Истражување на Sophos спроведено во 2022 година меѓу 444 ИТ професионалци кои работат во финансиски услуги откри дека 55% од организациите во 2021 година биле нападнати од уценувачки софтвер, што е 65% повеќе отколку претходната година. Додека 55% од организациите пријавиле зголемен волумен на напади годината претходно, 64% пријавиле посложени напади и 55% пријавиле поголеми ефекти на нападите. Тука можете да го прочитате целосниот извештај.
Сe понапредните тактики за напаѓање, техниките и процедурите, како и сe поголемиот професионализам во индустријата за сајбер криминал се битни двигатели на развојот на овој сектор.
Sophos ZTNA ги елиминира ранливите VPN клиенти и ви овозможува да понудите безбеден и лесен пристап за вработените кои работат на далечина, дефиниран со одредени правила. Така се отстранува недовербата во банкарските/финансиките апликации, средини и уреди и истовремено се осигурува сегментиран пристап до системите и ресурсите за сите оние на кои им е потребен.
Sophos Secure Access Portfolio им овозможува на финансиските институции да конектираат со оддалечени локации, да понудат критични апликации во облак и SaaS и да споделуваат податоци и информации. Вклучува и Sophos ZTNA за поддршка на безбеден пристап до апликациите, Sophos SD-RED за оддалечени Ethernet уреди, со што безбедно се продолжува мрежата до дислоцираните канцеларии и уреди на далечина, Sophos Wireless пристапни точки за лесно и безбедно безжично вмрежување, како и Sophos Switch за безбеден пристап до LAN. Се се менаџира преку една платформа во облак, Sophos Central.
За повеќе информации, сугестии, како и решенија за вашата компанија, контактирајте не или побарајте да ве контактира некој од нашите експерти за кибер безбедност.
КАБТЕЛ дел од проектот „Патека до самостојност“ на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ КАБТЕЛ, како компанија која…
Што е GDPR? Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR) е законодавство на ЕУ донесенa…
Ransomware продолжува да ги осакатува организациите ширум светот, исцрпувајќи ги буџетите и запирајќи ги операциите.…
Пожарот во ноќниот клуб „Ле Констелејшн“ во Кранс-Монтана, Швајцарија со 40 загинати, за жал, беше…
Проценките на MITRE ATT&CK® се меѓу најригорозните независни безбедносни тестови во светот. Тие ги емулираат…
КАБТЕЛ – добитник на наградата „Македонски квалитет“ за врвен квалитет, иновативен пристап и континуиран развој…