EnGenius Cloud by Kabtel
Solutions WiFi

EnGenius решението за мрежи во облак може да ви заштеди многу време и пари, но да ја намали емисијата на CO2!

Водењето бизнис од која било величина без брз и стабилен интернет со одлична жичена и безжична мрежа е незамисливо денес. Тоа е исто како да се обидувате да живеете без струја или без вода. Интернетот и брзата конекција се витални за сите бизниси и тоа е причината зошто безжичниот рутер за приватните корисници повеќе не е соодветен за друга дејност, освен за хонорарците што работат од дома.  Ако бизнисот има повеќе од една локација, ќе биде потребна цврста мрежа, која на вработените, на корисниците и на посетителите, им нуди лесен пристап до стабилeн интернет.

Методот на одржување на безжични мрежи базиран на облак овозможува интернет мрежа во повеќе канцеларии и низа локации, без да се јави потреба да се испраќаат техничари да ја поставуваат мрежата или да ја одржуваат. Замислете да можете да испратите безжична пристапна точка или рутер до некоја нова канцеларија и сè што треба да направат вработените е да го влучат уредот во струја и за неколку минути имаат целосно функционална и безбедна мрежа, која може да се менаџира и да се одржува од кој било крај на светот.

Благодарение на паметен софтвер и врвен инженеринг на мрежи, EnGenius сега нуди евтини решенија за безжично вмрежување базирани на облак, кои може да се постават и да се менаџираат речиси од целиот свет, од страна на секој кој има некакви познавања од ИТ.

Двата производи кои ќе ги анализираме, се мрежниот приклучок базиран на облак EnGenius ECS1112FP и Wi-Fi пристапната точка ECW230. И двете се дизајнирани така да софтверот, кој контролира кој има пристап до уредите и како функционираат, се поставува и се складира во сервер на облак. Тоа значи дека секој администратор со дозвола за пристап, може да пристапи до уредите и да ги реконфигурира од каде било во светот преку EnGenius менаџирање во облак. Со системот за менаџирање со мрежи во облак сите потенцијални корисници можат да се вклучат во компаниската мрежа и каде и да се движат низ фабриките, работилниците или продавниците, тие автоматски се логираат на мрежата. Поединечни локации можат дури да имаат посебни мрежи. Секако, може да се повлече правото на пристап за некои корисници во случај кога некој вработен ќе ја напушти компанијатта.

Убавината на менаџирањето со мрежи преку облак е во тоа што секој дел од корпоративната мрежа се следи, што значи дека недозволените уреди, кои може да бидат ризик по безбедноста, не може да се приклучат на мрежата без авторизација. Колку повеќе размислуваме за овој концепт, толку е пологичен и попривлечен.

EnGenius ECS1112FP мрежениот приклучок е интелигентен приклучок базиран на облак, кој личи на традиционалните професионални Ethernet хабови. Ова е уред кој стои во шкаф и го формира рбетот на канцелариската мрежа. ECS1112FP е PoE приклучок, што значи дека освен што обезбедува интернет, обезбедува и 12v струја преку Ethernet кабел. Тоа значи дека можете да приклучите кабел од приклучокот до безжична пристапна точка, видеокамера или кој било PoE уред и нема потреба да се грижите за податоци или енергија. Има вкупен „буџет“ од 152W моќ кои може да се споделуваат  преку PoE порти.

Употребата на PoE значи дека безжичните пристапни точки или другите уреди како IP камери, VoIP телефони итн., може да добијат свој безжичен извор на енергија, кој може да се прилагоди да одговара на енергетскиот буџет на компанијата, нешто што е најбитно за сите бизниси кои се обидуваат да го намалат својот карбонски отпечаток. Веројатно сте  виделе безжични пристапни точки на ѕидови или кровови на канцеларии или фабрики. Поставувањето на повисока позиција овозможува подобра покриеност, непречени сигнал без блокади.

За бизнисите на кои им треба уште поголема брзина отколку гигабитот кој го обезбедува Ethernet, ECS1112FP има две 10 Gbps SFP+ dual-speed порти за ултрабрзина за жичени мрежи чија брзина ја надминува конвенционалната брзина на и ограничувањата на каблите на Ethernet. Со брзина од гигабит бизнисите ќе ги намалат проблемите со кочењето на мрежата и ќе имаат поконзистентен, непречен проток на податоци, секогаш кога има потреба. Освен тоа, има уште две Ethernet порти.

Безбедноста е голем проблем во оваа доба на индустриска шпионажа, хакирање и кражби на интелектуална сопственост. ECS1112FP користи 802.1X автентификација на клиенти со динамичен VLAN и безбедност преку RADIUS сервер. Тоа значи дека администраторите на мрежата, лесно контролираат кој ја користи корпоративната мрежа преку Access Control Lists (ACLs). Тие листи се користат во одлучувањето кој добива пристап до мрежата и кога пристапува до мрежата. Пристапот може да биде ограничен на одредено време или област, а и сообраќајот на мрежата може да се скенира неавторизирани MAC или IP адреси. Гостинска VLAN (виртуелна локална мрежа) може да се постави ограничен пристап до интернет за посетителите, клиентите или  гостите, додека истовремено се чува безбедноста на мрежата. Другите податоци на контролната табла на софтверот покажуваат број на клиенти кои пристапуваат на мрежата во реално време, како најпопуларните пристапни точки и кои SSID се најкористени. Софтверот дури овозможува да се направи физичка мапа со топографијата на мрежата и каде е позициониран хардверот.

Една од најголемите предности на користењето мрежно менаџирање базирано  на облак е тоа дека хардверот може да се вклучи во корпоративната мрежа како дел од инвентарот. Тоа значи дека администраторите можат да преконфигурираат безжични пристапни точки, пред да ги испратат до подружни канцеларии или на други локации. Потоа, сè што треба да се направи е уредите да се приклучат и веднаш се препознаени од корпоративната мрежа  и можат да почнат да работат без потреба од техничар. Сите промени или реконфигурирање на хардвер базиран на облак, лесно може да се направи од каде било во светот. Уште побитно е тоа дека надградбите или промените на целата мрежа или уредите може да се направат одеднаш. Замислете само колку емисија на јаглерод диоксид заштедуваме.

ECS1112FP вклучува софтвер за менаџирање во облак, но и интерфејс базиран на пребарувач за корисниците кои не сакаат да работат во облак. EnGenius нуди повеќе видови приклучоци и има и поголеми модели за поголем број корисници и уреди. Сè се чува во облак и во случај да има пад или некој инцидент во главниот ИТ центар, тоа нема да влијае на корпоративната мрежа, затоа што и менаџирањето и конфигурирањето на мрежата се чува во сервер во облак.

Податоците од клиентските мрежи не поминуваат низ серверот во облак, како информација за сите кои се прашуваат за безбедноста, доколку некоја трета страна дојде до серверите од каде се менаџира мрежата. Како што споменавме претходно, менаџирањето во облак и преносот на податоци се заштитени со firewall еден од друг и не може да дојде до ситуација да се загрози безбедноста. Исто така, корисниците имаат целосна контрола врз менаџирањето со мрежата и безбедно може, кој било од администраторите, да брише податоци од каде било во светот.

EnGenius безжичната пристапна точка базирана на облак е дизајнирана да се користи заедно со приклучокот ECS1112FP. Пристапната точка ECW230 користи најнов Wi-Fi 802.11ax стандард, исто така познат како Wi-Fi 6. Овој нов стандард нуди поголема брзина и помоќен сигнал, што значи помалку мртви точки во канцеларија или фабрика. Wi-Fi 6 исто така подобро ги фокусира безжичните сигнали директно на уредите со поголема прецизност. Тоа е исто како да управувате со ласерски проектил, за да обезбедите интернет наспрема користењето базука.

Друг бенефит на 802.11ax е поголемата ефикасност во поглед на заштедата на енергија, односно имате поголема заштеда ако користите големи корпоративни мрежи, особено каде што има стотици безжични пристапни точки. Потрошувачката на Wi-Fi на енергија е една од главните причини зошто батериите на телефоните мора да ги полниме толку често. Безжичните мрежи ги „цедат“ батериите на телефоните, но Wi-Fi 6 овозможува уредите да трошат помалку енергија или да се заспијат наместо да се цело време вклучени. За максимално да се искористат новите опции за штедење енергија, корисниците мора да имаат уред кој поддржува 802.11ax стандард, но Wi-Fi 6 сега почнува да се шири глобално и ќе биде сеприсутен за година-две. Намалената потрошувачка на енергија на целата мрежа ќе помогне компаниите, кои мора да користат технологија, да го намалат својот карбонски отпечаток.

Безжичната пристапна точка EnGenius ECW230 oсвен што може да се напојува преку PoE приклучок, ЕCW230 има и обични батерии 12v 2A за независно да се напојува со енергија или да работи без Ethernet кабел на мрежа. Поставувањето на пристапна точка е речиси автоматско со софтверот за менаџирање во облак, кој е достапен преку речиси секој интернет пребарувач. За тие кои не сакаат да ја користат функцијата за менаџирање во облак, има софтверски интерфејс во пристапната точка, до кој може да се пристапи преку обичен декстоп или лаптоп компјутер.

Откако ќе се постави приклучокот и пристапната точка, лесно може да се додаваат корисници на мрежата со нивна заштитена лозинка и да се постави карантин на гостинска мрежа. На тој начин го штитите домот и ги обезбедувате податоците, но и другите уреди како музички плеери, телевизори и дури и печатачи од неавторизиран пристап. Може да имате до три SSID мрежи ма една пристапна точка.

Брзината на EnGenius ECW230 пристапната точка е одлична, дури и со уреди кои не поддржуваат 802.11ax. За секој бизнис кој има повеќе од една физичка локација, најлогично решение е мрежното менаџирање базирано во облак. Со EnGenius ECW230 и ECS1112FP можете да ја поставите и да ја оптимизирате мрежата за помалку од еден час. Системот дури нуди можност за создавање локални мрежи, за поставување Access Control листи, за следење на податочниот сообраќај и мониторинг на корисниците на мрежата, како и ограничување на пристапот ако е потребно. На пример, можете целосно да го блокирате пристапот до Amazon, Facebook и Twitter или да одлучите да им давате пристап на корисниците само за време на паузите за ручек. Таквата политика може да важи за целата корпоративна мрежа, со само едно притискање на копче.

Со користење, пак, на новиот побрз WiFi стандард 802.11ax, ќе имате придобивка од помалото трошење енергија, зголемен проток на податоци и посилен безжичен сигнал, кој достигнува до повеќе точки во канцеларијата или во фабриката. Комбинацијата од стандардот 802.11ax, леснотијата за поставување и менаџирањето во облак, го олеснуваат животот на администраторите на мрежи и нудат повеќе бенефити во споредба со конвенционалното менаџирање со мрежи. Технологијата е уште повеќе достапна за помалите компании благодарение на ниската цена на пакетот EnGenius kit. Со вмрежувањето базирано на облак, EnGenius создаде стабилен и безбеден систем за менаџирање со мрежи, кој релативно лесно можат да го постават луѓе кои не се специјалисти за ИТ и да менаџираат со него без потреба од напредни обуки за вмрежување.

Решенијата на EnGenius за вашите потреби побарајте ги во Кабтел, овластен застапник на EnGenius за Македонија.