR) на компанијата им помага на организациите соочени со најнапредните закани на денешницата да стекнат доверба во заштитата и еластичноста на нивните операции. Trellix, заедно со широкиот партнерски екосистем, ја забрзува технолошката иновација преку машинско учење и автоматизација за да им даде сила на над 40.000 деловни и владини клиенти да останат безбедност.
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…
4 Т: Едноставен начин за управување со сајбер ризиците Сајбер-криминалците ги унапредуваат своите методи секој…
Покрај опипливите физички закани, Олимпијадата во Париз се соочи и со виртуелни. Веќе пишувавме за…
Дали сме прислушувани на паметни телефони? Во минатиот век важеше правило дека најмногу нè знаат…