Categories: news&blog

Интеграција на Sophos EDR и Sophos XDR

Sophos EDR и Sophos XDR се интегрираа во една единствена понуда

Имено, Sophos понуди новитетите во својата понуда со воведување на Sophos Data Lake и лансирањето на Sophos Extended Detection and Response (XDR), со можност за интеграција со решенијата за firewall и е-mail.

Новите опции им овозможуваат на корисниците да ја проверуваат историјата дури и офлајн, да користат детекција на сомнителни мрежи од firewall-от за да истражуваат сомнителни хостови, да проверуваат обиди за фишинг и многу повеќе од тоа. Тимовите за ловење закани и ИТ операции ќе го скратат времето за детекција, така што ќе можат да ја видат пошироката слика од тоа што се случува во средината. Кога ќе се детектира нешто сомнително, истражувањето ќе биде побрзо и полесно, со што ќе се скрати и времето за реагирање.

Sophos ja имплементираше и интеграцијата на EDR и XDR во една единствена понуда.

Intercept X Advanced со EDR ќе стане Intercept X Advanced со XDR, а Intercept X Advanced Server со EDR стана Intercept X Advanced Server со XDR. На постоечките корисници на Sophos MTR автоматски им се овозможуват бенефитите од таа новата интегрирана понуда.

Сите постоечки EDR корисници автоматски ќе добијат XDR функционалност и стандардното складирање податоци во Sophos Data Lake ќе биде зголемено од седум дена на 30 дена историја.Корисниците кои веќе имаат EDR за крајни корисници или серверски EDR ќе добијат подобрено искуство – нови опции за детекција и одговор, како и дополнително зачувување податоци. Сите EDR корисници кои имаат Sophos Firewall или Sophos Email сега ќе имаат бенефит од прекрстувањето на производите. А најдобрата вест за нашите корисници е тоа што сите новини доаѓаат без дополнителни трошоци.

Тајмингот на овие промени се совпаѓа со крајот на продажбата на Central Endpoint Protection (CEP) и воведувањето на Intercept X Essentials,што исто така ја поедноставува понудата на Sophos, додека истовремено ја зајакнуваme безбедноста која им ја нудиме на корисниците.  Кабтел, e Gold Partneр на Sophos за Македонија. Искористете ги тековните промоции  Endpoint и Server заштита – тригодишна претплата по цена од еднoгодишна  и Sophos Firewall & XGS – 100% попуст на хардверот за 3-годишни лиценци, заштитете се и заштедете.

 

Julija Damjanovska

Recent Posts

PAM и IDM – клучни за современата кибербезбедност

Што претставуваат PAM и IDM – и зошто се клучни за современата кибербезбедност Во дигиталната…

19 часа ago

1000 Bonusov Za Registracijo V Igralnici _ Primorsko-notranjska Play Now

betonred bonus brez depozita Agencije za skladnost določijo stroge nadzor pranja denarja pri ponudnikih iger…

2 дена ago

NIS2 директива: Клучна обврска во дигиталната ера

NIS2 директива: Клучна обврска за заштита, доверба и усогласеност во дигиталната ера Дигиталната безбедност е…

6 дена ago

CISO – неопходна интеграција на оперативното разузнавање за закани

CISO повикуваат на интеграција на оперативното разузнавање за закани Според Trellix, 98% од CISO се…

7 дена ago

Превенцијата на прво место – Комплет кибербезбедносни алатки

Изградете одбрана во која на прво место е превенцијата: Комплет алатки за кибербезбедност на Sophos…

2 недели ago

Не сите Endpoint решенија се исти

Не сите Endpoint решенија се исти Кога луѓето се прашуваат: „Не се ли сите решенија…

4 недели ago