EnGenius Technologies Inc., мултинационална компанија за вмрежување, позната по своите футуристички решенија за вмрежување за претпријатија, објави дека ја пуштиле во употреба новата пристапна точка ECW215 Wi-Fi 6 dual-band 2×2:2 која се поставува на ѕид и се менаџира од облак.
EnGenius ECW215 има елегантен минималистички дизајн кој лесно се сокрива и користи Wi-Fi 6 технологија за обезбедување на врвни безжични искуства на повеќе уреди, како лаптопи, таблети, паметни телефони и IoT сензори во собите. Пристапната точка има и вграден гигабитен приклучок со 2 порти за конектирање и обезбедува енергија за жичени уреди како VoIP телефони кога има ограничени извори на енергија и кабли. Интерфејсот во облак, за кој нема потреба од лиценца, им овозможува на ИТ професионалците централно да регистрираат и да конфигурираат повеќе пристапни точки, да обезбедат напредна автентификација на клиенти за поголема безбедност и да ja минимизираат потребата од испраќање тим на лице место со напредна дијагностика за решавање проблеми на далечина.
Клиентите ќе ја засакаат и иновативната опција ECW215 за smart casting која обезбедува непречено, брзо поставување и емитување на L2 гостински мрежи за стриминг стапчиња, конзоли за играње и други уреди за исклучително, персонализирано забавно искуство. Освен тоа, идните нови опции ќе ги прошират пристапните портали, splash страниците и безбедноста (сите се конфигурираат преку SSID интерфејс) на екстра LAN порти за да се унифицираат процесите преку безжичната и жичената мрежа и да се направи незабележителна транзиција.
EnGenius ECW215 е еден од неколкуте врвни Wi-Fi 6 пристапни точки за на ѕид на пазарот кои обезбедуваат исклучителна жичена и безжична конекција за супериорна забава во собите на гостите во хотел, на студентите во студентски домови, во домовите за стари лица, во комплекси од станови и во училници.
EnGenius е водечки светски производител на пионерски решенија за безжична и гласовна комуникација. Повеќе од 20 години, EnGenius испорачува врвни гласовни и дата решенија кои ја промовираат мобилноста, ја зголемуваат продиктивноста и се олицетворение на едноставноста. EnGenius се гордее што може да се пофали со најдобрите, најстабилните, богати со опции персонализирани мрежни решенија кои го засилуваат успехот на вашиот бизнис. Решенијата на EnGenius се достапни во КАБТЕЛ.
Операцијата Warlock на групацијата GOLD SALEM се приклучува на пренатрупаниот пејзаж со ransomware Новата група…
Sophos лидер според извештаите на G2 за есен 2025: број 1 во MDR и Firewall…
NAKIVO Backup & Replication за мали и средни бизниси NAKIVO Backup & Replication е решение…
Решенија за бекап за мали бизниси: На што да се фокусирате? Изборот на решение за…
Како до оптимална цена за бекап? Изборот на оптимална цена за решение за резервна копија…
Дали е потребно тестирање на перформанси при избор на бекап? Тестирањето на перформансите е од…