EnGenius Wifi6
Solutions WiFi

EnGenius претстави две нови надворешни пристапни точки 11ax (Wi-Fi 6) со висок капацитет!

EnGenius ги најави своите надворешни пристапни точки со висок капацитет Wi-Fi 6 (802.11ax), достапни за целиот свет почнувајќи од октомври годинава. Новите пристапни точки, кои се отпорни на сите надворшени влијанија, ја користат најновата Wi-Fi 6 технологија, која е потребна за поддршка на сè поголемите барања за широкопојасност во надворешни средини со голема посетеност, како што се стадионите, аеродромите, паметните градови и парковите. Платформата Qualcomm® Networking Pro 400 ги напојува надворешните пристапни точки ECW260 и EWS850AP 11ax (Wi-Fi 6).

Поддржани од повеќе децениската експертиза на EnGenius за надворешни безжични мрежи, новите ECW260 и EWS850AP овозможуваат надворешна употреба со врвни функционалности на Wi-Fi 6. Поставени во кутија отпорна на прашина и вода, пристапните точки се целосно способни да издржат лоши временски услови како што е предолго изложување на сончева светлина, екстремен студ, мраз, снег, пороен дожд и голема влага. Имаат четири антени 5 dBi 360° модул RP-SMA, кои го оптимизираат безжичниот сигнал, примањето и ширината на сигналот до конектирани уреди преку филтрирање на просторот.

Клучните бенефити за ЕnGenius Cloud менаџираните надворешни пристапни точки ECW260 AP се лесното менаџирање во облак, но и безбедноста. Решението EnGenius Cloud може да менаџира со неограничен број на пристапни точки од било каде. Уредите може брзо да се скенираат, да се регистрираат, да се конфигурираат и да се врши мониторинг од далечина, како и да се решаваат проблеми. Преку контролната табла на EnGenius Cloud лесно се проверува стабилноста на мрежата, статусот на менаџираните уреди и вкупните перформанси на мрежата, но и се добиваат детални информации за апликациите и оперативните системи на клиентите.

Секоја пристапна точка ECW260 AP користи безбеден SSLтунел за да комуницира со EnGenius Cloud, користејќи непоследователни сериски броеви и верификација со MAC адреса за да се осигура дека само авторизирани уреди во облак се конектирани на точките. Исто така, ги користи најновите и најнапредни решенија за безжична безбедност WPA3 и WPA3 Enterprise за да се добие уште посилна енкрипција. EnGenius Cloud нуди MAC филтер, предупредувања за настани и push нотификации за да се одвратат и да се спречат напади на мрежата и оневозможат други закани по безбедноста.

EWS850AP e EnGenius EnSky менаџирана надворешна пристапна точка, која може да се менаџира како посебна пристапна точка или со ezMaster софтверот за менаџирање со мрежи. ЕzMaster controller софтверот е бесплатен и може да се користи на Virtual Machine со капацитет за менаџирање на 5.000 уреди и исто како Amazon Machine Image со капацитет за менаџирање до 10.000 уреди!

Главните бенефити на двете пристапни точки се следните:

  • Отпорност на временски услови:  Поддржани од повеќедецениската експертиза на EnGenius за надворежни безжични мрежи, редизајнираниот хардвер на новите ECW260 и EWS850AP има IP67 стандард, што значи дека е отпорен на прашина и вода и може да издржи сурови надворешни временски услови.
  • Супериорна конективност: Со до два стримови на ширина од 5 GHz и 2.4 GHz двете пристапни точки се опремени со технологија MU-MIMO и OFDMA за симултано менаџирање и пренос на податоци меѓу пристапните точки и клиентските уреди.
  • Моќно процесирање: динамично процесирање на податоци и менаџирање за поголем пренос на податоци за до 25% со 1024QAM и проширување на можностите за конектирање.
  • Напредно менаџирање со податоци: Полесен пренос низ надворешни средини со многу подобро менаџирање на податоците и поголема безжична покриеност, преку подолги OFDM сигнали и намалено попречување на каналите преку BSS, помала латенција и подобрени сигнали на пренос.
  • Безбедност: Опремени со WPA3, пристапните точки поддржуваат поголема енркипција на чувствителните податоци за стотици симултано конектирани уреди.
  • Моќна покривност: 2.5 GigE PoE компатибилна порта за полесно поставување каде што нема доволно приклучоци за струја. Исто така имаат и четири антени од 360° кои може да се отстранат, а служат за зајакнување на сигналот и им овозможуваат на корисниците да ги заменат за поголеми, подобри антени. Кога се врши поделба на просторот пристапните точки користат моќни предаватели за да го продолжат растојанието меѓу нив и другите пристапни точки.
  • Неспоредлива цена: пристапните точки како сите EnGenius Cloud и EnGenius EnSky и приклучоците не се лиценцираат и не побаруваат годишна претплата за користење, па затоа се најисплатливи за имплементација.

ECW260 и EWS850AP нудат оптимални перформанси преку помоќни и поефикасни безжични конекции. И двете пристапни точки се достапни за целиот свет почнувајќи од октомври 2020 година.

За повеќе информации посетете ги страниците:

ECW260: https://www.engeniusnetworks.eu/products/wireless/indoor-access-points/ecw260/
EWS850AP: https://www.engeniusnetworks.eu/products/wireless/outdoor-access-points/ews850ap/


За EnGenius 

EnGenius е интернационален производител на иновативни мрежни решенија и е листиран на Тајванската берза. Компанијата е основана во 2006 година и е подружница која е во целосна сопственост на Senao Networks Inc. Денес има повеќе подружници на речиси секој континент. EnGenius нуди хардверски и софтверски производи како пристапни точки и мрежни рутери, Етернет приклучоци, надворешни и внатрешни пристапни точки. Б2Б решенијата се користат во целиот свет во разни стоковни куќи, кафулиња, аеродроми, хотели, болници, сали за евенти, ресорти, музеи и секакви други локации.

Решенијата на брендот  EnGenius  се достапни во КАБТЕЛ,  www.kabtel.mk, 02 / 3103 230, дистрибутер  на EnGenius за Македонија.