Cyber security Бекап ИТ Решенија Кибер безбедност

Како до ефективна и безбедна хибридна работа, дома и во канцеларија?

Совети за безбедност и продуктивност за оние кои работат и од дома и во канцеларија.

После една година работа од далечина, некои организации конечно сфатија дека не мора секој да биде физички присутен во канцеларијата во текот на сите работни часови и затоа воведоа таканаречена хибридна работа, дозволувајќи им на вработените да поминуваат работни денови и во своите домашни канцеларии.

Хибридната работа има и добри и лоши страни. Многу работници сметаат дека е тежок преминот помеѓу работа од дома и во канцеларија, а некои се соочуваат со технички предизвици, доколку се надминат претходните предизвици кои вклучуваат безбедност на корпоративните и личните информации. Како може да се комбинирате работа од дома и од канцеларија без да ја ризикувате продуктивноста или било какви доверливи податоци.

Условите за работа се важни

Некои претпочитаат да работат од удобноста на својот кауч; други се чувствуваат попродуктивно во канцеларија. Кој тип на работа ви одговара повеќе? Размислете со кои задачи подобро се справувате во кое опкружување. На пример, канцеларијата може да олесни лични разговори и состаноци, додека домот може да биде подобар избор за задачи што бараат концентрација и фокус (или можеби е сосема спротивното). Утврдувањето кои задачи се посоодветни за дома, а кои за канцеларија, може да ви помогнат да ја испланирате вашата недела соодветно.

Исто така, размислете дали можеби денот ќе го започнете да работите дома и потоа да дојдете во канцеларијата подоцна во текот на денот. Бонус: Тоа може да ви овозможи да го прескокнете утринскиот шпиц. Ноќна птица сте? Распрашајте се да може да пристигнете и да останете во канцеларијата и подоцна во ноќта.

Одвлекувањето на вниманието се случува секаде. Канцеларијата може да ви смета брборењето на колегите на пример, а работното време дома може да вклучува сопруг, деца, домашни миленици. Секоја канцеларија е различна, но секако вклучува некаква форма на ресурси, а ние имаме неколку совети за оние кои работат од домашна канцеларија – за почетници, обидете се да користите посветена канцеларија или барем да издвоите затскриен агол.

Сепак, не може само да се отстранат сите одвлекување на вниманието, па за да се минимизира влијанието, постојат повеќе опции: апликација за поништување на бучава, чепчиња за уши или генератор на бел шум.

Грижете се за своето здравје

Дома, на многумина им е тешко да престанат да работат по завршувањето на официјалниот работен ден, но прекувремената работа може да резултира со несоница, главоболки и други несакани последици. Синдромот на емоционална исцрпеност, последица од прекумерна работа, може ве остави без доволно сила да си ги завршувате работните обврски. Затоа, без разлика дали работите од канцеларија или дома, обидете се да завршите во исто време секој ден.

Од друга страна, спротивставете се на искушението да работите од дома во пижами. Соодветното облекување за на работа може да го олесни фокусирањето на работните задачи. Општо земено, колку повеќе го одделувате вашиот дом и вашите работни активности, толку повеќе ќе можете да навлезете во улогите, дури и ако работите од дома.

Безбедни физички податоци

Додека работите од канцеларија, на локалната мрежа на вашата компанија, заштитата на податоците е главно работа на  колегит од ИТ секторот. Но, трансферот на работата на различни уреди (од/на лаптоп, датотеки, флеш-уреди) помеѓу канцеларијата и домот може да ги доведе корпоративните податоци во опасност од невнимание или дури и кражба.

Ако е можно, чувајте различни уреди за работа дома и во канцеларија. Надвор од практичноста да не мора да ги вклечкате вашите уреди, истовремено е ипобезбедно. Ако треба да го носите вашиот лаптоп во јавен превоз, побарајте соодветна торба со брава и скриени патенти.

Треба да се каже дека во торбицата за вашиот лаптоп никогаш не смеете да го  носите тефтерот во кој ги чувате своите лозинки, кој не треба ни да постои, а наместо тоа, користете управувач со лозинки и за да креирате силни лозинки и за да управувате со нив. (Безбедно е да чувате неколку лозинки во вашата глава, се разбира, и мнемониката може да помогне во тоа.)

Обрнете внимание на безбедноста на дигиталните податоци

Ако мора да ги носите вашите уреди со себе, разгледајте ги ризиците од нивно губење и подгответе се за тоа. Шифрирајте ги доверливите податоци за да ги заштитите. Може да ги користите стандардните алатки на вашиот оперативен систем, како што се BitLocker во Windows и FileVault во macOS или алатки од трети лица, ако вашата компанија ви го дозволува тоа. На тој начин, дури и ако некој го украде лаптопот, нема да има пристап до датотеките на него.

Како алтернатива на шифрирање на целиот диск, можете да избегнете складирање на какви било податоци на локално ниво, наместо да се потпирате на услугите во облак. На пример, Google Docs стана сериозен ривал на традиционалниот софтвер за продуктивност офлајн. Без оглед на документот, табелата или другите алатки што ги користите, поставете пристап до датотека безбедно.

Можеби најважното основно разгледување е автентикација со два фактори – 2FA. Изберете услуги што нудат 2FA – повторно, со дозвола од колегите од ИТ – за да ги направите сметките значително потешки за пробивање. И не чувајте класифицирани информации во облак, и облакот не е совршен, особено ако не е соодветно заштитен.

Работете безбедно и уживајте во душевниот мир

За на крај, но најважно: Не заборавајте да ги заштитите и уредот и вашата врска од кибер-закани. Користете сигурно безбедносно решение, како што е Kaspersky Endpoint Security Cloud, за да ги зачувате вашите податоци безбедни. Не само што спречува напади врз вашите уреди, туку создава и безбедна VPN конекција за заштита на вашите податоци. И секако, редовно правете бекап на податоците во компанијата.