KABTEL_SOPHOS_XG_FIREWALL
Cybersecurity Solutions

Напредна сајбер-безбедност за зголемување на ИТ ефикасноста и заштитата

Замислете да можете да го скратите времето кое секој ден го поминувате на администрирање на безбедноста за 90% и да го намалите за 85% бројот на безбедносни инциденти кои треба да се истражат. Звучи премногу добро за да биде вистина, нели?Не баш. Затоа што тоа се реалните бенефити кои ги имаат организациите кои го користат системот за сајбер-безбедност на Sophos, се вели во извештајот Sophos Business Impact.Со заштитата Sophos Intercept X за крајните корисници, Sophos XG Firewall на влезните точки и менаџирањето на сè друго со Sophos Central, корисниците на Sophos забележуваат значителни подобрувања на заштитата и на ИТ-ефикасноста.
Ефекти кај корисниците
Контактиравме петмина корисници во Северна Америка, Европа и Азија за да ги анализираме ефектите кои ги има системот за сајбер-безбедност на Sophos, имплементиран кај нив. Ситуацијата на секој од корисниците е различна, има различни организациски структури, предизвици и потреби за бизнисот. Сепак, едно нешто е заедничко за сите нив: Корисниците велат дека доколку сакаат да го одржат истото ниво на безбедност, ќе треба да го дуплираат бројот на луѓе задолжени за безбедност, доколку не го користат системот за сајбер безбедност на Sophos од најновата генерација.Исто така, тие велат дека откако го користат системот имале многу помалку инциденти во однос на безбедноста, а ако се случи нешто, можат побрзо да го идентификуваат проблемот и да реагираат.
Корисник A: Здравствена установа, САД
Корисникот А е регионална здравствена установа чии услуги вклучуваат нега во и надвор од установата, медицинска пракса, домови за стари лица и разни специјалистички услуги. Тие имаат 4.500 вработени, од кои 80 се ИТ-персонал, а тројца се задолжени за сајбер безбедност.
Бенефитите кои тие ги имале од Sophos системот вклучуваат:
-50% помалку ресурси потребни за ИТ безбедност – корисникот моментално има само тројца вработени задолжени за сајбер безбедност. Тие пресметале дека би им биле потребни уште тројца аналитичари за безбедност, за реакција на инциденти, доколку не го користат Sophos.-повеќе од 90% помалку секојдневно менаџирање со безбедноста – менаџерот за ИТ безбедност поминува 30 минути секој ден на проверка на логирањето и истражување на сè што е сомнително. Пред да го користат Ѕophos му бил потребен цел ден за да ги провери истите информации со иста прецизност.85% помалку инциденти со безбедноста – пред да го користат Sophos, тие имале просечно по три инциденти дневно, кои требало дополнително да се истражат. Со Sophos таа бројка е намалена на просечно еден инцидент, секои три дена.–повеќе од 90% помалку потребно време за истражување на инцидентите – пред Sophos потребни биле околу три часа за да се направи целосна истрага на еден инцидент, што вклучувалo добивање локален пристап до компјутерот кој има проблем. Сега се потребни максимум 15 минути за да се направи преку платформата Sophos Central.

Корисник Б: Едукативна установа, Индија

Корисникот Б нуди едукативни услуги на колеџи и универзитети ширум Индија и во поширокиот југоисточен дел од Азија. Тие имаат централен ИТ тим во нивното седиште во Бангалор и заедно со локални ИТ менаџери на лице место ја осигуруваатбезбедноста на десетици илјади студенти. Ефектите од системот за сајбер-безбедност на Sophos се следните:

50% помалку потребен персонал за секојдневно менаџирање со безбедноста – претходно тие имале четворица инженери за менаџирање на безбедноста. Откако се префрлиле на Sophos, тие имаат потреба од само двајца инженери кои се грижат за безбедноста на целата компанија..

94% помалку потребно време за индентификација на високоризични проблеми кои треба да се истражат – пред да почнат да го користат Sophos, им биле потребни 3-4 часа за да ги индентификуваат проблемите кои треба подетално да се истражат. Сега се потребни само 10-15 минути за да се идентификуваат приоритетните области за обезбедување низ цела организација преку Sophos Central.

98% помалку потребно време за идентификација на изворот на лош сообраќај на мрежата – со претходно мрежно решение за безбедност потребни биле два дена или подолго за да се идентификува кој уред има лоши перформанси или проблеми со безбедноста. Сега се потребни само 15 минути за да се најде проблемот и да се реагира..

95% помалку време за менаџирање на надградбите – пред Sophos секоја надградба траела од 3 до 4 часа. Сега една надградба трае само 10 минути. Со 20-25 надградби годишно, тоа значи заштеда на околу 75 часа годишно.

За да дознаете повеќе и да ги прочитате сите пет студии прочитајте го извештајот „Cybersecurity Evolved: The Sophos Business Impact“.

Ако сакате да ги испробате решенијата на Sophos, можете да почнете со инстант онлајн-демо тука.