Cyber security News & Events news&blog Quick Tips Recommendations Solutions Success Stories ИТ Решенија Кибер безбедност

Водич за сајбер-безбедност за финансиски и банкарски организации

Сајбер безбедноста добива сe поголемо значење на полето финансии и банкарство и тоа од повеќе причини. Најпрвин, тоа е така затоа што сe поголем е бројот, но и комплексноста на сајбер заканите. Понатаму, поради дигитализацијата, апликациите во облак, новите финтек решенија и другите нови опции за корисниците се зголемува волуменот на напади во овој сектор. Како последица на тоа, финансиските институции складираат огромни количини чувствителни податоци, корпоративни податоци и финансиски информации, кои мора да бидат внимателно заштитени.

Истражување на Sophos спроведено во 2022 година меѓу 444 ИТ професионалци кои работат во финансиски услуги откри дека 55% од организациите во 2021 година биле нападнати од уценувачки софтвер, што е 65% повеќе отколку претходната година. Додека 55% од организациите пријавиле зголемен волумен на напади годината претходно, 64% пријавиле посложени напади и 55% пријавиле поголеми ефекти на нападите. Тука можете да го прочитате целосниот извештај.

banking-finance-kabtel-sophos-cybersecurity-kiber-bezbednost

Сe понапредните тактики за напаѓање, техниките и процедурите, како и сe поголемиот професионализам во индустријата за сајбер криминал се битни двигатели на развојот на овој сектор.

Еве неколку други фактори за тоа:
  • Провајдери од трети страни ги поддржуваат секојдневните операции на банките и на финансиските институции, а тоа значи пристап на далечина до критични ресурси, системи и податоци. Со тоа се зголемува ризикот од злоупотреба на привилегиите за пристап, а тоа води до кражба на доверливи податоци.
  • Лесниот пристап до критични бизнис податоци на смартфоните, таблетите и лаптопите на вработените е закана по безбедноста на чувствителните финансиски и кориснички податоци.
  • Новите технологии, како што е мобилното банкарство, технологијата за инстант плаќање, електронските потписи, дигиталните потписи и видеата се новите ранливи точки на системот.
  • Секторот се соочува со строги барања за безбедноста на податоците од регулативите и стандардите како ISO/IEC 27001, GLBA, GDPR, SOX и PCI DSS поради огромните количини приватни и чувствителни податоци кои се наоѓаат таму.
  • Локалните, државните и националните гранки на веб страниците споделуваат големи колични информации секој ден и исто така бараат пристап од далечина до централно лоцирани корпоративни ресурси и апликации.
  • Облакот е интегрален за успешни секојдневни операции на банките и финансиските институции, но затоа е и најчеста цел на сајбер криминалците кои сакаат да ги експлоатираат слабите точки на оваа послабо заштитена средина во споредба со традиционалните.
За да дознаете како Sophos ги обезбедува финансиските и банкарските организации симнете го водичот Cybersecurity Guide for Finance and Banking.
Sophos може да помогне да се отстранат најголемите предизвици со сајбер безбедноста на финансиските и банкарските организации:
  • Sophos MDR е целосно менаџирана 24/7 услуга која ја даваат експерти кои се специјализирани за детекција и одговор на софистицирани сајбер напади, кои самата технологија не може да ги спречи. Како најпознатиот и најнаградуван MDR провајдер во светот, Sophos има секојдневна експертиза кога станува збор за заканите по финансискиот сектор.
  • Со помош на телеметријата во различни производи и платформи може да се генерира имунитет на заедницата, применувајќи искуства од одбрана на една финансиска и банкарска институција кај сите други корисници во секторот, со што се зацврстува одбраната на сите.
“ИТ тимот заштеди најмалку 40 часа работа неделно кои инаку би ги поминале на операции за безбедност” AAVAS Financiers Limited
“Sophos MDRни помогна да држиме чекор со растечкиот волумен и софистицираноста на сајбер заканите без да мора да го зголемуваме тимот за безбедност” Tourism Finance Corporation of India Limited

Sophos ZTNA ги елиминира ранливите VPN клиенти и ви овозможува да понудите безбеден и лесен пристап за вработените кои работат на далечина, дефиниран со одредени правила. Така се отстранува недовербата во банкарските/финансиките апликации, средини и уреди и истовремено се осигурува сегментиран пристап до системите и ресурсите за сите оние на кои им е потребен.

ztna-diagram-sophos-kabtel-cybersecurity-kiber-bezbednost

Sophos Secure Access Portfolio им овозможува на финансиските институции да конектираат со оддалечени локации, да понудат критични апликации во облак и SaaS и да споделуваат податоци и информации. Вклучува и Sophos ZTNA за поддршка на безбеден пристап до апликациите, Sophos SD-RED за оддалечени Ethernet уреди, со што безбедно се продолжува мрежата до дислоцираните канцеларии и уреди на далечина, Sophos Wireless пристапни точки за лесно и безбедно безжично вмрежување, како и Sophos Switch за безбеден пристап до LAN. Се се менаџира преку една платформа во облак, Sophos Central.

За повеќе информации, сугестии, како и решенија за вашата компанија, контактирајте не или побарајте да ве контактира некој од нашите експерти за кибер безбедност.