Реалноста е дека технолошките решенија сами по себе не можат да спречат сајбер напад. Спречувањето на најнапредните напади мора да биде предводено од луѓе кои ги ловат заканите, ги истражуваат и реагираат на нив. Тука стапуваат на сцена MDR услугите, што е кратенка за менаџирана детекција и реакција.
MDR е целосно менаџирана, 24/7 услуга која ја обезбедуваат експерти кои се специјализирани за детекција и реакција на сајбер напади кои технолошките решенија не можат да ги спречат самите. Додека ловењето закани може да се прави и дома со EDR (детекција на крајни точки и реакција) и XDR (проширена детекција и реакција) алатки, има многу поголеми бенефити од користењето на MDR услугите или паралелно со другите решенија или како целосно аутсорсирана услуга.
Сите видови организации од сите сектори користат MDR услуги, од мали компании со лимитирани ресурси до големи претпријатија кои имаат сопствени SOC групи. Има три главни модели на MDR реакција:
-MDR тимот целосно менаџира со реакцијата на заканите од име на корисникот
-MDR тимот работи со постоечки тим и заедно менаџираат со реакцијата на заканите
-MDR тимот го предупредува постоечкиот тим и го води низ целиот процес
Една од главните предности на користењето MDR провајдер за безбедност е унапредување на заштитата од злонамерен софтвер и други напредни сајбер закани. Имено, компаниите кои се занимаваат со MDR, се соочуваат со многу поголема количина и разновидност на напади, отколку која било индивидуална организација заради многу зголеменото ниво на експертиза. Провајдерите на MDR услуги исто многу полесно управуваат со алатки за ловење закани, што им овозможува да реагираат побрзо и попрецизно.
Работењето како дел од еден голем тим на аналитичарите им овозможува и да го споделат своето знаење и искуство, со што уште повеќе се забрзува реакцијата и се развива „имунитет на заедницата“, односно знаењето од една организација ќе се примени во други со сличен профил.
Најголемиот бенефит кој ИТ тимовите велат дека го имаат од користењето Sophos MDR е тоа што им овозможува да поддржуваат бизнис-фокусирани иницијативи. Ловењето на заканите трае долго и честопати се случува нешто непредвидено кое ги спречува ИТ тимовите да се фокусираат на постратешки проекти. Организациите кои го користат Sophos MDR велат дека најголем дел од ИТ ефикасноста доаѓа од користењето на MDR услугите, бидејќи им овозможува подобро да ги поддржат целите на организацијата.
Со оглед на тоа дека напаѓачите со малициозен софтвер се наоѓаат во целиот свет, нападот може да дојде во кое било време. Ако се обезбеди заштита 24/7, MDR сервисите обезбедуваат поголема сигурност и чувство на спокојство. За ИТ тимовите тоа значи буквално да можат подобро да спијат ноќе. Тие можат да се опуштат зашто знаат дека се е во рацете на MDR провајдерот. Заштитата 24/7 од експерти и високото ниво на подготвеност за заштита од сајбер криминалците им дава сигурност на одговорните лица од повисоките позиции дека нивните податоци и организацијата се добро заштитени.
Ловењето на заканите е многу сложена операција. Сертифицираните кибер безбедносни специјалисти мора да поседуваат повеќе сетови на вештини, па затоа пронаоѓањето експертиза за откривање на заканите, па за компаниите кои не поседуваат такви експерти во своите тимови безбедноста е многу тешка тешка задача. MDR сервисите ви обезбедуваат експертиза. Ние во Sophos имаме стотици експерти аналитичари кои ви нудат континуирани MDR услуги за корисници од целиот свет, преку нашите локални партнери. Вo Мaкедонија, КАБТЕЛ е Платинум Партнер за решенијата на SOPHOS.
Одржувањето на тим кој открива закани 24/7 е скапо и подразбира дека мора да има барем 5-6 вработени за тоа. MDR сервисите обезбедуваат исплатлив начин за обезбедување на организацијата и зголемување на буџетот са сајбер безбедност. Освен тоа, со засилување на заштитата со MDR сервисите исто така се намалуваат ризиците од скапи злоупотреба на податоците и се избегнува опасноста од финансиската загуба од некој голем инцидент. Ако имате MDR провајдер кој исто така нуди и заштита на крајните точки и други поволности, можете да имате големи предности од консолидирањето со еден провајдер, како и обединување на напорите на провајдерот. Дополнително, со избирање на провајдер кој ви овозможува да го извлечете најдоброто од досегашните инвестиции можете да го зголемите повратот од тоа што сте го потрошиле.
Sophos MDR е најценетата MDR услуга во светот на која најмногу и веруваат луѓето, која над 11,000 организации ги штити од напредни закани, вклучувајќи и злонамерен софтвер. Со највисоки оценки на Gartner Peer Insightѕ и признание Top Vendor во 2022 G2 Grid за MDR услуги, со Sophos MDR и КАБТЕЛ, вашата сајбер одбрана е во најдобри раце.
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…
4 Т: Едноставен начин за управување со сајбер ризиците Сајбер-криминалците ги унапредуваат своите методи секој…
Покрај опипливите физички закани, Олимпијадата во Париз се соочи и со виртуелни. Веќе пишувавме за…
Дали сме прислушувани на паметни телефони? Во минатиот век важеше правило дека најмногу нè знаат…