Certiadria е меѓународна компанија за образование и сертификација, основана и со седиште во Јадранскиот регион, која функционира во следниве десет земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Малта, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија. Certiadria е посветена на обезбедување едукативни и сертификациони услуги во јадранскиот регион, за глобално професионално влијание и гради силни врски помеѓу академскиот и индустрискиот свет. Она што ја разликува и ѝдава единствена вредност на Certiadria се партнерствата воспоставени со светските лидери во издаваштвото и сертификацијата.

Клиент:
Certiadria
Индустрија:
Едукација и Сертификација
Веб страна:
certiadria.com
Продукти и решенија: Системи за физичка безбедност, безжично решение

Предизвици

Целосно интегрирано решение за зголемена ефикасност и оптимизација на трошоците на база клуч на рака.

Систем за видео надзор – Овој систем е потребен за 24-часовно техничко обезбедување на објектот. Овозможува поголема безбедност и заштита на објектот.

Систем за предупредување од пожар – Навремено предупредување и рано откривање на пожар во објектот, заснован на сензори за чад, сензори за топлина и чад, конвенционални и адресирани системи за аларм за пожар за безбедна евакуација на учениците и вработените.

Aлармни единици – Алармните системи се дизајнирани да детектираат неовластен пристап до одреден објект или простории. Кога системот е активиран преку уредите за откривање, открива невообичаена ситуација и веднаш ги вклучува сирените или ја предупредува овластената агенција за безбедност.

Безжични системи за поврзување – Непрекината WiFi конекција низ објектот и пристап до Интернет и до ресурсите во внатрешната мрежа. WiFi создава можности за мобилност, иницијатива и иновации, особено демонстрирани од едукативните апликации.

Продукти и решенија

Систем за видео надзор – Инсталација, имплементација, поставување и пуштање во употреба на комплетен систем за видео надзор со IP камери за техничко обезбедување на објектот.

Систем за аларм за пожар – Според потребите на објектот и проектот, инсталирани се конвенционални единици со шест зони. Инсталирани се следниве елементи на системот за рано откривање на пожар: конвенционални оптички детектори за пожар, конвенционални термички детектори, конвенционален рачен аларм за пожар и конвенционална сирена за аларм за пожар. Целосна интеграција и имплементација на алармниот систем за пожар.

Систем за контрола на аларм – Инсталиран е алармен систем кој се состои од PIR детектори за откривање на движење, сирени за надворешна и внатрешна инсталација. Целокупната системска врска е во алармната единица, преку дополнителни модули за поврзување на PIR детекторите. Системот се контролира преку ЛЦД монитор, приказ на алфанумерички пораки и симболи, програмабилни копчиња за функции, 4 сигнални LED светла.

Безжичен систем – Комплетното решение се заснова на безжични системи контролирани од EnGenius каде што сите точки за пристап се поврзани во еден систем. Тој овозможа непрекинат роаминг на корисниците во рамките на објектот, како и следење и управување со целата безжична мрежа од една централна локација.

Придобивки

• Брзо откривање на проблеми
• Безбедност и заштита на објектот
• Навремено спречување на несакани настани
• Намалување на бројот на дефекти
• Безбедна евакуација на луѓе
• Поедноставено следење и контрола на мрежата
• Современи образовни процеси
• Усогласеност со законодавството и стандардите
• Гарантира
• Поддршка