Cyber security

Sophos MDR – Напредна управувана кибербезбедност за вашиот бизнис


Sophos MDR – Напредна управувана кибербезбедност за вашиот бизнис
Вашиот тим за кибер одбрана – 24/7, без дополнителни вработувања

Современите закани бараат современи решенија. Во време кога кибер нападите стануваат се почести, пософистицирани и потешки за откривање, Sophos MDR (Managed Detection and Response) ви овозможува целен, брз и ефикасен одговор на напади – 24 часа, 7 дена во неделата.

Со оваа услуга, добивате тим од експерти по кибербезбедност кои ги следат, анализираат и реагираат на закани во реално време, користејќи напредни технологии базирани на вештачка интелигенција, но и човечка експертиза.


Што претставува Sophos MDR?

Sophos MDR е целосно управувана услуга за детекција и одговор на безбедносни инциденти, дизајнирана да ги заштити вашите ИТ системи и податоци од најновите и најкомплексни закани – ransomware, malware, phishing и целни напади.

Оваа услуга нуди:

  • Континуиран мониторинг на вашата инфраструктура
  • Напредна анализа со вештачка интелигенција
  • Интервенција од искусен безбедносен тим
  • Интеграција со постоечки алатки и платформи
  • Детални извештаи и препораки за подобрување

Клучни карактеристики

Проактивна заштита – идентификување на закани пред да предизвикаат штета
Инцидент response – брзо справување со инциденти и минимизирање на влијанието
Ускладеност – усогласеност со глобални безбедносни и индустриски стандарди
Флексибилна имплементација – услугата се прилагодува според големината и потребите на вашата компанија
Скалибилност – достапни се повеќе нивоа на ангажман – од мониторинг и советување до целосно преземање на активностите


Придобивки за вашата организација

🔹 Намалени ризици од пробивање на чувствителни податоци
🔹 Нема потреба од формирање интерен тим за ИТ безбедност
🔹 Заштеда на време, ресурси и финансии
🔹 Постојано следење и реагирање, без разлика на работното време
🔹 Брза анализа и приоритетна интервенција во случај на инцидент


Дали вашиот бизнис е подготвен за денешните кибер закани?

Повеќето компании го откриваат пробивање на системот дури неколку дена или недели подоцна, кога штетата веќе е направена. Со Sophos MDR, имате тим кој реагира во првите секунди, овозможувајќи навремена реакција и заштита од критични загуби.


📥 Преземете ја деталната брошура на македонски јазик: Sophos MDR – Кабтел брошура

📧 За консултација или понуда, контактирајте нè на info@kabtel.com.mk

🔗 Посетете нè на www.kabtel.mk и дознајте како можеме да го направиме вашиот бизнис побезбеден, поефикасен и подготвен за иднината.

Julija Damjanovska

Recent Posts

КАБТЕЛ дел од проектот „Патека до самостојност“ на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“

КАБТЕЛ дел од проектот „Патека до самостојност“ на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ КАБТЕЛ, како компанија која…

1 недела ago

Што е GDPR?

Што е GDPR?  Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR) е законодавство на ЕУ донесенa…

1 недела ago

5 начини како заштитниот ѕид го спречува рансомверот?

Ransomware продолжува да ги осакатува организациите ширум светот, исцрпувајќи ги буџетите и запирајќи ги операциите.…

3 недели ago

Од трагедија до превенција: зошто безбедносните системи се критични?

Пожарот во ноќниот клуб „Ле Констелејшн“ во Кранс-Монтана, Швајцарија со 40 загинати, за жал, беше…

3 недели ago

Sophos со најдобри резултати во MITRE ATT&CK

Проценките на MITRE ATT&CK® се меѓу најригорозните независни безбедносни тестови во светот. Тие ги емулираат…

1 месец ago

КАБТЕЛ – добитник  на наградата „Македонски квалитет“

КАБТЕЛ – добитник  на наградата „Македонски квалитет“ за врвен квалитет, иновативен пристап и континуиран развој…

1 месец ago