Во текот на 2021 година сајбер-измамниците вклучени во креирањето и дистрибуцијата на спам и фишинг се обидоа да ги намамат луѓето со теми како лукративни инвестиции, онлајн стриминг на глобално популарни филмови или ТВ –премиери и теми поврзани со рестрикции, мерки и бенефити од тековната пандемија. Ова се главните заклучоци на годишниот извештај на Kaspersky за спам и фишинг (Kaspersky Annual Spam and Phishing Report).
Токму затоа таквите напади се сметаа за многу опасни за некој неискусен корисник. Спамот е вид на малициозна активност која вклучува масивна или таргетирана дистрибуција на имејлови. Целта на измамниците со вакви шеми е да се промовираат одредени производи и услуги меѓу корисниците на интернет и да се намамат истите да се вклучат во дијалог, да кликнат на малициозен линк или да отворат некој малициозен прикачен документ. Фишингот честопати зазема форма на спам имејл во комбинација со малициозна копија на некоја постоечка веб страница. Тие копии собираат податоци за корисниците или ги поттикнуваат на трансфер на пари до измамниците. Како што покажуваат резултатите на Kaspersky Spam and Phishing 2021 извештајот, минатата година сајбер криминалците користеле многу популарни теми за да ги намамат корисниците.
Во тие измами на корисниците честопати им се нудела потенцијално одлична, „100% безбедна“ прилика да ги инвестираат своите пари, што се разбира не е точно. Во реалноста, тие понуди имале една цел – да ги натераат жртвите да ги префрлат своите пари на измамниците.
Овој вид измами кои исто така ги детектирале експертите на Kaspersky, биле слични, но во овој случај криминалците нуделе пристап до некој популарен филм кој штотуку имал премиера. Вообичаено, корисниците можеле да видат трејлер од филмот, а потоа од нив се барало да внесат податоци од платежна картичка за да продолжат да го гледаат филмот. Се разбира, ако некоја жртва платела, не добивала пристап до филмот, туку ги губела парите. Шемата била доста популарна во 2021 година. Според опсервациите на експертите на Kaspersky, имало таква шема за речиси секоја премиера на популарен филм или ТВ серија.
Често експлоатирана тема од измамниците со фишинг во 2021 година била пандемијата.
Тука имало две големи подтеми – компензација од владите и здравствените организации и пристап до сертификати за вакцина.
Во првиот случај жртвите биле иформирани дека им била доделена помош од владината програма за поддршка за пандемијата, но со цел да ја добијат помошта, требало да платат мал трошок за трансакцијата. Се разбира, тие понуди биле лажни и криминалците ги искористиле за да добијат пари и податоци за банкарски сметки.
Во вториот случај на жртвите им се нуделе сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат пристап до јавни простори и ќе им овозможат да патуваат, без да мора да се вакцинираат. Додека некои форуми од подземјето навистина нуделе такви услуги, криминалците давале лажни ветувања за пари. Бидејќи лажниот сертификат е нелегален, жртвата на таквата измама сигурно нема да ја пријави измамата во полиција. На тоа и сметале криминалците кои стоеле позади тие шеми.
Експертите на Kaspersky во текот на 2021 година често забележувале измамнички шеми поврзани со пандемијата, со цел да добијат пристап до мрежата на некоја корпорација. Во тие случаи содржините на спамот или фишинг имејлот ги информирале вработените во организацијата дека им следува некоја посебна помош за пандемијата. Со цел да ја добијат тие морале да го потврдат својот кориснички службен профил на посебно создадена веб страница. Ако некој од вработените прифател, криминалците добивале пристап до корпоративна инфраструктура и до ингеренциите.
Прочитајте повеќе за спам и фишинг во 2021 година во извештајот објавен на Securelist.com
Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…
Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…
Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…