Малопродажните организации постојано наидуваат на различни сајбер напади како што се фишинг, кражба на ингеренции, уценувачки софтвер и напади на синџирот за набавка. Многу од тие напади имаат за цел откривање на лични и финансиски информации. Освен тоа, нападите на POS терминалите стануваат се попопуларни. Ако напаѓачите добијат пристап до побитни системи како што се системите за наплата, тоа може да предизвика прекин во работата.
Благодарение на сѐ поголемата дигитализација и IoT интеграцијата, потенцијалните точки ранливи на напади се сѐ побројни. Како резултат на тоа, продолжуваат да се зголемуваат волуменот и сложеноста на сајбер предизвиците за малопродажните бизниси.
Всушност, 77% од малопродажните компании во 2021 година биле нападнати од злонамерен софтвер, што е скок од 75% во споредба со 2020 година. Над половина од нив пријавиле зголемен волумен, сложеност и поголеми штети од сајбер нападите врз нивните организации во текот на минатата година. Прочитајте го целосниот извештај тука.
Се поголемиот професионализам на криминалните групи и нивните понапредни тактики, техники и процедури се најголеми двигатели на сложеноста на заканите по малопродажниот сектор. Неколку други фактори исто така претставуваат дополнителни предизвици по секторот:
Симнете го нашиот Водич за сајбер безбедност во малопродажниот сектор и научете како Sophos може да ви помогне да се справите со најчестите предизвици во сајбер безбедноста во малопродажниот сектор.
Sophos MDR е целосно менаџирана 24-часовна услуга која ја обезбедуваат експерти кои се специјализирани за детекција и реакција на софистицирани сајбер напади кои технолошките решенија не можат самостојно да ги превенираат. Како најдобриот MDR провајдер во светот, кој има стотици клиенти од производниот сектор, имаме посебно широка и сеопфатна експертиза кога станува збор за заканите со кои се соочува малопродажниот сектор. Sophos MDR применува она што се научило од една малопродажна организација на сите други во секторот и на тој начин генерира еден заеднички имунитет и ја засилува одбраната на сите.
„Благодарение на Sophos MDR можеме да работиме на подобрување на други области од организацијата како што е менаџирање со ранливите точки, нивно поправање и подигање на свеста за безбедноста“ – изјавија од The Fresh Market.
Sophos ZTNA ги елиминира ранливите VPN клиенти, овозможува да понудите безбедено и лесно пазарење за онлајн корисниците. Ја брише имплицитната доверба во апликациите, корисниците и уредите така што овозможува сегментиран пристап само до потребните системи и ресурси.
Sophos Secure Access Portfolio им овозможува на малопродажните бизниси да се конектираат со одделни далечни локации или филијали, им обезбедува суштински апликации во облак и SaaS апликации и споделува податоци и информации помеѓу различни локации.
За да дознаете повеќе и да разговарате за тоа како Sophos може да ви помогне, побарајте го најсоодветното решение за вашиот бизнис од сертифицираните специјалисти за безбедност на КАБТЕЛ, платинум Партнер за МАкедонија .
Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…
Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…
Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…