Пробивањето на заштитата и сајбер криминалот стануваат се пософистициранни, па затоа стратегијата за заштита на податоците е клучен фактор за бизнисот да преживее. Неочекуваното потфрлање на хардверот може да ги направи вашите услуги недостапни за корисниците и да настане вистинска катастрофа, ако немате сигурно решение за заштита на податоците. Дури и обична човечка грешка може како ненамерно менување или бришење на податоци може целосно да ги смени дневните активности. Која и да е причината, вашата способност брзо да се справите со итни ситуации може да ви помогне да го скратите времето на прекин на работењето и минимизирање на финансиската штета , како и штетата врз вашата репутација. Токму затоа е многу битно да се направи план за реагирање на инциденти и закрепнување од катастрофа. Со NAKIVO Backup & Replication вие сте еден чекор поблиску до тоа. Подолу ви даваме краток опис на се што треба да знаете за реагирањето на инциденти и закрепнувањето од катастрофа.
Реагирањето на инциденти може да се дефинира како низа на мерки кои мора да се преземат за да се справите со разни видови на пробивање на безбедноста. Исто така се нарекуваат ИТ инциденти или инциденти со безбедноста, а може да се решат на начин кој ќе заштеди и време и пари. За да се ублажат ризиците и да бидете подготвени за што повеќе ситуации, мора да имате детален и сеопфатен план за реагирање на инциденти. Тоа се низа од процедури и активности кои треба да се преземат кога се случува пробивање на безбедноста. Специјалистот за реагирање на инциденти треба да осигура униформен пристап и да се осигура дека не е прескокнат ниту еден чекор. Друга битна задача е да се утврди од каде доаѓа проблемот со цел да се спречат слични инциденти во иднина. На крај, битно е редовно да се ажурира планот за реагирање на инциденти за да се осигурате дека е во тек со секојдневниот развој на сајбер заканите и со тековните потреби на вашата инфраструктура.
Еден од клучните принципи на реагирање на инциденти и закрепнување од катастрофи е развој на план со активности кои покриваат што е можно повеќе сценарија. Се разбира, најбитно е тоа да се направи пред да се случи катастрофа и таквиот план е итен. За почеток, треба да ги разгледате можните сценарија со инциденти. Некои од најчестите се следните:
Целта на DDoS нападот е да се прекинат услугите и сообраќајот на таргетираниот сервер, мрежа или веб страница. За да се изврши таков напад потребна е мрежа од компјутери инфицирани со злонамерен софтвер или ботнет. Напаќачот ги контролира ботовите на далечина и им ги дава потребните инструкции. Во текот на DDoS напад машините во ботнетот испраќаат симултани барања до целта. Има поплава од злонамерен сообраќај, кој потенцијално може да го забави или целосно да го стопира таргетираниот систем. Ако биде успешен, DDoS нападот ги прекинува услугите за корисниците и честопати резултира со голема финансиска штета, како и со губење или кражба на чувствителни податоци.
Злонамерен софтвер – ransomware е широк термин кој опфаќа вируси, црви, софтвер кој шпионира и други типови на малициозни програми. Во некои случаи може да биде безопасен, но некогаш останува сокриен и краде чувствителни информации. Уценувачкиот софтвер е подвид на злонамерен софтвер и клучната разлика е во тоа што корисникот на системот добива известување со барање да се плати откуп. На пример, жртвата може да ги најде дисковите или документите енкриптирани, додека напаѓачот, се разбира, ветува дека ќе ги врати машините на првобитната состојба откако ќе го добијат откупот.
Професионалците за сајбер безбедност инсистираат компаниите никогаш да не плаќаат откуп во такви случаи. Од друга страна, ние потенцираме дека соодветното решение за бекап е ефективно оружје против уценувачкиот софтвер. Главната причина поради која некој може да плати откуп е затоа што нема друга алтернатива.
Фишинг е форма на сајбер измама со цел да се добијат информации за лична идентификација. По правило, напаѓачите користат техники за социјален инженеринг. Жртвата може да прими имејл или текстуална порака или да наиде на објава на социјални медиуми која содржи линк до страница каде што посетителите треба да цнесат некои лични податоци. Клучната идеја е жртвата да поверува дека станува збор за вистинска институција како агенција, банка или некоја организација. Реагирањето на инциденти во случај на фишинг треба да вклучува и подготовка и фаза после инцидентот. Исто така, битно е да се едуцираат колегите за да знаат да ги препознаат знаците на обидот за фишинг и да не ја ставаат во опасност целата мрежа.
Заканите по безбедноста од овој тип доаѓаат од луѓе поврзани со вработените во една организација, како што се вработените, поранешните вработени, трети странки, подизвеедувачи, бизнис партнери итн. Најчесто, нивната главна мотивација е лична добивка. Сепак, понекогаш инсајдерите сакаат да и наптетат на организацијата и да ги прекинат нејзините услуги поради одмазда.
Често сценарио е кога се крадат податоци од надворешни странки, како што се конкуренти или бизнис партнери. Невнимателните вработени кои не знаат како да ракуваат со некои податоци или инсталираат неавторизирани апликациии исто така се голема закан. Поинаку кажано, мора внимателно да ги анализирате сите можни вектори на напад и да дизајнирате сепофатен план за реагирање на инциденти и закрепнување од катастрофи. Обучувањето на вработените и имплементирањето безбедносни процедури се два битни чекори кои можат да помогнат да се заштити корпоративната мрежа.
Едноставно кажано, планот за реагирање на инциденти трева да биде дел од планот за закрепнување од катастрофи. Тие две компоненти се дел од сеопфатна стратегија за заштита на податоците. Често се прави грешка и тие два планови се независни еден од друг. Вистинската пракса е да се развијат, да се имплементираат и да се тестираат како сет од мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на податоците. Истовремено, иако целите на плановите за реагирање на инциденти и закрепнување од катастрофи се поврзани, не се исти.
Клучната разлика меѓу двата планови лежи во настаните на кои се однесуваат. Планот за реагирање на инциденти се однесува на широк опсег на активности кои се преземаат во текот на еден инцидент. Со него се дефинираат улогите на тимот и нивните задачи за да се осигура еден непречен процес на реагирање на инцидент. Планот за закрепнување од катастрофи, пак, се фокусира на враќање на производниот процес после инцидентот и успешно закрепнување од можната нанесена штета.
Треба да се напомене дека ранливите точки во безбедноста, човечките грешки и дефектите на технологијата може да се избегнат и токму затоа потенцираме дека се битни обуките за вработените. Освен тоа, анализирајте ги потребите на вашата средина и направете план кој ги задоволува сите. Размислете да направите план кој ќе ги адресира сите можни проблеми на VM, мрежата, облакот, дата центрите итн. На пример, ефективното решение за заштита на податоци треба да ви заштеди многу време и пари. Освен тоа, постои ризик катастрофата да го погоди вашиот физички сервис, канцеларијата или целата зграда, па дури и цел регион. Иако некои од тие сценарија ви изгледаат неверојатни, подобро е да бидете подготвени за што е можно поширок опсег на неочекувани настани.
На тој начин целта и на двата планови е да се минимизира импактот на неочекуваниот настан, да се закрепне од него и да се врати нормалното ниво на производство што е можно побрзо. Исто така, и двата плана содржат елементи за учење: битно е да се идентификува изворот на проблемот и да се одлучи како да се превенира нешто слично во иднина. Главната разлика е во нивната примарна цел. Целта на планот за реагирање на инцидент е да се заштитат чувствителните податоци за време на пробивање на безбедноста, додека планот за закрепнување од катастрофи има за цел да го осигура континуитетот на бизнис процесите после прекинот. Добра пракса е да се прават два одделни документи. Тоа ќе го поедностави пишувањето на плановите и ќе ви дозволи побрзо да најдете соодветна реакција и во текот на тестирањето и во реалноста.
Нашиот производ вклучува повеќе алатки за автоматизирање и управување со закрепнувањето од катастрофи и заштитата на податоци преку повеќе страници. Некои од нив се следните:
Нашиот софтвер ви овозможува локално или офсајт да ги реплицирате вашите VM и да ги активирате кога има потреба. Таа функционалност овозможува речиси моментално закрепнување на производната средина и на тој начин се минимизира прекинот на клучните бизнис операции. За да се намали ризикот од човечка грешка можете да го автоматизирате реплицирањето, што исто така ви штеди на време. На крај, една од нашите опции ви овозможува да ја проверите валидноста на репликите и да се оосигурате дека можее да се користат кога ќе има потреба.
Поставете правила редовно да се скенира инфраструктурата и автоматски да се додаваат нови VM. Вашата полиса може да се базира на разни параметри, како што е името на VM, големината, локацијата, конфигурацијата итн, како и на комбинации од нив.
Со NAKIVO Backup & Replication можете да продолжите со работните процеси со активирање на Automated VM Failover. Целта е да се префрлите на реплика офсајт и таму да се пренасочат критичните работни процеси во случај на катастрофа. Кога ќе се осигура примарната работна средина, можете да се вратите на главната работна средина.
Оваа опција ви овозможува да закрепнете од катастрофа со само неколку кликови. Главната идеја на Site Recovery е да се креира алгоритам од автоматизирани активности за различни сценарија. Во зависност од ситуацијата, можете да избирате кој дел ќе закрепнува прв со цел да постигнете максимална ефикасност. Освен тоа, нашиот софтвер може да врши тестирање и да ви ги идентификува проблемите во планот за закрепнување.
NAKIVO Backup & Replication нуди разни начини за ефикасно меннаџирање со заштитата на податоци во инфраструктури со различна големина. Дизајниран е да се намали сложеноста и да се зголеми флексибилноста, па со тоа да заштедите и пари и време. Над 97% од нашите корисници се задоволни со производот и поддршката што ја добиваат. Ако сакате повеќе детали, побарајте демо или симнете бесплатен туторијал за да видите како работи NAKIVO Backup & Replication и дали одговара за вашата средина.
Плановите за реагирање на инциденти и закрепнување од катастрофи се честа пракса. И двата се дизајнирани да се минимизира импактот на еден непредвиден настан. Сепак, правилната пракса е да се направат два различни документи. Иако можеби ви се чини дека еден документ кој ги опфаќа сите можни сценарија е подобра идеја, консолидираниот план можеби нема да ја има потребната длабочина и да содржи контрадикторни елементи. Освен тоа, долгите и сложени документи се тешки за навигација, особено во итни случаи. Најпосле, полесно е да се работи со два пократки документи отколку со еден долг. Но, запомнете дека реагирањето на инциденти изакрепнувањето од катастрофи не се две посебни дисциплини. Ако успеете успешно да интегрирате план за реагирање на инциденти во вашиот план за закрепнување од катастрофи, ќе можете да реагирате на која било катастрофа побрзо и поефикасно.
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…
4 Т: Едноставен начин за управување со сајбер ризиците Сајбер-криминалците ги унапредуваат своите методи секој…
Покрај опипливите физички закани, Олимпијадата во Париз се соочи и со виртуелни. Веќе пишувавме за…
Дали сме прислушувани на паметни телефони? Во минатиот век важеше правило дека најмногу нè знаат…
Sophos прогласен за лидер во 2024 Gartner®️ Magic Quadrant™️ за платформи за заштита на крајната…