news&blog

Вработуваме инженери за ИКТ решенија

Врабтоуваме инженери за ИКТ решенија (ICT Engineers)

 КАБТЕЛ Мисија: Дизајн, имплементација и одржување на целосни информациско-комуникациски системи, базирани на најновите ИКТ-технологии за поддршка, раст и успех на нашите клиенти и партнери од сите сектори и индустрии. Нашиот тим е нашето највредно богатство и главната причина за нашиот успех. Успесите на компанијата се потпираат не само на нашите технологии, методологии и инфраструктура, туку и на придонесот и посветеноста на вработените.

Вработените  ја прават разликата!

Поради проширување на тимот, КАБТЕЛ ДООЕЛ има потреба од :

 1.Инженер за ИКТ решенија;

2.Постар Инженер за ИКТ решенија,

  кои ќе му се придружат на нашиот тим во Одделот Професионален Сервис

Основни одговорности:
  • Имплементација на:

Мрежна инфраструктура – switching & routing;

Информациска безбедност – Firewall & End-Point;

Заштита на податоци – Backup & Recovery;

  • Дизајн, инсталација и имплементација на комплетни ИКТ решенија од продуктното портфолио на компанијата;
  • Анализа и решавање на проблемите поврзани со крајните корисници и системот, со алатки од далечина или директно од клиентските локации;
  • Администрирање на локалната ИКТ инфраструктура во рамки на компанијата;
  • Изработка на техничка документација за реализирани проекти;
  • Периодично сертифицирање за продуктите од продуктното портфолио на компанијата;
  • Посета на семинари, обуки, презентации и работилници, со цел континуирана надградба на индивидуалните знаења и перформанси;
Дали сте Вие идеалниот кандидат и поседувате …
  • Средно образование-техничка струка, предност со високо образование (инженер/ИКТ технологии);
  • Искуство во работа со компјутерски мрежи;
  • Способност за администрација на различни оперативни системи (Windows, Linux);
  • Способност за индивидуално и тимско работење;
  • Солидно познавање на говорен и пишан англиски јазик;
  • Возачка дозвола –Б категорија;
Ние нудиме..
  • Компетитивна месечна нето плата;
  • Пријатна работна компаниска култура;
  • Програми и обуки за развој на кариера и личен развој;
  • Програма за благосостојба (спортски настани/спортски активности);

Доколку сте заинтересирани, испратете Ваша биографија на следнава e-mail адреса:     vrabotuvanje@kabtel.com.mk,   краен рок за аплицирање 15.07.2022 година

Огласот за превземење е достапен тука.

leveski

Recent Posts

КАБТЕЛ дел од проектот „Патека до самостојност“ на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“

КАБТЕЛ дел од проектот „Патека до самостојност“ на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ КАБТЕЛ, како компанија која…

2 недели ago

Што е GDPR?

Што е GDPR?  Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR) е законодавство на ЕУ донесенa…

2 недели ago

5 начини како заштитниот ѕид го спречува рансомверот?

Ransomware продолжува да ги осакатува организациите ширум светот, исцрпувајќи ги буџетите и запирајќи ги операциите.…

3 недели ago

Од трагедија до превенција: зошто безбедносните системи се критични?

Пожарот во ноќниот клуб „Ле Констелејшн“ во Кранс-Монтана, Швајцарија со 40 загинати, за жал, беше…

4 недели ago

Sophos со најдобри резултати во MITRE ATT&CK

Проценките на MITRE ATT&CK® се меѓу најригорозните независни безбедносни тестови во светот. Тие ги емулираат…

1 месец ago

КАБТЕЛ – добитник  на наградата „Македонски квалитет“

КАБТЕЛ – добитник  на наградата „Македонски квалитет“ за врвен квалитет, иновативен пристап и континуиран развој…

2 месеци ago