LAN FTTO мрежи
Recommendations

ЛАН мрежа за иднината без големи трошоци

Како да бидете сигурни дека вашата мрежа нема да застари?

Во тек со идната побарувачка – без преголеми трошеци

До неодамна, дизајнерите на мрежи и инсталатерите создаваа „идеална“ инсталација за каблирање, уште во првите фази на проектите за каблирање. Идејата е секогаш да се изнајде најефикасно решение за одредена мрежа. Сепак, денешната инфраструктура бара нов пристап, со усвојувањето на новите технологии што водат кон континуирана потреба за поголем опсег, како што е IoT. На неподготвени мрежи, ова може да доведе до забавување во одредени периоди или одредени функции да станат недостапни. Нефлексибилен систем за каблирање, всушност може да доведе до огромни трошоци и дополнителен напор вон планираното.

Како може да се осигурате дека структурираното каблирање и мрежната архитектура ќе ги исполнат непредвидливите – идните побарувања, без прецизирање и премногу инвестирање?

Промена на улогата на мрежата

Поттикнати од зголемениот сообраќај и разновидните начини на работа, дизајнот на инфраструктурата треба да ги задоволи сложените барања на сè повеќе конвергирани средини. Неуспехот во дизајнот влијае на продуктивноста, конкурентската позиција и угледот. Зголемениот број на мобилни уреди, видеата со поголем опсег на ширина, Интернет на нештата IoT, облачните апликации и огромната побарувачка за безжични точки за пристап во канцелариски згради и јавни установи, сите имаат своја улога во ова. Неодамнешните случувања поврзани со Covid 19 забрзаа некои од овие трендови, како што е работата од дома.

Кои се трите главни фактори кои влијаат на мрежите сега и во блиска иднина?

  • Експлозивениот раст на побарувачката за ширина на опсег – бидејќи луѓето пренесуваат сè повеќе датотеки со глас, податоци и видео.
  • Еволуцијата во безжичната технологија е неизбежна, со 24 милијарди уреди поврзани на веб, од кои повеќе од половина се поврзани безжично и можат да пренесуваат HD содржина.
  • Тројното зголемување на количината на енергија пренесена преку IP мрежите значително ја зголемува насобраната топлина во каблите, што пак може да го наруши мрежниот IP сообраќај.

Уште повеќе, развојот на деловните барања и новите технологии значат дека начинот на кој се користат објектите, веројатно ќе се промени со текот на времето. Бројот на луѓе и уреди може да се зголеми или намали, но и може да се воведат нови апликации. Никој не може да ја предвиди иднината, но поставувајќи неколку прашања, можете барем да бидете што е можно поподготвени за иднината.

  • Кое ниво на изведба на корисниците и уредите на вашата организација им е потребно не само сега, туку и во иднина?
  • Специфични услови кои постојат во вашата зграда или згради и кои растојанија треба да се премостат?
  • Дали постојат специфични барања во врска со функционалноста или времето на работа?
  • Колку е потребна вашата мрежа да биде флексибилна за да ги прифати веројатните – или поверојатно, – идните барања?

Пристапи кон правење на вашата мрежа подготвена за во иднина

Оптика до канцелариите (FTTO), е технологија на централизирано LAN каблирање – комбинираното каблирање на пасивни влакна со активни прекинувачи, кое не побарува дистрибутери на под или дополнителни технички простории. Комбинирањето на влакна и бакар значи изобилство на вишок и снабдување со електрична енергија на секој краен корисник, но и дека мрежите можат брзо и лесно да се реконфигурираат целосно. FTTO инфраструктурите ќе надминат неколку генерации активна опрема. Исто така, има значителни придобивки во однос на потрошувачката на енергија, безбедноста, мрежната администрација, одржувањето, ширењето и придружните трошоци. TCO може да биде 40% помал, а OPEX 35%. FTTO ги комбинира предностите на високо-скалабилните влакна, со брзо менувачките барања за флексибилност, економичност и интероперабилност.

Дополнителен пристап кон решението FTTO

Концептот „Дигитален плафон“, кој во суштина е мрежа на паметни дигитални производи и инсталирани апликации, која овозможува создавање дистрибуирани податоци и точки на консолидација на напојувањето. Користењето на архитектурата за зонски каблирања, резултираше во густина на каблирање, дизајнирана да поддржува различни системи и уреди кои можат да бидат оптимално поставени според функцијата што ја служат.

Историски гледано, секогаш кога ќе се менувале потребите на сопствениците на зградите и станарите, зградите требало често да се реновираат, што значело значителни трошоци, намалена употреба на објектите и неопходноста за додавање елементи, како што се приклучоци на Етернет и места за напојување на нови места. Новите пристапи, за среќа, ви дозволуваат да го избегнете ова. Правејќи паметни избори на самиот почеток, можете да се осигурате дека вашата мрежа ќе може да се справи со барањата во наредните години. Се разбира, секоја мрежа има свои уникатни барања.

Нашите експерти со задоволство ќе разговараат за вашата специфична ситуација и сите барања што ги имате! Контактирајте нè. Кабтел има 20годишно искуство во дизајан и имплементација на мрежни решенија, според потребите на клиентите, со долгогодишна гаранција и квалитет поддржан од нашиот 20 годишен партнер NEXANS.