Мисија, визија, вредности…

Нашата култура

  • Нашето единствено ветување е да застанеме покрај нашите клиенти, без разлика на предизвикот.

  • Ние не сме рок ѕвезди, нинџи или гуруа. Ние сме само посветени професионалци.
  • За нас довербата е еднаква на долговечноста, па на тоа ги градиме нашите односи.

Нашата посветеност

  • Ние сме доверлив партнер со проактивен пристап кон вашата технологијаа, за континуиран раст на вашиот бизнис.
  • Нашата компанија ги разбира вашите секојдневни потреби.
  • Нашиот тим е секогаш тука за ИКТ поддршка на вашата компанија.

Нашата мисија

Дизајн, имплементација и одржување на сеопфатни информациско-комуникациски системи, засновани на најновите ИКТ технологии за поддршка на растот и успехот на нашите клиенти и партнери од сите сектори и индустрии.

Нашата визија

Нашиот фокус е да го смениме начинот на размислување за новиот бран на ИКТ услуги и експертиза.

Следејќи ги потребите на нашите клиенти, креираме целосно интегрирани решенија за информации и комуникација. Безкомпромисна безбедност, сигурност, модуларност и приспособливост на нашите решенија е нашата цел.

Кодекс за однесување

Нашите вредности

Нашите вредности се водечки принципи врз кои е основана КАБТЕЛ и кон кои се стремиме да ја водиме нашата деловна активност секојдневно.

Вредностите го воспоставуваат нашиот поглед на светот додека ја обликуваме иднината. Тие одредуваат како се однесуваме едни со други. Нашите вредности се:

  •  

    Посветеност

    Работиме одговорно, заедно како тим, со недвосмислена комуникација.

  • Иновативност

    Размислуваме надвор од рамките, конструктивно и пред сите останати.

  • Општественост

    Создаваме позитивно место за работа и етичка поддршка.

  • Извонредност

    Секогаш испорачуваме исклучителен квалитет, изведба и постојано се подобруваме.